Треба да имате во предвид многу работи кога правите интервју за работа.,Не кажувајте го погрешното. Бидете подготвени да одговорите на случајно поставени прашања. Пред се, оставете му впечаток на интервјуерот.
Светскиот одговорен регрутер за вработување на Uber, Jim Baaden дава неколку свои совети. Тој кажува за Business Insider дека едно солидно интервју почнува со добро формирано CV.
"Мислам дека резимето треба да биде напишано на високо ниво, за колку што е можно да се добие претстава на тоа што сте го направиле досега.
Штом треба да се појавите на некое интервју, Baaden има неколку совети за кандидатите:
1. Бидете подготвени
Baaden кажува дека правење пред-подготовка за работно интервју е најголемата грешка што би можеле да ја направите. Секој искусен интервјуер ќе се потруди да го прашува тоа во кое имате најмаклу интерес или во врска со знаењето околу компанијата и неговата улога.
Тој кажува дека во Uber кандидатите мора да бидат спремни да одговараат на прашања, како на пример:
Зошто Uber?
Зошто оваа екипа?
Како вашето искуство ве направи да се вклопите во вашата улога?
Во било која компанија да одите на интервју, треба да бидете добро информирани за нивниот продукт - кажа тој за Business Insider.
2. Прилагодете ги вашите одговори
Негативна политика е да им се испрати истиот примерок на cover letter на секоја компанија во која аплицирате. Истото важи и за вашите одговори на прашањата на интервјуто. Одговор кој би имал големо влијание во некоја технолошка компанија, би можело да ви изгуби неколку поени во некоја финасиска компанија.
Значи, треба да бидете сигурни дека на интервјуерот не му давате затворени и неразбирливи одговори, кажува Baaden.
Компаниите функционираат различно, тие се структурирани различно кажува тој. Вашата свест и истражување на организацијата би требало да ви помогне во формирање на специфичен одговор во врска со таа средина.
3. Бидете љубопитни и прашувајте прашања
Baaden вели дека тој секогаш е во потрага по кандидати кои се љубопитни и инвестираат на самоунапредување. Како би можеле да пренесете љубопитност кај регрутерот? Па, наједноставно, прашувајте прашања. Исто така, обидете се да го третирате интервјуто како нормален разговор. Преправете се дека само што сте го запознале интервјуерот во еден нормален социјален настан додека им поставувате прашања на нив.
Тоа му докажува на интервјуерот дека навистина сте заинтересирани - и дека ќе донесете со себе и интелектуална љубопитност во таа улога.
