Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните чии нови лични карти се веќе испечатени да дојдат во подрачните единици на Министерството, онаму каде што аплицирале за издавање на овие документи, и да си ги подигнат.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во овој момент над 35 илјади лични карти што во изминатиот период беа изработени, не се подигнати од страна на граѓаните.

Имено, граѓаните кои се фотографирале за лична карта пред Нова година многу долго чекаа за да ги подигнат своите документи. Остри реакции имаше на социјалните мрежи, каде граѓаните прашуваа во кој век живееме.

Во реакцијата се додава дека веројатно сличен проблем има и со возачките дозволи, бидејќи и тие се од пластика.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека процесот на издавање на сите лични документи се одвива забавено, но дека тендерот е склучен.

Промовирани огласи »

Законот за доселување на експерти кој се однесува на квалификувани работници од земјите надвор од ЕУ стапи на сила.

Денеска подетално, ќе се обидеме да ви објасниме какви се олеснувања носи токму тој Закон за имиграција во една од најмоќните економии во Европа.

Според новиот закон, како експерти веќе не се сметаат само луѓе со висока стручна подготовка, туку и квалификувани лица чие стручно образование траело најмалку две години и е еквивалентно на германското образование, а нивните дипломи мора да бидат признаени во Германија.

Целта е признанието на дипломата да заврши во рок од три месеци по предавањето на сите потребни документи , а процесот на издавање виза за експерти би требало во иднина да трае најмногу четири до шест недели пренесува српски новости.

Законот, се однесува на било кој експерт од земјите надвор од ЕУ кој може да докаже дека има договор за работа во Германија и одговарачки стручни квалификации.

Не се опфатени помошни работи за кои не е потребна стручна квалификација, но работници кои имаат основна професионална квалификација и договор за работа или понуда за работа во Германија мора да се доквалификуваат.

Секој кој има договор за работа или конкретна понуда за работа, ќе добие дозвола за престој на четири години или онолку колку што трае договорот за работа.

После четиригодишниот престој, експерите може трајно да се населат во Германија, односно да се стекнат со правото на неограничен престој.

Секој кој сака да бара работа во Германија ќе добие виза на шест месеци, а предуслов е да имаат пари да ги покријат трошоците за живот во текот на тој период и да зборуваат германски на ниво Б2.

Новиот закон се однесува и на странците кои сакаат да студираат или стручно да се обучуваат во Германија, но тие мора да бидат помлади од 25 години.

Оние кои две години по дипломирањето работат во Германија имаат право на постојан престој.

Посебниот пропис се однесува на експерти постари од 45 години, кои ако сакаат да дојдат во Германија мора да имаат плата од најмалку 3 685 евра бруто или доказ дека уплатувале за соодветна пензија.

Оние кои во Германија доаѓаат со семејството мора да приложат доказ за тоа дека може да го издржуваат како и дека имаат доволно голем стан , што подразбира околу 950 евра по лице и 10-12 квадратни метри по лице.

Сопружници и деца постари од 16 години мора да поседуваат основно знаење на германски јазик, ниво А1, а дојденците немаат право на социјална помош.

Иако новиот закон стапи на сила на 1 март, стариот закон за земјите од Западен Балкан важи до крајот на годината.

Според тоа закон, за доаѓање во Германија не била потребна диплома, ниту положен испит за знаење на јазикот, а можеа да доаѓаат и неквалификувани работници.

Промовирани огласи »

Во месец март ќе започне летно сметање на времето, што значи стрелките на часовникот ќе одат еден част напред.

Со поместување на часовникот се зголемува и денот ама се зголемуваат и некои ризици. Промената во летно сметање на времето е поризично за нас отколку зимското. 
Голем дел од луѓето ќе чувствуваат и други последици на навидум малата промена во биоритамот. Колку и да изгледа наивно сепак неколку истражувања ги нагласуват последиците од промената на сметањето на времето.

Оваа промена во сметање на времето прв пат како идеа се спомнува во 1784 од страна на Бенџамин Френклин со цел да се „заштеди на сончева светлина“. Всушност идеата била да се заштеди на свеќи во текот на ноќта и утрото за време на зимскиот период. Сепак оваа идеа преминала во пракса дури во 1966 година, а во нашата земја во почетокот на осумдесеттите години во минатиот век.

Повеќе срцеви напади

Во 2008 година публикувано е истражување на тим на Шведски научници кое укажува на тоа дека при пролетната промена на сметање на времето се јавува зголемување на бројот на срцеви удари за околу 5% во однос на годишниот просек. И во овој случај главен фактор за оваа појава е скратеното спиење во првата недела при пролетната промена на сметање на времето. Ненаспаноста пак, го зголемува лачењето на хормоните на стрес кои понатаму доведуваат до поголеми компликации особено кај луѓето кои веќе се ризична група за појава на срцеви удари.

Повеќе главоболка

Дневнот „биолошки часовник“ ги диктира лачењето на хормоните кои влијаат на нашето расположение, распоредот на јадење и спиење и други функции. Промената во ритамот на живот како последица на промена на времето кај овој „биолошки часовник“ не поминува незабележано. Кај некои луѓе во првите недели при промената на сметање на времето се јавуваат главоболки како најчест пример.

Повеќе губење време на интернет

Иако не е сеуште научно докажано, сепак не поминува незабележан фактот дека ненаспаноста при пролетната промена на сметање на времето резултира во намалена желба за работа и фокусираност на работата. Бесцелното „сурфање“ на интернет за време на работните часови во првиот понеделник при премин во летно сметање на времето е забележано во преку 200 градови во САД. Нормално оваа појава ја намалува продуктивноста на работното место.

Тагови: летното сметање на времето

Промовирани огласи »

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за три, а дизел горивата за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 64, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 66 денари. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 56, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 45 денари.

За 3,175 денари поевтинува и мазутот М-1 НС, и еден килограм ќе чини 30,390 денари.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат намалување и тоа кај бензинот во просек за околу 10,40%, кај дизелот за 9,63%, кај екстра лесното масло за 9,47%, а кај мазутот за околу 12,01%. Во исто време курсот на денарот во однос на доларот е намален за 0,35%.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »