Промовирани огласи »

Во 2020 година граѓаните на Македонија ќе имаат доста продолжени викенди предвидени со Законот за празници.

Еве ја целосната програмата на неработни денови за 2020 година, во согласност со Законот за празниците.

ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ НА РМ
1 јануари (среда), Нова година; 7 јануари (вторник), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар; 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар; 1 мај (петок), Ден на трудот; 24 мај (недела) Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден; 24 мај (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден; 2 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден; 8 септември (вторник), Ден на независноста; 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден; 23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба; 8 декември (вторник), Св. Климент Охридски;

ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД ПРАВОСЛАВНА ВЕРОИСПОВЕД
6 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божиќ; 19 јануари (недела), Богојавление (Водици); 17 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден; 5 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден; 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица);

ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД КАТОЛИЧКА ВЕРОИСПОВЕД
13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден; 1 ноември (недела), Празникот на сите светци; 25 декември (петок), првиот ден на Божиќ;

ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД МУСЛИМАНСКА ВЕРОИСПОВЕД
31 јули (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам;

ЗА ГРАЃАНИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО РМ
22 ноември (недела), Ден на албанската азбука;

ЗА ГРАЃАНИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА СРПСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО РМ
27 јануари (понеделник), Свети Сава;

ЗА ГРАЃАНИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО РМ
8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите;

ЗА ГРАЃАНИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА ВЛАШКАТА ЗАЕДНИЦА ВО РМ
23 мај (сабота), Национален ден на Власите;

ЗА ГРАЃАНИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО РМ
28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур;

ЗА ГРАЃАНИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА БОШЊАЧКАТА ЗАЕДНИЦА ВО РМ
28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците;

ЗА ГРАЃАНИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА ТУРСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО РМ
21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.

Промовирани огласи »

Во повеќето случаи кога вработениот има желба да си оди за подобро платена работа, тоа не е вистина.

Постојат многу причини за отказ: пари, работното време, локацијата, недостатокот на интерес…

За Алисон МекМахон, експерт за човечки ресурси и директор на компанијата TwoFold, најголемата причина зошто вработените се откажуваат е затоа што се уморни од работа за лоши шефови.

Според неа, луѓето се подготвени да преминат преку одредени негативни страни на работното место се додека уживаат во тоа за кого работат.

Во девет од десет случаи, кога еден вработен вели дека си заминува поради подобро платена работа, тоа едноставно не е вистина. Вистината е премногу сурова и на голем дел од вработените им е неудобно да ја кажат, вели МекМахон.

На луѓето им треба лидер, а лошиот шеф е многу веројатно да е и лош водач. МекМахон нуди неколку предлози за оние кои сакаат да ги подобрат своите лидерски вештини, иако се чини дека овие работи се повеќе вродени квалитети, отколку нешто што може да се стекне.

Таа вели дека добриот шеф треба навистина да се грижи за своите луѓе.

МекМахон истакнува дека проблем на голем број организации е тоа што вработените со добри технички способности и без никакви лидерски вештини се поставуваат на раководни позиции.

Нејзината препорака е компаниите да внимаваат на процесот на промовирање и да обезбедат правилна транзиција на секој вработен.

Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните чии нови лични карти се веќе испечатени да дојдат во подрачните единици на Министерството, онаму каде што аплицирале за издавање на овие документи, и да си ги подигнат.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во овој момент над 35 илјади лични карти што во изминатиот период беа изработени, не се подигнати од страна на граѓаните.

Имено, граѓаните кои се фотографирале за лична карта пред Нова година многу долго чекаа за да ги подигнат своите документи. Остри реакции имаше на социјалните мрежи, каде граѓаните прашуваа во кој век живееме.

Во реакцијата се додава дека веројатно сличен проблем има и со возачките дозволи, бидејќи и тие се од пластика.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека процесот на издавање на сите лични документи се одвива забавено, но дека тендерот е склучен.

Промовирани огласи »

Законот за доселување на експерти кој се однесува на квалификувани работници од земјите надвор од ЕУ стапи на сила.

Денеска подетално, ќе се обидеме да ви објасниме какви се олеснувања носи токму тој Закон за имиграција во една од најмоќните економии во Европа.

Според новиот закон, како експерти веќе не се сметаат само луѓе со висока стручна подготовка, туку и квалификувани лица чие стручно образование траело најмалку две години и е еквивалентно на германското образование, а нивните дипломи мора да бидат признаени во Германија.

Целта е признанието на дипломата да заврши во рок од три месеци по предавањето на сите потребни документи , а процесот на издавање виза за експерти би требало во иднина да трае најмногу четири до шест недели пренесува српски новости.

Законот, се однесува на било кој експерт од земјите надвор од ЕУ кој може да докаже дека има договор за работа во Германија и одговарачки стручни квалификации.

Не се опфатени помошни работи за кои не е потребна стручна квалификација, но работници кои имаат основна професионална квалификација и договор за работа или понуда за работа во Германија мора да се доквалификуваат.

Секој кој има договор за работа или конкретна понуда за работа, ќе добие дозвола за престој на четири години или онолку колку што трае договорот за работа.

После четиригодишниот престој, експерите може трајно да се населат во Германија, односно да се стекнат со правото на неограничен престој.

Секој кој сака да бара работа во Германија ќе добие виза на шест месеци, а предуслов е да имаат пари да ги покријат трошоците за живот во текот на тој период и да зборуваат германски на ниво Б2.

Новиот закон се однесува и на странците кои сакаат да студираат или стручно да се обучуваат во Германија, но тие мора да бидат помлади од 25 години.

Оние кои две години по дипломирањето работат во Германија имаат право на постојан престој.

Посебниот пропис се однесува на експерти постари од 45 години, кои ако сакаат да дојдат во Германија мора да имаат плата од најмалку 3 685 евра бруто или доказ дека уплатувале за соодветна пензија.

Оние кои во Германија доаѓаат со семејството мора да приложат доказ за тоа дека може да го издржуваат како и дека имаат доволно голем стан , што подразбира околу 950 евра по лице и 10-12 квадратни метри по лице.

Сопружници и деца постари од 16 години мора да поседуваат основно знаење на германски јазик, ниво А1, а дојденците немаат право на социјална помош.

Иако новиот закон стапи на сила на 1 март, стариот закон за земјите од Западен Балкан важи до крајот на годината.

Според тоа закон, за доаѓање во Германија не била потребна диплома, ниту положен испит за знаење на јазикот, а можеа да доаѓаат и неквалификувани работници.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »