Промовирани огласи »

Vip стана A1

Од денес и официјално Vip стана А1. Како што може да се забележи, кога ќе се направи обид за пристап кон досегашната официјалната веб страница vip.mk се пренасочува кон A1.mk – новата веб страница на компанијата.

Во медиа центарот на веб страницата со денешна дата е издадено следново соопштение:

оне.Вип станува А1 Македонија, а брендот Vip станува А1

Скопје, 3 септември, 2019 – Од денеска, телекомуникациската компанија оне.Вип станува А1 Македонија ДООЕЛ, а брендот Vip станува А1.

Консолидирајќи ја својата позиција во рамките на A1 Телеком Австрија Групацијата, присутна во седум земји во регионот, Vip го претстави новиот бренд на компанијата – А1. На настанот по повод официјалното ребрендирање, Главниот извршен директор на А1 Телеком Австрија Групацијата, Томас Арнолднер, Главниот извршен директор на А1 Кластерот Хрватска и Македонија, Јиржи Дворјанчански и Извршниот директор на А1 Македонија Мислав Галер, го претставија новиот А1 бренд, осврнувајќи се на клучните поенти поврзани со процесот на ребрендирање, идните планови на компанијата како и на најновите понуди.

„Трансформацијата од Вип во А1 е стратешка одлука со која ја надградуваме нашата позиција на телекомуникацискиот пазар. Нашата визија како А1 е да бидеме партнер во дигитализацијата на македонското општество, да го поттикнеме дигиталниот начин на живеење и да бидеме водич за нашите корисници во оваа наша дигиталната ера на нови технологии. Брендот го градиме како силен, модерен, отворен и креативен бренд со кој креираме нови приказни и отвораме нови светови. На корисниците им овозможуваме заедно да ги креираме искуства според нивните потреби, што ќе придонесе и за поквалитетен начин на живеење во дигиталното време. Цврсто верувам дека сите заедно ќе придонесеме оваа наша визија да стане реалност. ”, изјави Мислав Галер извршен директор на А1 Македонија.

Компанијата го менува името, логото, и изгледот на своите продажни салони, воведува сосема нова корпоративната веб страница, воведува нови, модерни и софистицирани дигитални алатки.

Новиот А1 бренд на корисниците им овозможува врвна услуга, одлично корисничко искуство и комуникациска инфраструктура која може да одговори на предизвиците што ги носи иднината.

Зад промената на брендот и името на компанијата стои многу поголема и суштинска промена која ќе влијае на сите сегменти од работењето што води кон задоволување на комуникациските потреби на корисниците, а подразбира најмодерна оптичка инфраструктура, мобилна мрежа од новата генерација која овозможува кристално јасен звук и подготвеност за 5G технологија.

А1 понуди и промоции

По повод официјалната објава за промена на брендот, A1 подготви посебно изненадување за сите свои корисници со кое ќе можат да уживаат во премиум дигитално искуство.

Сите корисници кои ќе ја симнат новата и усовршена апликација Мојот А1 добиваат бесплатен еднократен интернет пакет со 10GB.

Сите нови и постојни корисници кои ќе склучат договор на А1 Neo M или A1 Neon тарифните модели, добиваат новa услуга А1 Net Sef – личен сеф за интернет, каде што корисниците можат да го сочуваат неискористениот месечен мобилен интернет и ќе може да го користат кога и да посакаат, а воедно и лесно да го раководат преку Мојот А1 апликацијата.

Деловните корисници можат да уживаат во придобивките на А1 Business понудата која овозможува поефикасно решавање на сите бизнис предизвици, во секое време, каде и да се. Со тарифите А1 Neo XL и A1 Neo L корисниците добиваат 1GB интернет во роаминг, секој месец.

A1 Combo , производот кој овозможува одлично дигитално искуство со одличен квалитет, најдобри ТВ филмски канали, неограничен интернет,од денеска е достапен за сите нови корисници со Smart Band подарок.

Информации за корисниците

Нема потреба за промена на опрема, претплатнички број, SIM-картичка или договори за траен налог.

Постоечките претплатнички договори и тарифни модели остануваат во важност и продолжуваат да се применуваат под истите услови како и досега.
Промената на името на мрежата од Vip во А1 ќе биде видлива во делот на уредот во зависност од моделот. Доколку уредот не може веднаш да ја препознае А1 потребно е корисникот да го исклучи уредот и повторно да го вклучи.
Нема промена во листата на ТВ канали.

Во согласност со промените на името на брендот се менуваат називите на некои од производите и услугите (Мој Вип станува Мојот А1/ Vip Combo ќе се преименува во А1 Combo), но притоа сите услови за нивно користење и цени остануваат во важност непроменети.

За пристап до новите функционалности на апликацијата Мојот А1, корисниците е потребно да ја преземат новата верзија преку App Store/Google Play Store или истата да ја ажурираат преку прифаќање на опцијата update.

Детали за воведените новитети и уште повеќе одговори може да се најдат на www.a1.mk.

А1 Телеком Австрија Групација

А1 Телеком Австрија Групацијата, котира на Виенската берза, е водечки снабдувач на дигитални услуги и комуникациски решенија во Централна и Источна Европа со повеќе од 24 милиони корисници кои работат во седум земји: Австрија, Бугарија, Хрватска и Словенија, Белорусија, Република Северна Македонија (А1), Република Србија (Vip mobile). На крајот на 2018 приходот на Групацијата изнесува околу 4,47 милијарди евра. Портфолиото на А1 Телеком Австрија Групацијата опфаќа широкопојасна инфраструктура на интернет мрежа, мултимедијалните услуги, податочни и ИТ решенија, големопродажба и решенија за наплата преку мобилен телефон. Услугите кои ги нуди компанијата овозможуваат дигитален начин на живот и работа и можност на компаниите и работите да се поврзат насекаде и во секое време. А1 Телеком Австрија групацијата, со седиште во Виена, е европска единица на América Móvil, една од најголемите обезбедувачи на безжични услуги во светот и обезбедува пристап до глобални решенија.

Промовирани огласи »

Огласи за отворени работни места објавени изминатава недела кои не треба да ги пропуштите

Огласи за отворени работни места објавени изминатава недела кои не треба да ги пропуштите

ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ вработуваат повеќе ЕЛЕКТРО-МОНТЕРИ во Скопје: https://kariera.mk/job/RXN7R22_OEmnZrX-hp2jvQ/elektro-monteri-vo-skopje

ДАУТИ КОМЕРЦ објавува конкурс за вработување на работното место ЦАРИНСКИ ПОСРЕДНИК (ШПЕДИТЕР): https://kariera.mk/job/U5CvKgYEkEuWw4931RtbwQ/carinski-posrednik-shpediter-nd%c3%abrmjet%c3%absues-doganor%c3%ab-shpediter

ЗЕГИН ФАРМ го прошируваат својот тим со ФАРМАЦЕВТ и ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР: https://kariera.mk/job/pP1J_FtI3Eq7P0UErjhCpg/farmacevt-i-farmacevtski-tehnichar-cela-makedonija

ДЕКРА, за потребите на својот клиент Фруктал Мак а.д. Скопје, ја огласува работната позиција ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР: https://kariera.mk/job/YxV16HcZSkG8r9nwDKmFVg/elektrotehnichar

Заради зголемување на обемот на работа и со цел засилување на тимот, СФ1 Клипс имаат потреба од ПРОДАВАЧ: https://kariera.mk/job/coubsjs4SE69XZxTK6kz7A/prodavach

МОТИВИ за нивен клиент, има потреба од СЕРВИСЕР НА МЕДИЦИНСКИ АПАРАТИ: https://kariera.mk/job/Nv0Ht_otQU-nw2x7n62wpA/serviser-na-medicinski-aparati

СПОРТ ВИСИОН вработуваат ПРОДАЖНИ АСИСТЕНТИ во

Гостивар: https://kariera.mk/job/x__pP2sZ2k-2YfyCOqBj4Q/prodazhen-asistent-gostivar

Струмица: https://kariera.mk/job/l0a0cCF-qEOTippwlIxwTw/prodazhen-asistent-strumica

Промовирани огласи »

Се очекува Народната банка на Кина (PBOC) да воведе сопствена криптовалута пред крајот на годината, објави Forbes повикувајќи се на добро информирани извори.

Според извештајот на Forbes, PBOC планира да воведе дигитална валута на 11 ноември, кога е ударен ден за онлајн купување во Кина, а има намера да ја дистрибуира преку најмалку седум институции, вклучувајќи ги државните банки и фирмата за финансиски услуги Junion Page, како и технолошките гиганти Alibaba и Tencent.

Кинеската централна банка допрва треба да коментира за извештајот на Forbes, но нејзиниот директор на одделот за плаќања Му Чанчун изјави уште во август дека PBOC е ”скоро подготвена” да воведе сопствена криптовалута.

