Нема веќе едноставно исклучување од системот на парно греење.

Ова следува откако властите го укинаа паушалот кој претходно го плаќаа исклучените граѓани од парно, но и откако беше намален данокот на додадена вредност за сметките за топлинска енергија, од 18 отсто, на повластената стапка од 5 проценти.
Граѓаните за да се исклучат од парно, веќе од вчера, мора да докажуваат дека ќе се топлат на подобар енергенс, предвидува Законот за енергетска ефикасност кој стапи на сила.
„Граѓаните приклучен на системот на топлинска енергија ќе има можност да се исклучат од системот за греење само во случај кога новиот систем на кој планираат да се приклучат обезбедува подобри енергетски перформанси“, велат од Министерството за економија кое го подготви ова законско решение.
Исто така, овие граѓани ќе треба да обезбедат писмена согласност за исклучување од системот за централно греење од мнозинството од вкупниот број сопственици на зградата.
Оние граѓани, пак, кои ќе сакаат да се приклучат на парното, односно да се вратат во системот, доколку претходно биле исклучени, тоа ќе можат тоа да го сторат веднаш, со поднесување барање за враќање во системот.
Тагови: парно греење