Промовирани огласи »

Најсреќните 15 граѓани кои од 15 до 31 декември лани скенирале фискални сметки, добија по 100.000 денари на јавно извлекување од пред неколку дена.

Во првото коло на наградната игра МојДДВ #МојаНаграда учествуваа 132.261 граѓанин, коишто скенирале вкупно 5.398.855 сметки. Ова беше прво од 12 месечни извлекувања на 15 награди од 100.000 денари, со електронски генератор по случаен избор.

Шест од наградените се од Скопје, по двајца од Штип и Велес, и по еден награден од Кавадарци, Кочани, Битола, Велес, Вевчани и Крива Паланка.

Листата на добитниците е објавена на следниот ЛИНК.

По почетокот на МојДДВ #МојаНаграда, во декември се зголемија бројот на скенирани сметки и наплатениот ДДВ во однос на претходниот месечен просек од јули до ноември. Така на пример во декември бројот на скенирани сметки е за 53 отсто повисок во однос претходниот месечен просек, додека наплатениот ДДВ од фискалните сметки е за 59 проценти повисок.

Најмногу сметки на дневно ниво биле скенирани на 31 декември или 559.417 сметки. Тоа е двојно повеќе од просечното дневно скенирање на сметки, сметано од 1 јули. Дента пред новогодишната ноќ бил направен промет од 311.715.569 денари или повеќе од 5 милиони евра, за кој бил наплатен ДДВ во износ над 530 илјади евра. Само за скенираните сметки на ден пред Новата година, граѓаните ќе добијат поврат на ДДВ од 15 проценти во износ од 80.000 евра.

Граѓаните кои учествуваат во наградната игра МојДДВ #Моја награда имаат можност да добијат една од 3.852 парични награди, со вкупен фонд од половина милион евра, а на секои три месеци добиваат поврат на ДДВ и придонесуваат во борбата против сивата економија.

Тагови: Мој ДДВ

Промовирани огласи »

Патувањето со авион веќе не е „толку голем“ луксуз. Нискобуџетните компании нудат повратни билети некогаш и за максимум 20 евра, па полека како да се менуваат навиките на граѓаните. Тие сè почесто, седнати на компјутер, бараат дестинации на кои можат да заминат дури и за викенд.

Но, простор за проблеми има секогаш. Изгубен багаж, доцнење на авионот и неможност (од различни причини) да се качите во него. Ова се најчестите поплаки на патниците.

Патниците треба да знаат дека авиокомпанијата при доцнење на летот е обврзана да им обезбеди пијалаци, храна, бесплатни телефонски разговори и пристап до интернет. Доколку авионот не полета и по пет часа, патниците имаат право да побараат целосно да им бидат вратени парите за билетот. Во случаи кога одложувањата на летовите на авиокомпаниите се преку ноќ, патниците имаат право од авиокомпанијата да добијат и хотелско сместување и трансфери до хотелот, вели Татјана Тасевска, експерт во областа на потрошувачко право и соработник во Организацијата на потрошувачи (ОПМ).

Во случај да се изгуби багажот, патникот е должен со авионската карта тоа да го пријави во службата на самиот аеродром.

Службата, пак, треба веднаш да отвори записник за непристигнат багаж, електронски да го лоцира и да почне постапка за трагање. Кога ќе се најде, багажот на патниците ќе им биде доставен на домашна, хотелска или друга адреса што е претходно посочена во записникот, нагласува Тасевска.

Доколку багажот и по седум дена не е пронајден, на патникот му следува максимален надоместок до 1.200 евра.

Ако патниците сметаат дека им е нарушено кое било право, треба најпрво да поднесат претставка до авиокомпанијата. Авиокомпанијата е обврзана на патникот кој поднел жалба да му одговори во рок од шест недели по поднесувањето. Доколку авиокомпанијата не одговори на жалбата за шест недели или патникот не е задоволен од одговорот, може да пријави до Агенцијата за цивилна воздушна пловидба (АЦВП) по електронски пат или по пошта. За пријавата, патникот пополнува формулар достапен на веб-страницата на Агенцијата за цивилна воздушна пловидба (АЦВП), објаснува Тасевска.

Таа како пример го посочува случајот од јуни 2019 година, кога 15 деца се обратиле до Организацијата на потрошувачи.

Тие требаа да заминат на работа во Америка за време на летниот период. Беа околу 100, но компанијата со која требаа да полетаат пратила помал авион, па сите не можеа да се качат. Дел останаа да летаат следниот ден. Им дадовме совет веднаш да реагираат до авиокомпанијата и да побараат надомест на штета. Постапката се заврши на тоа ниво и веднаш, во рок од неколку дена на нивните трансакциски сметки беа исплатени 600 евра, вели Тасевска.

Промовирани огласи »

Пасошот кој го поседуваат граѓаните на Јапонија нуди најмногу можности. Јапонскиот пасош e најмоќниот во светот. Со него без визи може да се патува во 191 земја. 

Сингапур e второто место со резултат 190, при што Јужна Кореја падна за една позиција и, заедно со Германија, на третото место од 189 отворени граници.

Првите пет се најдоа Финска и Италија на четвртото место (188), а Данска, Луксембург и Шпанија беа на петтото место (187).

Велика Британија и САД не се во првите 10 и се рангирани на осмото место со Норвешка, Грција и Белгија, ова е „значителен пад“ во однос на првото место што го делат заедно во 2015 година.

Индексот за пасоши на Хенли ги класифицира сите пасоши ширум светот врз основа на податоците од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) и одделот за истражување на компанијата.

Индексот ја рангира Јапонија на првото место поради големиот број страници за кои јапонскиот пасош предлага пристап без виза, или каде е можно да се добие виза по пристигнувањето. 

И во 2018 година јапонскиот беше најмоќен пасош. 

Година претходно, сингапурскиот пасош беше број еден во светот. 

Македонскиот пасош се најде на 47-мото место на листата „најмоќни пасоши“ рангирани од Henleypassportindex.

Ова е одреден пад за разлика од минатата година кога македонскиот пасош беше на 45. место на листата.

На последното место е пасошот на Авганистан, а пред нив се пасошите на Ирак, Сирија, Сомалија и Пакистан.

Промовирани огласи »

Што велат скопјани за овој проект на Град Скопје?

Низ центарот на Скопје од оваа година нема да се движат автомобили. Потегот од крстосницата кај Собранието до трговскиот центар „Палома бјанка“ да стане пешачка зона.

Тој дел ќе добие комплетно нов изглед, со уреден плочник и тротоари, а паркот ’Жена борец‘ ќе се прошири кон Собранието. Според Шилегов единствено на тој простор да се движат автобусите од јавниот превоз. 

Пред да се започне со реализација на идејата ќе бидат консултирани околните жители.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »