Скопјани за снабдување со топлинска енергија лани на Балкан Енерџи Груп му платиле 1,43 милијарди денари, односно нешто повеќе од 24 милиони евра, што е помалку за 2 милиони евра платени за фактурите за парно во однос на претходната 2017 година. Забележано е намалување на наплатата и кај домаќинствата (985 милиони) и кај фирмите и училиштата (420 милиони).

Друштвото пријави загуба од 151 миион денари, најмногу поради корективниот фактор од Регулаторна комисија за енергетика кој што ги намалува испланираните цени, но наведува дека за 2019 очекува добивка доволна да го покрие акумулираниот дефицит.
БЕГ во 2018 потрошил повеќе пари за топлинска енергија што ја набавил од когенеративната централа ТЕ-ТО за сума од 431 милиони денари, а исто така прикажува и повеќе трошоци за природниот гас купен за сопствените потреби во износ од 494 милиони денари.
Во текот на 2018 година извршено е вкупно проширување и зголемување на должината на дистрибутивниот мрежа и приклучоци за 3.484 метри. Новоприклучени кон системот за централно греење се евидентирани 839 корисници. За исклучување од системот за централно греење се пријавиле 224. Потпишани договори за приклучување имало со 1.130 субјекти.
Процентот на наплата кај домаќинствата бил подобар од една година претходно и изнесува 93,71 отсто. Во текот на минатата година извршни решенија по тужби од БЕГ добиле 495 потрошувачи во висина од 6,5 милиони денари. 2586 тужби од тековната и претходните години биле наплатени од извршителите.
БЕГ е најголемиот систем за топлинска енергија е системот со кој управува со приклучени 51.357 потрошувачи во 2018, пред системот на АД ЕСМ, Подружница Енергетика со 3.725 потрошувачи и системот на Скопје Север АД Скопје со 471 потрошувач.
Во текот на 2018 тарифата за наплата од страна на РКЕ беше минимално намалена кај Балкан Енерџи Груп.
Тагови: парно греење