Разговараме со Дејан Џолев, сопственик на едукативниот центар „Џолев и уметностите“ кој нуди курсеви за фотографија, сликање, филм, актерство...
Од кога постои „Џолев и уметностите“?
- Во април годинава полниме цела рака. Пет години. Последниот роденден го прославивме со класичен квартет и шарени колачиња!
.jpg)
Фотографија: Христијан Исајловски
Кои се курсевите што ги нудите и кому се наменети?
- Во моментов, активни се три програми и тоа: „Курс по фотографија“, „Курс по цртање и сликање“ и „Обука за филм и филмски актер“. Започнуваме во средината на месец март, додека пријавувањето за сите заинтересирани е во тек. Програмите се практични за сите коишто посакуваат ново хоби или остварување на стара желба, но секако дека се апликативни и за оние коишто посериозно ги практикуваат овие визуелни уметности, сеедно дали се подготвуваат за приемен испит на факултет или пак, се во потрага по нови професионални и креативни предизвици. Наменети се за посетители на возраст од 7 до 77... И можеби најсуштинското, програмите се наменети за сите оние кои се подготвени за искрени насмевки! :)
Кој сѐ е вклучен во вашиот тим?
- Јас би ги поделил на два тима. Логистичкиот тим кој се грижи за реализација на програмите и вториот тим од предавачи, најчесто универзитетски професори, професионалци од своите уметнички медиуми, идоли - „ѕверки“!
.jpg)
Фотографија: Христијан Исајловски
Уметноста тешко се учи и тешко се пренесува. Што ве прави различни од другите?
- Практичното образование! Работа на реални проекти со завршна промоција, секако истото под менторство на значајни имиња. Различни сме поради тоа што сме единствена школа за уметност и сите програми произлегуваат од уметностите или науките блиски на уметноста. Кај нас нема курсеви за тоа како да лакирате нокти. Ние кон образованието не пристапуваме индустриски, ние не штампаме програми, нашиот третман е внимателно сегментиран, високо морален, но истовремено и бунтовен кон традиционалниот образовен систем. Создаваме нови образовни форми, а меѓу другото и ги стипендираме средношколците со просек под 3,9. Различни сме затоа што во нашето студио се зборува за образование, култура, уметност и љубов и секогаш мириса на ванила.
.jpg)
Кои се последните новости поврзани со „Џолев и уметностите“? Што може да очекуваме во блиска иднина?
- Овој март нѐ очекува учеството на манифестацијата „Fashion & Lifestyle Expo“, кадешто модните дизајнери од програмата „Обука за моден дизајн“ ќе ги претстават своите дизајнерски трудови. Додека пак, во просториите на „Pablic Room“се подготвуваат две изложби од програмите „Курс по фотографија“ и „Работилница по сликање“. Оваа пролет шоуто ќе продолжи со промоција на првите три академии од „Џолев и уметностите“. Ова веќе подолго крчка, всушност веќе врие, но за ова уште малку би молчел! :)
.jpg)
Колку и како вашите курсеви им помагаат на учениците професионално да се профилираат и знаењето професионално да го применат?
- Горан Поповски (HLVK) подготовките за упис на „Академија за уметност“ во Нови Сад ги помина во нашето фотографско студио посетувајќи ја програмата „Курс по фотографија“, а денес, меѓу другото е фотограф на магазинот „Портрет“. Леон Ристов штотуку се врати од Берлинскиот филмски фестивал, со актерскиот ангажман во „When the day had no name“. Тој првите актерски техники ги развиваше токму со Теа Беговска во програмата „Обука за филм и филмски актер“, а денес секојдневно му пристигаат покани за студии на престижни филмски универзитети. Се разбира, тоа се и природно талентирани личности, но во секоја развојна фаза покрај поддршката од родителите, несомнено е важен образовниот аспект, искрен, темелен, провокативен! Ние не вработуваме, ние сме способни да ве разбудиме и подготвиме, за подоцна вие самите да изберете каде да се вработите или да студирате.
.jpg)
Во продолжение програмите на Џолев и уметностите:
ПРОГРАМА КУРС ПО ФОТОГРАФИЈА: http://wmk-ci.xsoftstatic.com/Write/07014/Files/Photography.pdf
ПРОГРАМА ОБУКА ЗА ФИЛМ И ФИЛМСКИ АКТЕР: http://wmk-ci.xsoftstatic.com/Write/07014/Files/Film.pdf
ПРОГРАМА КУРС ПО ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ: http://wmk-ci.xsoftstatic.com/Write/07014/Files/Painting.pdf
ПОВЕЌЕ НА ФАН ПЕЈЏ: https://www.facebook.com/DjolevAndArts/
.jpg)
.jpg)
.jpg)