Промовирани огласи »

Истражувањето ги покажува туристичките и финансиските навики на Македонците кога патуваат во странство, како што се причините за патувањето, како и колку често ги користат картичките.

Околу 24 проценти од македонските туристи кои патуваат во странство за плаќање ја користат својата платежна картичка, покажа најновото издание на студијата MasterIndex Mastercard.

Истражувањето ги покажува туристичките и финансиските навики на Македонците кога патуваат во странство, како што се причините за патувањето, како и колку често ги користат картичките.

Вкупно 22 отсто од испитаниците на MasterIndex во странство патуваат двапати годишно, 21 отсто – еднаш годишно, а 18 проценти најмалку еднаш во три месеци.

Триесет проценти од сопствениците на картички воопшто не патуваат во странство. Македонците ретко патуваат во странство за работа, односно од вкупно 77 отсто од испитаниците кои се изјасниле дека планираат да патуваат во странство во текот на 2019 година, само десет отсто од испитаниците најавиле дека ќе имаат службено патување.

Најчеста причина за патување е годишниот одмор со 57 проценти, додека за посета на семејството во странство се изјасниле само осум проценти.

Како што покажуваат резултатите од студијата, кога патуваат во странство, повеќето Македонци потврдуваат дека платежните картички се безбеден начин за плаќање, односно повеќето од испитаниците (60 отсто) изјавиле дека плаќањето со картички во странство е безбедно.

Сепак, 74 проценти од испитаниците кога патуваат во странство плаќаат во готовина. Останатите 24 отсто се потпираат на платежните картички кога плаќаат и тоа, 14 отсто користат само дебитна картичка за плаќања во странство, пет проценти само кредитна картичка, додека други пет отсто најчесто користат платежни картички и други средства за безготовинско плаќање.

Сопствениците на картички кои не користат исклучиво готовина кога патуваат во странство сметаат дека придобивките од користење платежни картички се многубројни. Според 48 отсто од нив, картичките се попогодни за користење од кешот (готовината), а според 43 отсто можноста за плаќање со картичките е достапна насекаде. Речиси 29 проценти од испитаниците претпочитаат да не носат готовина со себе и исто толку, 29 отсто се чувствуваат побезбедни кога користат само картички.

Додека се во странство, испитаниците се потпираат на различни мерки за да ја зголемат безбедноста при користење на картичките. Главно се потпираат на тоа да не ги носат со себе истовремено сите средства за плаќање – 34 отсто, додека 18 проценти земаат само една картичка или картичка поврзана со сметка во странска валута. Околу 16 отсто го паметат ПИН бројот наместо да го запишат, 14 проценти имаат вклучено СМС известувања за плаќањата, осум отсто не користат јавно достапно WIFI за плаќања преку Интернет, а седум проценти ја известуваат банката за патувањето.

Вања Манова, менаџер за Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Косово, вели дека потрошувачите ја ценат безбедноста, брзината и погодностите кои картичките ги нудат во секојдневните активности додека патуваат.

– Потрошувачите сѐ уште се запознаваат со можностите кои платежните картички ги нудат за оние кои патуваат во странство. Нивните навики се менуваат, а наша мисија е да им понудиме безбеден и сигурен производ што ќе ги задоволи нивните потреби и очекувања, вели Манова.

Навиките во пазарењето дома и во странство кај испитаниците се многу различни. Во државава дебитните картички најчесто се користат за купување храна (58 отсто), како и за повлекување готовина од сметката (42 отсто), облека (20 отсто) и плаќање сметки и бензин по (15 отсто). Додека кредитни производи, како пригоден начин за одржување на дополнителни средства или отплата на рати, најчесто се користат за купување мебел и апарати за домаќинство (31 отсто), храна (30 отсто), повлекување на готовина (24 отсто) и облека (17 отсто).

Во странство, Македонците главно користат платежни картички за купување – 53 отсто, плаќаат за сместување – 48 проценти, оброци и пијалоци – 43 отсто и значајно помалку за купување подароци – 20 отсто, покажуваат резултатите од студијата.

MasterIndex Северна Македонија е годишна студија за финансиските потреби и навики на активни корисници на картички во државава. Ова е прво истражување на MasterIndex спроведено во земјата, кое траеше во април и мај и беше спроведено на репрезентативен примерок од 1.000 граѓани низ цела држава. Истражувањето беше спроведено од истражувачката агенција МасМи.

Тагови: туристи

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »