„Арцерол Митал“, фирмата која во неделата го загади Вардар со испуштање на отпадни води со хемикалии во канализациониот одвод, ќе биде казнета со забрана за дејност на погонот кој ја предизвикал хаваријата, во времетраење од 90 дена, пренесе Мета.

За ова денес информираат од Државниот инспекторат за животна средина, со напомена дека се работи за максимално времетраење на забрана за работа, предвидено со закон.
„Во овој период, субјектот има време да ги изврши потребните поправки, по што инспекцијата ќе изврши увид во сработеното“, изјавил за Мета Дарко Блинков, раководител на Секторот за поддршка, аналитика и меѓународна соработка при Државниот инспекторат.
Според Блинков, до петок ќе биде утврдено од која категорија е делото за кое е изречена овааа мерка и тогаш ќе се знае како и колку ќе биде казнет „Арцелор Митал“, поточно новото првно лице „Либерти Хаус Груп“ како нов сопственик на оваа компанија.
Максималната казна која може да ја добие компанијата, според Законот за животна средина, се движи од 70 до 100 илјади евра.