Англискиот„ London Economic“ изјавил дека запленетите биткоини (BTC) вредни пола милион фунти стерлинзи, ќе ги продава британската полиција на аукција.

Како што известуваат, средствата се одземени од криминалците кој ги понудиле своите услуги за хакирање во замена за биткоините и незаконско крадење и продавање на лични податоци. Аукциската продажба е прва ваква од овој вид во кој одземените криптовалути се продаваат во име на владата на Соединетото Кралство, се наведува во извештајот.
Покрај биткоинот, полицијата го продава имотот кој припаѓа на криминалците, вклучувајќи автомобили, дијамантски накит и луксузен часовник Ролекс.
Аукцијата со која управува ирската аукциска куќа Wilsons Auctions, започнува денеска и ќе заврши утре.
Како што е порано објавено, аукциската куќа Wilsons Auctions во март продала преку 400.000 долари запленети биткоини и други криптовалути во име на белгиската влада.
Соединетите Држави биле правата држава која започнала организирање на аукции за продажба кои се незаконско стекнати криптовалути, коои власта ги запленила во 2014-та година, а биткоините се конфискувани од пазарот на Силк Роуд.
Америкаснкиот инвеститор Тим Дрејпер победил на аукцијата на Силк Роуд во 2014-та година за 29.656 запленети биткоини, како што тогаш било објавено.