Промовирани огласи »

Бензините и горивата од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 6 односно 7,5 денари, соопшти Регулторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините  се намалуваат за 7,5 денари и ќе изнесуваат 54,5 денари за ЕУРОСУПЕР БС-95, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 56,5 денари.

Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 6 денари на 48,5 денари за литар и  37,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 6,961 денари и ќе изнесува 21,934 денари за килограм.

Во овие шеснаесет години откога Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги утврдува највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати, денешната одлука носи рекорден пад на цените на нафтените деривати. Коронавирусот ги урна берзите и се одрази со силен ефект, кој е поголем дури и од оној во есента 2008 година кога имаше нафтена криза. Сакам да потенцирам дека малопродажните цени на горивата се на најниско ниво во нашата држава во споредба со сите останати земји во регионот. Ова е уште една потврда дека РКЕ има Методологија која е ориентирана кон интересот на крајните потрошувачи, водејќи сметка и за елементите кои влегуваат во структурата на малопродажната цена на нафтените деривати, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Тој кажа дека нарушениот баланс на понудата и побарувачката со нафта и нафтени производи во светот поради коронавирусот предизвика тренд на намалување на берзанските цени на суровата нафта и на готовите нафтени производи што се одразува врз формирањето на цените и кај нас.

извор: Makfax

Промовирани огласи »

Имаме на располагање финансиски средства во Буџетот и кога ќе процениме дека на одредена категорија стопанственици треба да се помогне, ќе се излезе во пресрест, без разлика што сме пред избори, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција.

Владата, како што истакна премиерот, подготвува економски мерки.

Точно е дека имаме на располагање финансиски средства во Буџетот, затоа и рековме дека се ликвидни. Во моментот кога ќе се процени дека треба на одредена категорија на стопанственици да се помогне да се излезе во пресрет тоа ќе го направиме. И државата и мерките се подготвени и се што треба да биде преземено овој момент ќе биде преземено, без разлика што сме во предизборна ситуација, изјави Спасовски.

Промовирани огласи »

Технолошкиот гигант „Епл“, синоќа соопшти дека ги затвора своите продавници низ цел свет на две недели, со исклучок на Кина, кои беа затворени повеќе недели, за минимизација на ризиците од пренос на коронавирусот.

Ги затвораме сите наши продавници надвор од Кина. Ова значи дека тимовите треба да работат од далечина, ако тоа им го дозволат работните обврски, Тим Кук, раководител на „Епл“, напиша на Твитер.

Компанијата вчера ги отвори сите 42 продавници на територијата на Кина, кои беа затворени од почетокот на февруари поради ширењето на вирусот.

Компанијата вчера донирше 15 милиони долари за борба со коронавирусот, се вели ви соопштението на Кук.

Промовирани огласи »

Министерот Венко Филипче предмалку информираше дека Главниот координативен кризен штаб ќе работи во нов состав, на чело со премиерот и претставници на други надлежни институции.

Донесена е одлука за 48 часа да се затвори охридскиот аеродром.

Забранет е влезот на сите странски државјани и од земјите со среден ризик. Само МВР може да даде дозвола за влез на овие лица ако има посебен државен и економски интерес.

Во трговските центри ќе работат само супермаркетите и аптеките.

Се забранува работата на сите кафулиња, ресторани, казина... Сите овие фирми ќе можат да вршат онлајн-трговија, телефонски нарачки и достава.

Министерството за здравство од секој македонски државјанин што доаѓа од високоризичните и средноризичните земји ќе бара да потпише писмена изјава дека ќе биде 14 дена во самоизолација.

Да ја повторам препораката дека се со седење дома се помага да се зачува јавното здравје, рече Филипче.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »