Промовирани огласи »

Треба да имате во предвид многу работи кога правите интервју за работа.,Не кажувајте го погрешното. Бидете подготвени да одговорите на случајно поставени прашања. Пред се, оставете му впечаток на интервјуерот.

Светскиот одговорен регрутер за вработување на Uber, Jim Baaden дава неколку свои совети. Тој кажува за Business Insider дека едно солидно интервју почнува со добро формирано CV. 

"Мислам дека резимето треба да биде напишано на високо ниво, за колку што е можно да се добие претстава на тоа што сте го направиле досега.

Штом треба да се појавите на некое интервју, Baaden има неколку совети за кандидатите:

1. Бидете подготвени 

Baaden кажува дека правење пред-подготовка за работно интервју е најголемата грешка што би можеле да ја направите. Секој искусен интервјуер ќе се потруди да го прашува тоа во кое имате најмаклу интерес или во врска со знаењето околу компанијата и неговата улога.

Тој кажува дека во Uber кандидатите мора да бидат спремни да одговараат на прашања, како на пример: 

Зошто Uber?
Зошто оваа екипа?
Како вашето искуство ве направи да се вклопите во вашата улога?

Во било која компанија да одите на интервју, треба да бидете добро информирани за нивниот продукт - кажа тој за Business Insider.

2. Прилагодете ги вашите одговори

Негативна политика е да им се испрати истиот примерок на cover letter на секоја компанија во која аплицирате. Истото важи и за вашите одговори на прашањата на интервјуто. Одговор кој би имал големо влијание во некоја технолошка компанија, би можело да ви изгуби неколку поени во некоја финасиска компанија.

Значи, треба да бидете сигурни дека на интервјуерот не му давате затворени и неразбирливи одговори, кажува Baaden.

Компаниите функционираат различно, тие се структурирани различно кажува тој. Вашата свест и истражување на организацијата би требало да ви помогне во формирање на специфичен одговор во врска со таа средина.

3. Бидете љубопитни и прашувајте прашања

Baaden вели дека тој секогаш е во потрага по кандидати кои се љубопитни и инвестираат на самоунапредување. Како би можеле да пренесете љубопитност кај регрутерот?  Па, наједноставно, прашувајте прашања. Исто така, обидете се да го третирате интервјуто како нормален разговор. Преправете се дека само што сте го запознале интервјуерот во еден нормален социјален настан додека им поставувате прашања на нив. 

Тоа му докажува на интервјуерот дека навистина сте заинтересирани - и дека ќе донесете со себе и интелектуална љубопитност во таа улога. 

Промовирани огласи »

Земји кои најмногу ги привлекуваат милионери

Кои земји се магнет за милионери, а од кои бегаат?

Во 2016-та година 82.000 милионери ја напуштиле својата татковина и се преселија во друга земја, покажуваат податоците на „New World Wealth“, цитирани од „CNBC“. Нивниот број се зголемува значително од 2015-та година, 64.000 милионери ја напуштиле својата земја.

Земјите кои привлекуваат најмногу богаташи се Австралија, САД и Канада, следени од Нов Зеланд. Според истражувањето на организацијата во Австралија минатата година се преселија 11.000 милионери. САД ја избраа 10.000 милионери, а Канада – 8.000.

Земјите од кои бегаат најбогатите се Франција (12.000), Кина (9.000), Бразил (8.000), Индија (6.000) и Турција (6.000).

Традиционално, САД ги привлекува богатите луѓе, но во последните години Австралија успева да привлече повеќе милионери, особено од Индија и Кина, дополнува „CNN“. Зелениот континент се смета како сигурно мястго за одгледување на деца, со стабилен здравствена систем и е географски изолиран од кризите во Блискиот Исток и бегалскиот бран во Европа.

Во прилог е тоа што Австралија е и добро место за водење бизнис.

Според „New World Wealth“ всушност главната причина поради која милионерите ја напуштат земјата, е прво можноста за подобро образование за децата, а на следната – личната безбедност. Подобрата клима и здравствен систем се исто така фактори при изборот на новото место за живот.

Богаташите бегаат од Франција главно поради високите даноци, како и поради растечката тензија во земјата, покажува уште студијата.

Промовирани огласи »

Кинескиот сајт за продажба JD.com уште не промовираниот Nokia 8 го постави на својата веб страна со цена од 450 долари како и листа на спецификации иако досега смартфонот не е официјално претставен на јавноста.

Според JD.com новиот Nokia 8 ќе има 5.7 инчен Quad HD дисплеј, 24 мегапикселна главна камера, осум-јадрен Snapdragon 820 процесор и Android 7.0 Nougat оперативен систем. Зошто JD.com толку брза да го прикаже Nokia 8 навистина нема јасни детали, освен дека сака да продолжи да биде прв кој ќе ги продава новите смартфони на HMD GLobal како вистинскиот хит Nokia 6, па потоа да чека да го официјалниот пласман кој може да биде за неколку дена.

Секако вистински дебакл за JD.com ќе биде доколку Nokia 8 е само шпекулација и не биде наскоро промовиран, бидејќи досега се открија информации само за Nokia 3 и Nokia 5 кои ќе пристигнат на MWC 2017, но ќе бидат за основните класи со пониски цени.

Промовирани огласи »

Рекорден број на слободни работни места во Германија

Еден милион слободни работни места

Бројот на слободни работни места во Германија пораснал на над еден милион во последните три месеци од минатата година, покажува истражувањето на германскиот Институт за истражување на вработувањето (ИАБ).

Како што пренесува дописникот на МИА, од Берлин вкупниот број на слободни работни места од октомври до декември скокнал за 80 илјади што е рекордно ниво на побарување на пазарот на работна сила во најсилната европска економија.

Тоа е рекорд. Никогаш не сме виделе поголем број на слободни работни места претходно, изјави за германските медиуми истражувачот Александат Кубис, според кого, повеќе од половината работни места се во услужните дејности. Најмногу работници се бараат во здравствениот сектор и во фирмите кои што нудат грижа за постари лица а голема побарувачка има и за техничк и научен персонал.

Дел од мерките за намалување на побарувачка за работна сила во Германија федералните и покраинските агенции за вработување организираат специјални тренинг работилници за луѓе од членки на ЕУ како Унгарија, Романија, Бугарија, Грција и Шпанија каде што има огромно ниво на невработеност меѓу младите. Мерките вклучуваат и зголемување на платите поголемо од нивото на инфлација, бесплатни оброци, флексибилни работни услови и работно време како и тренинзи за постари лици.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »