Постојат неколку причини за тоа зошто Финците се најсреќниот народ во светот:
Финците поминуваат многу време во природа. Таму се чувствуваат опуштено и мирно, а некои од најпопуларните активности се шетање и возење велосипед.

Родителите во Финска секој месец добиваат по 100 евра за секое дете. Ова плаќање трае сѐ додека детето не наполни 17 години.
Финците имаат најдобри пици на светот. Приказната започнува со италијанскиот премиер Берлускони, кој изјавил дека не е љубител на финската кујна. По три години Финска освојува награда за најдобра пица, а победничката пица ја нарекуваат Берлускони.
Тие имаат необични спортови. Тешко дека ова може да се нарече спорт, но Финците имаат натпревар за фрлање мобилни телефони, свирење воздушна гитара, фаќање комарци и слично.
Според податоците на Интернационалната организација за кафе, Финците се втори во светот според консумација на кафе.
Уште од мали нозе, децата во Финска се стремат да учат странски јазици. Затоа, повеќето од населението зборува совршено англиски. Образованието е бесплатно, а финскиот образовен систем е еден од најдобрите во светот.
Последната причина е селото на Дедо Мраз. Во гратчето Рованиеми во Лапонија се наоѓа Селото на Дедо Мраз, што можете да го посетите во било кое време.