Промовирани огласи »

Од следната недела теренска вакцинација во училиштата

Ќе се почне и со теренска вакцинација во училиштата, за да се зголеми бројот на вакцинирани деца, а со тоа да се намали и бројот на заразени.

Комисијата му предложила на Министерството за здравство да се почне и со теренска вакцинација на децата од училишна возраст во училиштата, за да се зголеми бројот на вакцинирани деца, а со тоа да се намали и бројот на заразени.

Теренската вакцинација се предвидува да започне од наредната недела, во сите училишта. 

Се апелира за интензивна и неодложна вакцинација на децата кои се во добро здравје за да се подигне колективниот имунитет. Да се вакцинираат сите здравствени работници кои имаат непосреден контакт со пациенти заболени од морбили. Најстрого се забранува и посета на болни во сите здравствени установи. Морбилите се високо заразно заболување кое лесно се пренесува по капков пат. Едно лице со м0али сипаници може да зарази 9 од 10 лица околу него кои не се вакцинирани, велат од Министерството за здравство.

Промовирани огласи »

Кога ќе смениме регистарски таблички и пасоши?

Ова се рокови кои треба да ги знаете🙂

Министерството за внатрешни работи ќе обезбеди налепници со ознака „NMK”  за регистерските таблички на возилата, соопшти Владата.

МВР ќе почне со издавање на нови регистерски таблички, во рок од 4 месеци. 

Ова министерство треба да ги преземе потребните мерки и активности за спроведување на решение во преодниот период до создавање технички претпоставки за издавање на нови патни исправи.

Издавањето на нови пасоши да започне од крајот на 2019 година. Во преодниот период, Министерството за внатрешни работи при излез од или влез во Република Северна Македонија, во постојните и новоиздадените во преодниот период патни исправи ќе биде ставен печат кој ќе појасни дека патните исправи припаѓаат на Република Северна Македонија.

Министерството за надворешни работи треба да ги замени таблите во министерството како и печатите и штембилите во министерството во рок од 2 недели, а во дипломатско-конзуларните претставништва во рок од 3 недели, соопшти Владата.

Сообраќајните знаци на меѓународните патни правци во земјата, давајќи предност на ендонимите (во англиска транскрипција) врз егзонимите (на македонски јазик во кирилско писмо) да се променат во рок од 2 месеци.

Промовирани огласи »

KARIERA.mk го донесе FACEBOOK во Скопје!

KARIERA.mk го донесе FACEBOOK во Скопје!

Вчера успешно заврши една целодневна обука, настан со кој KARIERA.mk практично ја започна серијата на ексклузивни обуки за менаџери за човечки ресурси во македонските компании.

Над 20 директори за човечки ресурси од различни IT компании, Телекомуникации, Фармацевтската индустрија, Агенциите за вработување како и други менаџери, вчера успешно ја завршија специјалната обука предводена од ФЕЈСБУК специјалистот со долго годишно искуство во областа на регрутирањето и изнаоѓањето на таленти, г-ѓа Мауд Дуранд.

Мауд Дуранд, од 2009-та година, има работено за добро познатата мрежа LinkedIn, во која имаше можност да помага во создавањето и спроведувањето на новиот модел за регрутирање наречено “Scalable sourcing model”.

Сега, таа доаѓа од FACEBOOK, каде што работи како еден од најстратешките менаџери во HR светот и го управува процесот на регрутирање на топ-таленти на глобално ниво. Ова е посебна можност за сите тие што сакаат да ги подобрат техниките за регрутирање на млади таленти како и лично усовршување на оваа област.

Мауд Дуранд, како светски познат експерт, истотака е позната и како успешен „ловец„ на млади таленти од областа на IT.

Овој настан беше организиран од страна на KARIERA.MK со поддршка на глобалната Агенција The PWorld.

