Промовирани огласи »

Почнува примената на Република Северна Македонија во сите институции. За најмногу четири месеци Министерството за внатрешни работи треба да почне да издава нови регистарски таблички за возилата со ознака NMK.

Во меѓувреме, како преодно решение, МВР ќе треба обезбеди налепници со ознака NMK за табличките.

Засега нема информација на чиј трошок ќе биде замената на табличките, дали граѓаните ќе треба да си ги плаќаат сами или трошокот ќе го покрие државата.

Во интервју за Топ тема на телевизијата Телма, заменик министерот за надворешни работи, Андреја Жерновски рече дека Владата се уште нема донесено одлука за тоа кој ќе ги покрие трошоците.

Промовирани огласи »

Од следната недела теренска вакцинација во училиштата

Ќе се почне и со теренска вакцинација во училиштата, за да се зголеми бројот на вакцинирани деца, а со тоа да се намали и бројот на заразени.

Комисијата му предложила на Министерството за здравство да се почне и со теренска вакцинација на децата од училишна возраст во училиштата, за да се зголеми бројот на вакцинирани деца, а со тоа да се намали и бројот на заразени.

Теренската вакцинација се предвидува да започне од наредната недела, во сите училишта. 

Се апелира за интензивна и неодложна вакцинација на децата кои се во добро здравје за да се подигне колективниот имунитет. Да се вакцинираат сите здравствени работници кои имаат непосреден контакт со пациенти заболени од морбили. Најстрого се забранува и посета на болни во сите здравствени установи. Морбилите се високо заразно заболување кое лесно се пренесува по капков пат. Едно лице со м0али сипаници може да зарази 9 од 10 лица околу него кои не се вакцинирани, велат од Министерството за здравство.

Промовирани огласи »

Кога ќе смениме регистарски таблички и пасоши?

Ова се рокови кои треба да ги знаете🙂

Министерството за внатрешни работи ќе обезбеди налепници со ознака „NMK”  за регистерските таблички на возилата, соопшти Владата.

МВР ќе почне со издавање на нови регистерски таблички, во рок од 4 месеци. 

Ова министерство треба да ги преземе потребните мерки и активности за спроведување на решение во преодниот период до создавање технички претпоставки за издавање на нови патни исправи.

Издавањето на нови пасоши да започне од крајот на 2019 година. Во преодниот период, Министерството за внатрешни работи при излез од или влез во Република Северна Македонија, во постојните и новоиздадените во преодниот период патни исправи ќе биде ставен печат кој ќе појасни дека патните исправи припаѓаат на Република Северна Македонија.

Министерството за надворешни работи треба да ги замени таблите во министерството како и печатите и штембилите во министерството во рок од 2 недели, а во дипломатско-конзуларните претставништва во рок од 3 недели, соопшти Владата.

Сообраќајните знаци на меѓународните патни правци во земјата, давајќи предност на ендонимите (во англиска транскрипција) врз егзонимите (на македонски јазик во кирилско писмо) да се променат во рок од 2 месеци.

Промовирани огласи »

KARIERA.mk го донесе FACEBOOK во Скопје!

KARIERA.mk го донесе FACEBOOK во Скопје!

Вчера успешно заврши една целодневна обука, настан со кој KARIERA.mk практично ја започна серијата на ексклузивни обуки за менаџери за човечки ресурси во македонските компании.

Над 20 директори за човечки ресурси од различни IT компании, Телекомуникации, Фармацевтската индустрија, Агенциите за вработување како и други менаџери, вчера успешно ја завршија специјалната обука предводена од ФЕЈСБУК специјалистот со долго годишно искуство во областа на регрутирањето и изнаоѓањето на таленти, г-ѓа Мауд Дуранд.

Мауд Дуранд, од 2009-та година, има работено за добро познатата мрежа LinkedIn, во која имаше можност да помага во создавањето и спроведувањето на новиот модел за регрутирање наречено “Scalable sourcing model”.

Сега, таа доаѓа од FACEBOOK, каде што работи како еден од најстратешките менаџери во HR светот и го управува процесот на регрутирање на топ-таленти на глобално ниво. Ова е посебна можност за сите тие што сакаат да ги подобрат техниките за регрутирање на млади таленти како и лично усовршување на оваа област.

Мауд Дуранд, како светски познат експерт, истотака е позната и како успешен „ловец„ на млади таленти од областа на IT.

Овој настан беше организиран од страна на KARIERA.MK со поддршка на глобалната Агенција The PWorld.

KARIERA.mk е најразвиената мрежа во Македонија која ги поврзува компаниите и кандидатите за вработување. Во моментов, оваа услуга ја користат повеќе од 2.250 компании во Македонија и се регистрирани над 70.000 лица кои бараат работа. Во изминатите 2 години KARIERA.mk им помогна на компаниите со над 12.000 огласи за работа.

Директорот на KARIERA.mk, г-дин Норик Селими вели дека “Со оваа обука ние отвараме ново поле во нашата компанија и во наредниот период ќе донесеме менаџери за човечки ресурси од многу светски компании и експерти од областа. Целта на овие обуки е да се донесе иновација во нашиот пазар и да им ги овозможиме на домашните компании најсовремените искуства во светот на човечките ресурси„

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »