Финска ќе воведе работна недела од четири дена и работно време од шест часа на ден.

Новата финска премиерка Сана Марин повика да се воведе флексибилен работен распоред, кој ќе се состои од четири работни дена неделно и шест работни часа дневно.
„Верувам дека луѓето заслужуваат да поминуваат повеќе време со своите семејства, со најблиските, со своите хобија и со други аспекти на животот, како што е културата. Ова може да биде нашиот следен чекор во работниот живот“, вели таа.
Сега вообичаената работна недела во Финска се состои од осум часа дневно, пет дена во неделата.
Од 1996 година финските работници имаат право да ја почнат или да ја завршат работата три часа порано или подоцна.
Шведска во 2015 година пробно воведе шестчасовно работно време и се покажа дека вработените се посреќни, побогати и попродуктивни.