KARIERA.mk е најразвиената мрежа во Македонија која ги поврзува компаниите и кандидатите за вработување. Во моментов, оваа услуга ја користат повеќе од 2.250 компании во Македонија и се регистрирани над 70.000 лица кои бараат работа. Во изминатите 2 години KARIERA.mk им помогна на компаниите со над 12.000 огласи за работа.

Директорот на KARIERA.mk, г-дин Норик Селими вели дека “Со оваа обука ние отвараме ново поле во нашата компанија и во наредниот период ќе донесеме менаџери за човечки ресурси од многу светски компании и експерти од областа. Целта на овие обуки е да се донесе иновација во нашиот пазар и да им ги овозможиме на домашните компании најсовремените искуства во светот на човечките ресурси„

Промовирани огласи »

Светска банка: Да се подигне старосната граница за да има пари за пензии

Македонија има потреба од реформирање на својот пензиски систем за да може да ги издржи фискалните притисоци, како и да ја подобри својата правичност, порачува Светска банка.

Македонија има потреба од реформирање на својот пензиски систем за да може да ги издржи фискалните притисоци, како и да ја подобри својата правичност, порачува Светска банка во извештај фокусиран на пензиските реформи.

Примената на еден силен пакет политички мерки би можел фискално да го стабилизира и да ја подобри правичноста на пензискиот систем во земјата. На пример зголемување на возраста на пензионирање би го пролонгирало останувањето на работа на работниците, би ги зголемило новите стапки на замена и би ги намалило пензиските расходи и дефицити до два отсто од БДП на годишно ниво до почетоците на 2030 година, наведуваат во извештајот.

Според Светска банка, усогласувањето само на доспевањата во системот на генерациска солидарност за сите години на стаж со доспевањата на пензии за учесниците во вториот столб, исто така, нагло би го подобрило финансирањето на пензииите. Во извештајот, исто така, се наведува дека отстранувањето на ограничувачката максимална граница за доспевање за доброволните учесници во вториот столб веднаш ќе ги зголеми нивните нови стапки на замена блиску до нивото карактеристично само за системот на генерациска солидарност и ќе ја елиминира актуелната неправичност на системот со повеќе столбови.

Сепак од Светска банка сметаат дека зголемувањето на максималната граница на доспевање за доброволните и задолжителните учесници во вториот столб, воведувањето на социјална пензија и враќањето на членовите кои се постари од 50 години од вториот столб во системот на генерациска солидарност ќе доведе до дополнителни трошоци, како и на краток така и на долг рок.

Во извештајот се наведува дека согласно меѓународните стандарди пензиското трошење на Македонија е на високо ниво на повеќе од 10 отсто од БДП и е нешто што дополнително ќе се зголемува во наредните две децении ако не се направат реформи. Според Светска банка високите пензиски расходи на Македонија во најголем дел произлегуваат од дополнителните ад-хок индексирања и карактеристики на актуелниот систем на придонеси и пензии. Проекциите, како што стои, откриваат дека без реформа, пензискиот систем на земјата и понатаму ќе создава значителен дефицит што е веќе на ниво од четири проценти од БДП.

Од Светска банка сметаат дека во изминатава деценија е дојдено до влошување на финансирањето на пензискиот систем.

Наместо да се спроведуваат дополнителни реформи во област што се клучни за пензискиот систем, како што се промена на ефективните стапки на доспевање, возраст на пензионирање и индексирањето на пензиите, властите се впуштија во ад-хок дополнително зголемување на пензиите, намалување на стапките на придонеси и воведоа укинување на придонесите со цел промовирање на вработување. Ваквите политики доведоа до зголемување на расходите за пензии и до растечки дефицит, стои во извештајот.

Сметааат дека во намалувањето на пензискиот дефицит а истовремено задржување на куповната моќ на пензиите би помогнало применувањето на индексирање на пензиите од половина во однос на платите половина во однос на цените на потрошувачката, во индексирање само врз основа на растот на цените.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »