Промовирани огласи »

Во Бугарија сум во моментов, на безбедно и не можам да поверувам. Ви благодарам многу.

Ова беа првите зборови на Дејан Петков, Виничанец, родум од Штип кој синоќа беше најсреќен од сите скенирачи на фискални сметки.

Токму кај него падна првата главна награда од наградната игра на „МојДДВ#МојаНаграда“ вредна 3 милиони денари.

Петков, како што кажа не знае каде ќе ги потроши 50 000 евра но сигурно е дека ќе ги вложи во позитивни работи. 

Вториот среќен добитник кој ја користи апликацијата „Мој ДДВ“ ќе биде познат на 19 декември годинава.

Промовирани огласи »

На вонредна седница која денеска се одржала електронски Народнат абанка ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени односно на нивото од 1,75 проценти. Од централната банка соопштуваат дека ова е второ намалување на каматната стапка оваа година, по намалувањето во јануари. Тогаш, како што велат од НБРМ политиката била олабавена во услови на високи девизни резерви и ниски инфлациски движења, а при присутни глобални ризици, вклучително и од ширењето на вирусната инфекција ковид-19 (коронавирус), ја олабавивме монетарната политика.

„Потребата од одржување вонредна седница произлезе од брзото ширење на вирусната инфекција ковид-19 во глобални рамки, со што се продлабочија ризиците и во домашната економија. На седницата повторно беа разгледани најновите економски показатели, при што се разговараше за ефектите од појавата на ковид-19 врз глобалната и врз македонската економија, стои во соопштението од Народната банка. 

Оттаму сметаат дека ризиците за глобалната и за домашната економија предизвикани од појавата на новата вирусна инфекција ковид-19 се изразени, но дека големината на вкупните негативни економски ефекти тешко може да се одреди поради неизвесноста околу времетраењето и силината на вирусната инфекција. 

Централната банка смета дека олабавувањето на монетарната политика треба да придонесе за намалување на цената на финансирање преку кредити од банките. 

„Со тоа ќе се овозможи одржување на кредитниот циклус и ублажување на ефектите од негативниот шок врз домашната економија, особено врз ликвидноста на корпоративниот сектор, иако ликвидносниот потенцијал со кој располагаат банките е висок, велат оттаму.

Соопштуваат и дека разгледуваат и дополнителни мерки за поддршка на економијата, во вакви околности кога таа е погодена од неекономски и неочекуван негативен шок. Овие мерки се однесуваат на евентуални промени коишто ќе ги стимулираат банките да ги поддржат најпогодените сектори во економијата, а преку целна промена на дел од монетарните инструменти и преку промени во регулаторните барања.

„Повторно напоменуваме дека засега тековите се стабилни, а Народната банка е доследна на успешното спроведување на своите цели: одржување стабилни цени, стабилен девизен курс и одржување на финансиската стабилност. Во овој контекст, нивото на девизните резерви е комфорно и сосема е адекватно за да може соодветно да се реагира, доколку евентуално дојде до поголемо остварување на ризиците и потреба за апсорпција на ефектите. Банкарскиот систем на нашата земја е отпорен на потенцијалните шокови, меѓу коишто се и можните ефекти врз економијата од ширењето на вирусот ковид-19 на глобално ниво. Домашниот банкарски систем е здрав, солвентен и ликвиден и е во подобра состојба од периодот на почетокот на глобалната финансиска криза во 2008 година, стои во соопштението.

Извор - Фактор

Промовирани огласи »

Компании од целиот свет воведоа задолжителна работа од дома. Без разлика дали сте новајлија или ветеран во бизнисот, еве што треба да направите за да останете продуктивни.

„Мајкрософт“, „Гугл“, „Твитер“, „Епл“, „Амазон“ се само некои од глобалните компании кои во последните денови воведоа задолжителна политика од работа од дома, како резултат на ширењето на „Ковид-19“.

Дејствувајте како да сте на работа

Во деновите и седмиците што претстојат, преселбата во „домашна канцеларија“ ќе стане вообичаена, бидејќи Светската здравствена организација објави дека коронавирусот официјално доби статус на пандемија.

Некои вработени за прв пат ќе работат од дома, што значи дека треба да останат на задача во ново опкружување што може да влијае на продуктивноста на работата.

Сепак, постојат начини да добиете добри деловни резултати, од уредување на вистинскиот работен простор до тоа како разговарате со вашиот тим.

Добра комуникација

Коронавирус или не, клучот за работа од дома е да комуницирате јасно со вашиот шеф и да знаете точно што се очекува од вас.

Комуникацијата треба да се одржува од ден на ден и најдобро е да разговарате со вашиот шеф по телефон пред почетокот и крајот на работното време.

Дејствувајте како да сте на работа

На пример, само затоа што можете да работите во пижамите, не значи дека всушност треба да го сторите тоа.

Треба да создадете работна средина и да се однесувате како да сте на вашето стандардно работно место.

Во минатогодишното истражување на „Флек џебс“ над 7.000 работници, 65 проценти рекле дека е попродуктивно работењето од дома, наведувајќи ги придобивките, како што се помалку прекини од колегите и намален стрес од работата.

Избегнувајте чувство на осаменост

Со коронавирус, не е јасно колку време луѓето ќе бидат дома, што претставува дополнителни проблеми.

Долгата изолација исто така може потенцијално да влијае на моралот и преку тоа на продуктивноста.

Најважно е да одржувате добро расположение и да продолжите да се дружите со луѓето, само во модифицирана форма - по телефон или преку интернет сè додека не помине опасноста.

Промовирани огласи »

Бензините и горивата од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 6 односно 7,5 денари, соопшти Регулторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините  се намалуваат за 7,5 денари и ќе изнесуваат 54,5 денари за ЕУРОСУПЕР БС-95, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 56,5 денари.

Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 6 денари на 48,5 денари за литар и  37,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 6,961 денари и ќе изнесува 21,934 денари за килограм.

Во овие шеснаесет години откога Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги утврдува највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати, денешната одлука носи рекорден пад на цените на нафтените деривати. Коронавирусот ги урна берзите и се одрази со силен ефект, кој е поголем дури и од оној во есента 2008 година кога имаше нафтена криза. Сакам да потенцирам дека малопродажните цени на горивата се на најниско ниво во нашата држава во споредба со сите останати земји во регионот. Ова е уште една потврда дека РКЕ има Методологија која е ориентирана кон интересот на крајните потрошувачи, водејќи сметка и за елементите кои влегуваат во структурата на малопродажната цена на нафтените деривати, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Тој кажа дека нарушениот баланс на понудата и побарувачката со нафта и нафтени производи во светот поради коронавирусот предизвика тренд на намалување на берзанските цени на суровата нафта и на готовите нафтени производи што се одразува врз формирањето на цените и кај нас.

извор: Makfax

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »