Денес општеството е поразновидно од кога било, но презимињата со години остануваат исти и ни кажуваат многу за нашето потекло.
Ова ја натерало фирмата NetCredit да направи навистина интересна мапа, на која се прикажани најчестите презимиња во секоја држава ширум светот.
Најчестото презиме во светот е Ванг, кое потекнува од Кина и на мандарински значи „крал“. Околу 76 милиони луѓе ширум светот го носат ова презиме. На некој начин, прикажано e и потеклото на презимето. Oдносно, дали е наследено од таткото или добиено според локација, според професија и слично.
Од мапата можеме да видиме и кои се најчестите имиња во регионот. Па, најчестото презиме во Бугарија е Иванов, во Србија – Јовановиќ, во Грција – Пападопулос, во Албанија – Хоџа, а во Македонија, пак, најчестото презиме е Стојановски.
Според NetCredit, податоците на мапата се собрани во август 2019-та, од порталот Forebears.
Овде можете да ја погледнете мапата и во поголема резолуција.


Останатие мапи погледнете ги ОВДЕ.