Промовирани огласи »

Само 26 од 100 жители во Македонија се вработени, од кои 18 во приватниот, а 8 во државниот сектор. Тие 18 луѓе треба да заработат за плати, даноци и сите услуги за останатите 82 пензионери, деца, невработени, администрација и оние што се неактивни на пазарот на труд, покажуваат податоците на Светската банка.

Да се подобри ефикасноста на јавните трошења, да се зајакне продуктивноста, која е најниска во регионот, да се бараат различни начини за пристап до пари, да се инвестира во човечкиот капитал, да се подобри ефикасноста на трошењата во здравството, образованието и социјалата, а младите, жените и малцинствата повеќе да се вклучат во пазарот на труд за економскиот раст да биде инклузивен, односно да опфати што е можно повеќе луѓе за да биде одржлив, препорачува Светската банка.

Според нивните проценки, економскиот раст во Македонија годинава ќе биде 2,9 отсто, а догодина треба да биде 3,2 отсто.

Сања Маџаревиќ Шуистер од Светската банка вели дека има потреба за забрзување на растот, но во исто време да се не се зголемува долгот. Таа посочува дека просечниот работник во Македонија губи меѓу 25 и 30 години од продуктивниот работен век во невработеност или неактивност.

„На секои 100 луѓе кои живеат во земјата, само 26 се вработени. Од тие 26, упростено кажано, 8 работат во јавниот сектор и 18 во приватниот сектор. Тоа е екстремно голема зависност. Многу малку луѓе вистински заработуваат за плати и за даноци и се грижат за услугите за неактивните и за останатите невработени и ранливи категории“, вели таа.

На тие 26 луѓе сепак треба да се додадат и самовработените и неплатените домашни работници.

Светската банка очекува економскиот раст годинава да биде 2,9 отсто, а догодина да порасне на 3,2 отсто, а невработеноста годинава да биде 19,4 за догодина да се намали на 18 проценти. Буџетскиот дефицит е намален, но Светската банка очекува јавниот долг да се зголеми до 54,4 проценти од БДП во 2020 година. Платите растат главно под притисок на зголемувањето на минималната плата во трудово интензивните дејности.

Бојан Шимбов од Светска банка вели дека ова сценарио за раст е проследено со ризици, како што се забавениот раст во ЕУ, трговските војни во светот и политичката нестабилност во регионот. Влегувањето на НАТО и отворањето на преговори со ЕУ позитивно би влијаеле на структурните реформи во земјата, но изборните циклуси негативно се одразуваат на економијата, вели тој.

„Во овој период којшто следи треба да се искористи обновената политичка стабилност во земјата за интензивирање на структурните реформи и забрзување на конверзијата кон ЕУ“, вели Шимбов.

Светската банка смета дека се потребни сериозни анализи за тоа дели е можно уште едно покачување на минималната плата, со оглед на тоа што продуктивноста не е зголемена.

Промовирани огласи »

Преку 200 слободни работни места чекаат на Вас!

Преку 200 слободни работни места чекаат на Вас!

FASHION BRAND има потреба од АСИСТЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА во салон за текстил во PALMA MALL - Тетово. Повеќе: https://kariera.mk/job/ZyqjbLVGcUeNMuWabzSUsg/asistent-za-prodazhba-fashion-brand-tetovo



Доколку имате познавања од Adobe пакетот програми и останати дизајнерски алатки, аплицирајте за ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР во ОПТИМУМ КРЕАТИВ СОЛУШНС. Повеќе: https://kariera.mk/job/zTcfjFUwoU2skZkcLNPM8Q/grafichki-dizajner

ДЕНИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ имаат потреба од работници за повеќе работни места (ЕКОНОМИСТ, ВОДОИНСТАЛАТЕР, ВОЗАЧИ...). Повеќе: https://kariera.mk/company/bMpKpCuuzEayEcrjE95_ww/dmtsh-deni-internacional

Високо квалитетна,професионална и динамична компанија за мебел ТЕЛЕСЕТ, бара МОНТЕР НА МЕБЕЛ: https://kariera.mk/job/kLJSY-xQg0WtxHTw9xuh2w/monter-na-mebel

МЛАДИНСКА КНИГА вработува АГЕНТИ ВО ТЕЛЕФОНСКО СТУДИО: https://kariera.mk/job/vamOyvCeaUS81t1Zw7JxOQ/mladinska-kniga-vrabotuva-agenti-vo-telefonsko-studio

Универзитетска диплома од техничките науки - машински, електро или техничко-технолошки факултет: https://kariera.mk/job/Io3rjWyQNE6_Sv4fXMFiIQ/menadjer-za-logistika

Промовирани огласи »

Изненадувачки раст на биткоинот!

Најпопуларната криптовалута се зголемува за 13,45% на 4.678,37 долари кратко предпладне, според „Coin Desk“

Најпопуларната криптовалута се зголемува за 13,45% на 4.678,37 долари кратко предпладне, според „Coin Desk“.

Цената на биткоинот се зголеми изненадувачки денеска на највисоко ниво од ноември, што доведе до зголемување на вредноста на криптовалутите, објави „Bloomberg“. Ова става крај на кварталниот мир на виртуелниот девизен пазар, кој моментално вреди 160 милијарди долари.

Трејдерите се обидуваат да ја наведат причината за поскапувањето што го испрати биткоинот накратко над границата од 5.000 долари и зголеми вредноста на дигиталните валути со околу 17 милијарди долари за помалку од еден час. Најпопуларната криптовалута се зголемува за 13,45% на 4.678,37 долари кратко предпладне, според „Coin Desk“.

Рипл, етериум и лајткоин исто така забележија зголемување на цената, а движење во нагорна насока забележаа и акциите на компании во Азија, кои се поврзани со криптовалутите.

Иако ненадејната промена во цената на биткоинот не е нешто ново, движењата на виртуелната валута се релативно депресивни во оваа година. Причината е 74% од падот што го погоди биткоинот во минатата година и обесхрабрувањето на инвеститорите дека валутата не може да биде широко прифатена.

„Пазарот на биткоини и воопшто крипто-пазарот продолжува да биде мал во споредба со останатите пазари“, коментира Џехан Чу, управен директор во блокчејн инвестициската и консултантска компанија „Kenetic Capital“. Според него, ништо посебно не се случува денес, освен привремениот ентузијазам.

Џорџ Харап, извршениот директор на „Bitspark“, смета дека сѐ уште нема катализатор за ненадеен скок во цената и секој би можел да претпостави што е причината.

Промовирани огласи »

Народна банка распиша тендер за десетденарки со новото име на државава

Ќе се менуваат парите Народна банка со тендер за нови десетденарки

Народна банка на Република Македонија распиша тендер за набавка на книжни пари изработени од полимер со апоенска вредност од 10 денари.

Во тендерската документција се вели дека дизајнот вклучува и промена на името Народна банка на Македонија во Народна банка на Република Северна Македонија, како и дека НБРМ се менува во НБРСМ секаде каде што се споменува на парите.

Критериум за доделување на договорот е најниската цена, а понудите ќе се отвараат на 15 мај.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »