Промовирани огласи »

Nokia 3310: Протече фотографија од новиот дизајн

Првите фотографии од новата верзија на Нокиа 3310

Nokia носталгичарите со нетрпение ја дочека фотката од новата Nokia 3310, која се враќа со сличен дизајн, со кој очигледно има допирни точки во споредба со изгледот на претходникот. HMD Global вели дека новата Nokia 3310 ќе чини 59 евра. 

Ова е концепт за новиот модел, кој најверојатно нема да изгледа вака, затоа што се нагодува дека нема да биде паметен телефон, туку мобилен телефон со основните функционалности за повикување, пораки и долготрајна батерија. 

Nokia 3310: Протече фотографија од новиот дизајн

Да се стрпиме уште некој ден додека да ја видиме новата Nokia на Светскиот мобилен конгрес во Барселона.

Промовирани огласи »

Спортска кариера - Мајкл Фелпс се допингувал и освојувал медали

На повидок е скандал - дали некој ќе се осуди да му ги земе медалите?

Тој земал капсули габапентин, противепилептично средство кое формално не е допинг, но влегува во листата на забранети супстанци за користење според Меѓународната федерација за коњички спортови. Да бил болен од епилепсија, тој не би можел да се занимава со пливање и не би можел да стане олимписки шампион со најмногу медали во историјата.

Хакерската група "Фенси берс" на руските медиуми им испрати документи со нови имиња на допингувани спортисти, односно "Декларација за користење" на Американската анти – допинг агенција во која се наведени сите препарати, витамини и слични супстанци кои се користени пред да се даде допинг примерокот.

Се што се наведува во таа декларација е легално од гледна точка на допинг контролата, бидејќи ако спортистот користел нешто забрането, нема причина да зборува за тоа пред тестирањето. Сепак, во долументот кој го пласираше хакерската група "Фенси берс" може да се забележат неколку нелогичности кои тераат да се размисли за "чистотата" на одредени спортски ѕвезди.

Во документите е споменато и името на Мајкл Фелс, кој е 23. кратен олимписки шампион во пливање. Тој има наведено дека на 13. април за време на натпреварувањето "Арена про свим сирис" земал три капсули габапентин. Тоа е противепилептично средство кое формално не е допинг, но влегува во листата на забранети супстанци за користење според Меѓународната федерација за коњички спортови.

Зошто Фелпс користел средства проти епилепсија само тој си знае. Да бил болен од епилепсија, тој не би можел да се занимава со пливање и не би можел да стане олимписки шампион со најмногу медали во историјата. Лекарите препорачуваат дека епилептичарите не смеат да се занимаваат со пливање или пак доколку пливаат тоа е пред строг надзор.

Фелпс на последните Олимписки игри во Рио де Жанеиро, мината година освои пет златни и еден сребрен медал, по што објави крај на кариерата.

Олимпискиот шампион со репрезентацијата на САД, Дејмон Грин, освен мултвитамини, калциум и рибиното масло, кој не се штетни, во декларацијата навел дека користел и тегретол и габарентин, лек кој се користи за епилепсија и не влегува во списокот на забранети.

Во септември руската хакерска група влезе во базата на Светската анти – допин агенција и објави документи според кои одредени американски спортисти систематски се допингувале, а меѓу нив беше и првиот тениски рекет Серена Вилијмас и најдобрата гимнастичарка Симона Бејлс.

Промовирани огласи »

Германците бараат работници и меѓу средношколците

Германија сака навремено да ги пополни работните места

Германија планира да „увезе“ 120.000 лекари. Кадри се бараат за местата во Германија кои важат за побогати и понаселени.

Болниците и домовите за стари лица во Германија се подготвени да платат од 500 до 2000 евра за да најдат работник од странство кој пробно ќе работи 6 месеци.

Но,  побарувачката на кадри оди чекор понатаму, така што Германците веќе имаат поделено промотивни материјали и по училиштата во Србија. На овој начин Германците настојуваат да си ја обезбедат работната сила која ја немаат.

На учениците им нудат волонтирање, стипендирање, пракса, и вработување, а одличното знаење на германски јазик не е задолжително.

Промовирани огласи »

Српскиот Премиер Вучиќ со една од најкреативните реклами на Балканот - дали е прифатлива?!

Скоро милион прегледи на оваа "морбидна" реклама

Креативна реклама на српскиот политичар и Премиер Александар Вучиќ. Коментарите сепак се поделени, за тоа дали оправдуваат или не ваква реклама. Погледнете и проценете сами:

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »