Во Тетово денеска ќе се одржи регионален состанок за Оперативниот план за активните мерки за вработување за 2020 година кој треба да произлезе преку широка консултација со бизнис заедницата и останатите партнери.

На состанокот, како што информираат од МТСП, ќе присуствуваат министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи, директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, претседателот на локалниот Економско-социјален совет на Тетово, Ахмед Ќазими, претседателот на собранието на СКСЗМ, Касим Зендели.
Целта на настанот е вклучување на партнерите од локално ниво во креирањето на Оперативниот план за вработување, организиран со поддршка на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.
Регионален состанок за Оперативниот план за активните мерки за вработување | opserver.mk