Вистината е дека работодавачот очекува од самите кандидатите да имаат свои прашања за поставување, но исто така има многу теми кои никогаш не треба да се отвараат на интервју. За почетници, еве неколку можни теми кои би биле возбудливи за вас, но не би ве направиле омилени во очите на интервјуерот.
1. Колку често групата на работници излегува да се дружи?
Сосема е природно да се посакува работа во која што после работното време ќе излезете на пијалок. Како што знаете, вистината е дека вие поминувате повеќе време со колегите/колешките од работа отколку што поминувате време за дружење со другите луѓе во вашиот живот. Но да прашувате регрутер за вработување околу тоа што се случува после работното време, звучи дека на вас многу ве интересира забавата отколку работата. Треба да се грижите за културата, но прикажување тоа на ваков начин не ви донесува некое дополнително нешто, дури и ако тоа би било компанија позната по тоа што работниците одлично си поминуваат.
- На место тоа, препорачливо е да прашате: Би сакал да слушам повеќе околу фактот како овде групата работи заеднички, како би ја дефинирале културата на самата компанија?
2. Дали ја добив работата?
Добро, можеби не сте „глупи“ толку колку што звучи преку зборовите, но враќајки се назад на моите денови на регрутирање, би бил фасциниран од спременоста на луѓето да ми кажат: „Вие сте брилијантен!“ Но, еве што е работата: дури и кога мислите дека воспоставивте врска со интервјуерот, важно е да не имате очекувања од комплименти или гаранции во врска со тоа дека ќе продолжите во натамошната фаза на процесот.
- На место тоа, препорачливо е да се прашува: „Во еден идеален свет, што би требало да направи една личност кој би се нашла во ова позиција за да му помогне на својот менаџер?
3. Ако ова не успее, дали би ме сметале за некоја друга отворена работна позиција?
Често пати би ги повикал пак на интервју во врска со некоја отворена работна позиција поради фактот дека биле фантастични, но единствениот проблем е дека во тоа време не би се склопиле во побарерната улога. Има само една карактеристика која беше заедничка кај сите нив: Додека траеше интервјуто ниеден од нив не побара нешто од тоа. Поради фактот дека ме замолија да ги зачувам нив во нашата датабаза за некоја следна можна работна позиција, беше тешко за мене да замислам некое друго лице да ги принидува за друго интервју, затоа би ги сметал нив како можен кандидат со полно работно време во нашата компанија.
Кажете нешто едноставно, како на пример: „Како долгогодишен обожавател на вашата организација, ми беше задоволство да се видам со вас денеска„.
Наоѓање на вистинските прашања за прашување додека трае едно интервју е тешко. Но, половина од битката е да се знае кои прашања да се одбегнуват. Значи, пред да започнете со прашување прашања кои доаѓаат од вашиот ум, бидете многу внимателни со впечатокот што саката да го оставите.
