Промовирани огласи »

Банките во Србија наскоро ќе ја поместат старосната граница за корисниците на кредит, од сегашните 75 години на 80 години, колку што клиентот може да има во моментот на отплата на последната рата.

Во моментот повеќето банки кредитите не ги одобрува за клиенти кои во моментот на отплата на последната рата биле постари од 75 години, без оглед на висината на пензијата и уредноста на плаќањето на обврските кон банката, пишуваат белградските медиуми.

Во некои банки таа граница е ниска, до 70 години. Неколку најголеми банки преговараат со осигурителните кучи за поместување на старосната граница за отплата на кредито во очекување дека договорот ќе биде постигнат во наредните неколку месеци.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Ова се најуспешни луѓе на светот иако немаат завршено факултет

Дали формалното образование е доволно за успех и добро платена работа?

Дали формалното образование е доволно за успех и добро платена работа? Повеќето луѓе веруваат дека е така, но во пракса дипломата не е доволна. 

Ова се гледа од примерот на едни од најуспешните луѓе на светот кои немаат завршен факултет, а се богати. 

Добро е позната приказната дека милијардерот Бил Гејтс го напушил Харвард и не се вратил веќе, барем не како студент. 

Бившиот директор на американска компанија за компјутерска технологија, Лари Елисон напуштил дури два факултети. И покрај тоа, тој е еден од најбогатите луѓе на светот со богатство од  52,8 милијарди долари. Според Форбс, тој е петти најбогат човек на светот. 

Мојата цел не беше да станам богат, туку да создадам работна околина во која можам да уживам - изјавил Елисон во едно интервју за American History.

Стив Џобс, долгодишен предводник и еден од основачите на Apple има само диплома за завршено средно образование која ја добил во 1972 година. 

Од понатамошно образование се откажал затоа што неговите родители не можеле да му овозможат да оди на колеџ. 

Поминаа 6 години од неговата смрт, но за неговиот успех уште се зборува. 

Кога почина во 2011 година остави богатство од 11 милијарди долари. 

Ричард Бренсон, основачот на брендот Virgin, во својата мрежа има над 400 претпријатија, а според Форбс има 5 милијарди долари. 

Тој не завршил ниту средно училиште, се откажал на 16 години, но тоа не го спречило да стигне таму каде што е денес. Бренсон се залага за образование и смета дека образованието може многу да помогне во поттик на претприемачите. 

Промовирани огласи »

Видео: Реклама со Џорџ Клуни направи вистинска револуција

Реклама за депозит со Џорџ Клуни која направи револуција!

Норвешката “DNB Bankas” во 2013 година започна рекламна кампања со светската филмска ѕвезда Џорџ Клуни: “Некои луѓе се среќни во животот, за останатите паметно е да штедиме!”.

Видео: Реклама со Џорџ Клуни направи вистинска револуција

За да започнете да штедите е исто како да започнете да вежбате – многу од нас се обидуваат да најдат добар изговор на самиот почеток. Ние веруваме дека со закрепнување на економијата, намалување на стапката на невработеност и реално зголемување на платите доаѓа вистинското време да се започне заштеда – и уште поважно, да се штеди на редовна основа – изјави директорот на дирекцијата за продажба во “DNB Bankas”.

Во Норвешка телевизиската реклама со Џорџ Клуни набрзо стана YouTube-хит со 1 милион прегледи за само неколку недели. Денес, повеќе од 4,5 милиони ја имаат погледнато рекламата на YouTube. Во истата година кога е објавена рекламата депозитното портфолио на “DNB Bankas” пораснало за 14,3 проценти.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »