Промовирани огласи »

Почна доставата на решенијата за данок на имот и фирмарина

Платете си данок на имот и фирмарина.

Град Скопје ги известува сите даночни обврзници дека во тек е доставувањето на решенијата за данок на имот и за комуналната такса-фирмарина за 2019 година.

Сите обврзници кои немаат платено данок на имот или фирмарина за изминатата 2018 година ќе добијат опомена за неплатен долг.

Сите граѓани кои нема да добијат решенија или доколку во истите забележат одредени неправилности, може да се обратат во Град Скопје во барака број 15, во работните денови за прием на странки, односно во вторник и в петок од 9 до16 часот.

Сите забелешки граѓаните можат да ги достават и секој работен ден од 7:30 до 19:30 часот со поднесување барање на шалтерите во архивата на Град Скопје или во канцелариите за сметководство на Град Скопје (барака број 16).

Дополнително, сите граѓани во рок од два месеца од добивањето на решението можат сите забелешки и недостатоци да ги пријават, преку приклучување на сајтот на Град Скопје – е-даноци ( https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml), преку одделот за пријавување проблеми ( http://gragjani.skopje.gov.mk/korisnik/), како и преку електронска пошта на следните адреси:  danoci@skopje.gov.mk,  anitan@skopje.gov.mk (за данок на имот) и  Katerina.Gichev@skopje.gov.mk (за комунална такса – фирмарина).

Промовирани огласи »

Зошто не се намалува цената на зелениот картон - засега нема најави или преговори за укинување на оваа обврска

Граѓаните на Македонија заедно со соседните земји бараат да се укине зелениот картон за возилата при излез од државата.

Патувањата со соптсвен автомобил се почести во летниот период кога се одморите. Возачите веќе знаат дека за да поминат граница со автомобил потребен им е зелен картон, но можеби не се информирани за неговата цена.

Зелениот картон се издава врз основа на издадена полиса за осигурување од автомобилска одговорност од соодветната компанија. Овој документ е замена за полисата за осигурување од автомобилска одговорност издадена за матичната земја со важност за сите земји-членки наведени во полисата.

Важност на зелената карта е 12 месеци или додека е утврдено времетраењето на полисата за автомобилска одговорност.

Цената на зелен картон на патничко возило до 66 KW на годишно ниво изнесува 3.690 денари, а за над 66 KW за една година е 5.536 денари.

Цена за патничко возило до 66 КЊ за месечно ниво е 1.850 денари, а за возило над 66 KW е 3.075 денари. За влечните и специјалните возила, моторциклите, приклучни и работни возила цената е 5.536 денари.

Цената за товарните возила и автобусите е 17.222 денари.

Зелениот картон може да се набави во сите подружнници кои работат во рамките на Станиците за Технички преглед на АМСМ низ Македонија.

Граѓаните на Македонија заедно со соседните земји бараат да се укине зелениот картон за возилата при излез од државата и предлагаат да се прифати европскиот модел во кој зелениот картон е дел од премијата за осигурување од одговорност од употреба на моторни возила (автоодговорност).

И покрај упорните барања на српските граѓани, кои често минуваат низ Македонија кога одат на летување во соседна Грција, засега нема најави или преговори за укинување на оваа обврска.
Сопствениците на возила од Србија за во Македонија потребно е да имаат зелен картон бидејќи нашата држава не е во Системот на зелен картон, не е член на Мултилатералната спогодба. Оттаму велат дека надлежните во Македонија овој документ не го бараат на сите што ја поминуваат македонската граница.

Од здружението на осигуреници на Србија истакнуваат дека во 1994 година, врз основа на едностраниот договор, кој беше дел од условите на овие земји за членство на Македонија во Системот на зелен картон, на возилата од Хрватска, Словенија и Унгарија им било овозможено во Македонија да влезат без зелен картон. Но овој закон не важи и за возачите од Македонија. На возачите од Македонија се уште им е потребен зелен картон за овие три земји. Со влезот на Хрватска во Европска унија, овој едностран договор престана да постои, па сега и возачите на Хрватска мора да имаат зелен картон при влез во Македонија.

Во многу земји, на пример во Германија, Швајцарија, Австрија, Шведска, зелениот картон се издава бесплатно или чини премногу симболично, само неколку евра, што ги покрива трошоците за печатење. Според нив, во некои земји, се наплаќа само зелениот картон, додека во други цената на картонот е вклучена во цената на полисите на задолжително осигурување од автоодговорност. Во овој случај (кога цената на зелениот картон е вклучена во цената на полисите) возачот нема можност да одлучува дали му е таа потврда потребна или, пак не.

Според АМСМ, зелениот картон се издава врз основа на издадена полиса за осигурување од автомобилска одговорност од соодветната компанија и е замена за полисата за осигурување од автомобилска одговорност издадена за матичната земја со важност за сите земји-членки наведени во полисата.

Промовирани огласи »

Петнаесетгодишник е најмладиот милионер во земјава за 2017 година. Тој остварил доход од над 16.339 евра, а исто толку остварил и најстариот милионер кој има 98 години, во категорија заработка до милион денари.

Најмладиот милионер приходот го остварил од интернет услуги.

Пензионери од Скопје и од Битола најдобро заработувале во 2017 година, покажуваат податоците за остварени приходи кои денеска ги презентираше директорката на Управата за јавни приходи Соња Лукаревска.

Скопскиот пензионер пријавил највисок бруто приход од пензија од странство во износ на 93.153 евра или месечно бруто примал 7.762 евра.

Пензионер од Битола, пак, покрај пензијата пријавил и други приходи во вкупен износ од 903.407 евра.

Највисока остварена капитална добивка (продажба или размена на недвижен имот, хартии од вредност, учество во капиталот, друг подвижен и нематеријален имот) во 2017 година имал прилепчанец, вкупно 715.016 евра. Скопјанец, пак, најмногу заработил од дивиденди и други приходи од учество во добивка, вкупно во износ од 3.284.552 евра.

Повременото вршење на услуги во 2017 година било најпрофитабилно за жител од Велес кој заработил 1.437.182 евра по овој основ. Највисокиот профит од вршење самостојна дејност изнесува 926.014 евра и го остварило физичко лице, вршител на самостојна дејност од Скопје.

Во 2017 година граѓанин од Скопје остварил приход од продажба на сопствени земјоделски производи во износ од 93.110 евра, што е највисокиот приход по овој основ.

Највисоката добивка од лото, обложување, казино и учество во наградни игри, односно пријавен вкупен бруто приход од игри на среќа е кај жител на Тетово кој само по овој основ остварил 162.586 евра.

За 2017 година, 455.915 граѓани поднеле Годишна даночна пријава, во која доброволно пријавиле 3 милијарди и 124.393.041 евра годишни бруто приходи и 188.918.565 евра персонален данок.

Промовирани огласи »

Најмладиот милионер во Македонија има 15 години

Најмладиот милионер приходот го остварил од интернет услуги.

Петнаесетгодишник е најмладиот милионер во земјава за 2017 година. Тој остварил доход од над 16.339 евра, а исто толку остварил и најстариот милионер кој има 98 години, во категорија заработка до милион денари.

Најмладиот милионер приходот го остварил од интернет услуги.

Дваесетгодишник, пак, е најмлад милионер кој остварил приход од над 162.600 евра колку што остварил приход и најстариот во категоријата заработка до 10 милиони денари, кој има 86 години.

Ова го соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, на прес конференција на која ги презентира податоците за остварени највисоки приходи во 2017 година.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »