Неработливи во администрацијата, а ќе им се нуди да работат во приватен сектор. За нив дополнително од државниот буџет ќе се плаќаат и субевнции. Владата има план за справување со бројот на државната администрација, тврдеше вчера министерот за информатичко општетсво и администрација Дамјан Манчевски. Но нема дилема, дека концептот е малку „проблематичен“ затоа што за ослободување од вишокот ќе се плаќа и од буџетот и тоа по разни основи.

Владата ќе нуди три пакети - едниот е административците кои не биле исполнителни да одат во приватни компании за поголеми плати, а државата да им ги субвенционира на работодавачите придонесите на плата. Не се прецизира за колкав период е оваа бенефиција. Другиот концепт е државата да плаќа за преквалификација на овие работени, што повторно е трошок за државниот буџет.
Тие што нема да покажат резултати ќе добијат отказ? Не, тоа значи дека ќе треба да бидат поместени ако се на раководно место или да размислуваме за трансферот во приватниот сектор. Не може ништо да не се случува, а да чекаме нешто да се промени. Затоа во различни ситуации ќе има различни мерки, рече министерот за администрација Дамјан Манчевски.