Данска, Шведска и Норвешка се земји кои се најдобри за растење на деца.

Рангирањето го направи Универзитетот во Пенсилванија.
Данска е прогласена за најдобра држава за одгледување на деца. Таа е „многу дарежлива кога станува збор за породилното отсуство на мајките и татковците” и има одличен здравствен и образовен систем.
Зад неа се најдоа Шведска и Норвешка, поради фактот што имаат добри социјални програми и ниска стапка на криминал.
Во топ пет се и Канада и Холандија, а понатаму на листата следат Финска, Швајцарија, Нов Зеланд, Австралија и Австрија.
Рангирањето се прави четврта година по ред.
Казахстан, Либан, Гватемала, Мјанмар, Оман, Јордан, Саудиска Арабија, Азербејџан, Тунис и Гана се земји каде е најлошо да се одгледува дете.
Грција е 21-ва, Хрватска е 24-та, Словенија е на 31-то место, Бугарија 42-ра, Србија е 62-ра, а Македонија ја нема на листата.