Промовирани огласи »

Владата не отстапува од покачување на минималецот, бизнисот против

А работникот кој едвај преживува со 12 илјади едвај чека покачување, ама никој не го прашува него ....

Иако бизнисот не го дели истото мислење, Владата не отстапува. Покачување на минималната плата ќе има ама не се знае колку и кога.

Се прават анализи и консултации а според зборовите на Заев се внимава и да не им се наштети на компаниите.

Против ново покачување на минималецот е текстилниот сектор.

Од текстилната индустрија посочуваат дека ново зголемување на минималната плата ќе значи удар за нив бидејќи велат не се опоравиле од претходнот удар.

Оние кои едвај чекаат покачување на платите пак се токму работниците во текстилството. Тие имаат најниски плати. И покрај законот кој вели дека 12 илјади треба да изнесува минималецот, многумина ги злоупотребуваат работниците и бараат дел од парите да им вратат на сопствениците.

Промовирани огласи »

Во земјава има околу 5.000 слободни работни места. 

Во Агенцијата за вработување во моментов има отворени огласи преку кој македонските компании бараат кадри за ангажирање на околу 5.000 слободни места.

Се бараат директори, трговски раководители, менаџери, комерцијалисти, возачи, медицински сестри, општи работници, продавачи, инженери, магацински работници, економисти и друго. 

Овие огласи ги има на веб сајтот на АВРМ. 

Во сите општини и региони се бараат работници. 

Промовирани огласи »

Комплетирана првата транша од 100-те милиони евра евтини кредити од ЕИБ

Поддршка за инвестициите на 39 мали и средни фирми 💶

Со 15 милиони евра евтини кредити од Европската инвестициска банка - ЕИБ, ќе се поддржат инвестициите на 39 мали и средни фирми, кои првично ќе отворат околу 160 работни места. Со ова е комплетирана првата транша од 100-те милиони евра од ЕИБ за мали и средни претпријатија. Директорот на МБПР Драган Мартиновски го информираше министерот за финансии Драган Тевдовски дека во текот на оваа недела проектите ќе бидат доставени до ЕИБ.

Речиси 90% од проектите во првата транша се долгорочни инвестиции. Најмногу се инвестира во деловни објекти, опрема и транспортни средства, а помалку во обртни средства.

Министерот Тевдовски посочи дека малите и средни претпријатија се важен дел од нашето стопанство, бидејќи тие претставуваат над 99% од вкупниот број на претпријатија кај нас. Тие учествуваат во креирањето на бруто-домашниот производ со преку 55% и во креирањето на работни места со 75%. Тој посочи дека од таа причина, Владата преку оваа кредитна линија, како и низа други мерки се залага да обезбеди пристап до капитал за овие претпријатија.

Евтините кредити од ЕИБ за мали и средни претпријатија во вкупна вредност од 100 милиони евра е наменет за реализација на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност и зголемен извоз за малите и средни претпријатија. Со ова, но и преку активните мерки за вработување и мерките за поддршка на претпријатијата се поддржува секторот на мали и средни претпријатија, кој од исклучително значење за економијата -вели Тевдовски.

Во септември минатата година од страна на министерот за финансии Тевдовски, потпретседателот на ЕИБ, Ендрју МекДауел и директорот на МБПР Мартиновски беше потпишан договор за нова кредитна линија од 100 милиони евра за мали и средни претпријатија. МекДауел тогаш порача дека поддршката од ЕИБ ќе расте со напредокот на земјата во ЕУ интеграциите и изрази силно уверување дека започнува период на продлабочување на соработката. Оваа кредитна линија е петта по ред од ваков тип. Вкупниот износ на финансирање од ЕИБ достигнува 450 милиони евра.

Промовирани огласи »

Нухиу вели дека граѓаните нема да ги плаќаат мини-лепенките

Расчистена дилемата со налепниците....🚘

Агим Нухиу, заменик-министерот за внатрешни работи, во разговор за грчкиот ЕРТ3 рече дека граѓаните нема да ги плаќаат мини-лепенките со кои привремено треба да се покрие кодот MK на регистарските таблички на возилата.

Во следните четири месеци регистарските таблички ќе бидат заменети кога ќе биде утврден новиот меѓународен код, додека пак лепенките се привремено решение за преодниот период. Во јавноста имаше дилеми кои ќе ги плаќа овие лепенки.

Имаме решение за преодниот период. Подготвивме т.н. бесплатни лепенки за сопствениците на возила додека да го имаме новиот сообраќаен код на земјата, објаснува заменикот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу во интервјуто за ЕРТ3.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »