Промовирани огласи »

Како да заштедите при пазарување-супер ефикасен трик

Можеби сте го практикувале ова? Ако одговорот е Да, кажете ни дали „држи вода“ овој трик ? 🙃🤔👇

Ви се случило ли некогаш да ја гледате фискалната сметка и да се чудите зошто повторно потрошивте толку многу пари во супермаркет? Има е ден трик кој ќе ви помогне да пазарите поразумно.

Станува збор за нешто лесно - кога ќе ја наполните количката и одите кон касата, застанете за момент, погледнете ги внимателно производите и вратете меѓу три и пет нешта кои не ви се толку потребни, советуваат експерти од оваа тематика за CNBC.

Така ќе заштедите помеѓу 5-10 долари.

Кога пазариме за подолг временски период и особено ако немаме список, е лесно во количката да ни се најдат и производи кои не ни требаат , а едноставно не искушиле во тој момент. Затоа и паузата пред касата е многу ефективна - дава време да размислиме повторно за нештата.

Ако се навикнете да го купувате само тоа што ви е потребно, брзо ќе почувствувате позитивен ефект за вашиот буџет.

Промовирани огласи »

Непочитувањето на мерките за безбедност причина за повредите на работа

Законот за безбедност и здравје при работа не се почитува доволно, најавени чести контроли

Непочитување на мерките за безбедност при работа од работодавачите, но и од работниците, е најчеста причина за повреда на работното место. Лани во земјава се регистрирале околу 1.800 повреди при работа. Инспекторите за труд извршиле над 12.600 надзори. Од нив скоро половината се спроведени по претходна пријава.

Непочитувањето на мерките за безбедност причина за повредите на работа

Станува збор за тоа дека одредени пропусти се прават и од страна на снабдување од работодавачите кон работниците со опрема од една страна, а од друга страна и неупотребата од страна на работниците на опремата што им е дадена. Што значи дека сите треба да ја подигнат својата свест дека самата употреба на опремата и практикувањето на мерките значи заштита на себе, на целокупната средина затоа што не секогаш себе може да се повредите, туку некогаш повредувате некој друг кој што е невин во моментот. Значи, подигнувањето на јавната свест за имплементација и свеста на ртаботниците и работодавачите е клучна, вели Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика.

Најчести повреди на работното место се регистрирани во градежништвото и рударството. Експертите велат дека закони има, но имплементација и надзорот потфрлаат.

Оние кои што се со висок ризик сектори се градежништвото, рударството, земјоделството, преработувачката индустрија, каде се најголем број од повредите при работа, што укажува дека токму таму се најбројни неправилностите. А, секако, и дистрибуцијата на работна сила и влезот на работниците таму каде што се, таму се најчесто неправилностите. Но, секако зависи од условите на работа и преземените мерки за превенција, вели Јованка Караџинска Бислимовска, претседателка на Националниот совет за безбедност и здравје при работа.

Освен поинтензивни инспекциски контроли на терен со цел поголема безбедност на работниците, Царовска најави интервенција во законската регулатива.

Промовирани огласи »

Триесет и први мај е датумот до кога граѓаните ќе треба да направат корекција ако има потреба во годишните даночни пријави кои Управата за јавни приходи треба да ги испрати до нив.

Околу 80.000 даночни пријави треба да завршат на адресите на граѓаните за една недела кои ќе треба да направат увид во претпополнетите годишни даночни пријави и доколку има потреба истите да ги корегираат. Досега од УЈП испратиле над 600 000 пријави.

Сите оние кои сакаат да ги проверат даночните пријави тоа може да го направат на овој ЛИНК.

Постапката е лесна и едноставна а она што треба да го направите е да го отворите линкот да ги внесете Лозинката и емаилот со кој сте регистрирани и да си проверите се што ве интересира.

Промовирани огласи »

KARIERA.mk учествуваше на Саемот на кариера и алумни и на свеченото доделување на дипломи за 12-та генерација дипломци и постдипломци на Првиот Приватен Универзитет ФОН, во среда, на 16ти април.

Оваа дружба беше добра можност за сите потенцијални работодавци да се сретнат и да разговарат со студентите за можностите за практична работа и за вработување во иднина.

На овој настан присуствуваа десетици компании кои на своите штандови ги изложија своите активности, студентите имаа можност да поставуваат прашања и да ги разгледаат заедно своите CV-a.

Нашиот KARIERA.mk тим, одблиску се запозна со стотици студенти за можностите за нивното идно вработување но и за можностите за нивната практична работа.

На овој Саем за кариера, KARIERA.mk доделуваше топло кафе за сите учесници и беше доста добра можност да се презентира концептот на KARIERA.mk.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »