Конечно е викенд! Да се надеваме дека во наредните 48 часа, ќе се наспиете, ќе ги исполните сите желби од вашата викенд-листа и ќе се вратите во понеделник со чувство на свежина и спремност. Сепак, следното сценарио е поверојатно. Викендот одминува и од секунда во секунда се чувствувате уште повеќе исцрпени од претходниот ден. Ова сценарио се случува кај повеќето од нас, но не би требало.
Постојат неколку стратегии кои може да ги направат вашите викенди повеќе продуктивни и најважно од се да се чувствувате дека траат подолго од еден миг.

1. Одредете колку треба да бидете ангажирани со работа во текот на вашиот викенд
Според Дејвид Ален, автор на најпродаваната книга ”Getting Things Done”, исклучувајќи се потполно за време на викендот од своите обврски не е реално за повеќето луѓе. Неговиот совет е да го дознаете точно колку сакате да го ангажирате својот ум а притоа истиот да не го оптеретувате. Можеби тоа ќе биде да ја проверувате својата електронска пошта два пати дневно или пак секои 30 минути. Тука нема вистински одговор. Одлучете што ви одговара најдобро и потрудете се да го практикувате. Доколку можете потполно да се исклучите од обврските и да се чувствувате удобно, направете го тоа!
2. Направете еден чекор наназад од социјалните медиуми
И покрај тоа што е во ред да се провери вашата електронска пошта, Крис Бејли, автор на "The Productivity Project”, препорачува избегнување на социјалните медиуми за време на викендите.
Колку повеќе луѓето се исклучуваат од социјалните медиуми, тие стануваат посреќни”, објасни тој. ”Тоа не спречува да се опуштиме и да ги наполниме своите батерии.
Бејли се исклучува од сите видови на уреди кои го поврзуваат со социјалните медиуми од 8 до 20 часот. Иако тоа не е изводливо за секој, тој препорачува создавање на ”ден без интернет”, исклучувајќи го својот рутер и правејќи работи кои не вклучуваат користење на интернет. Обидете се да го убедите вашето семејство за оваа идеа и барем за дел од денот. Кој знае, можеби сите ќе уживате!
3. Поставете три јасни цели за вашиот викенд
Можеби сакате да имате луда ноќ - или да ја исчистите својата гаража. Како и да е, Бејли препорача три специфични цели за целиот викенд. Иако тоа може да изгледа досадно на прв поглед, земање неколку моменти да се запрашате што сакате да се постигнете со вашето слободно време ќе ви помогне да си дадете приоритет на вашите активности.
4. Придржувајте се до вашето вообичаено време за спиење и будење
Различно време за спиење може да биде исто толку лошо како и недоволно спиење. Одејќи во кревет во различни временски периоди за време на викендот може да го збуни вашето тело и да си поигра со вашиот циклус на спиење. Колку и да сакате да останете будни подоцна во петок или сабота навечер, вие не би требале да го направите тоа. Придржувајте се да спиете во истото време како било кој ден од работната недела, а доколку сакате да продолжите со спиењето изутрина, тоа е сосема во ред, но обидете се да не биде повеќе од 30 минути од вообичаено.

5. Поминувајте време со луѓе кои ви значат
Вложувајќи го вашето време во такви врски ќе направи да создадете убави спомени”, вели д-р Гејл Салтз, вонреден професор по психијатрија во New York Presbyterian Hospital Weill-Cornell Medical College
Д-р Гејл препорачува правење на планови за време на викендите, наместо само да се седи пред телевизор. ”Играта кај возрасните е подобра за разлика од завршување на некои обврски, а резултатите придонесуваат за позитивно влијание врз вашиот викенд”.

6. Скротете го стравот од недела
Според Салтз, нормално е да се соочиме со стравот од недела или пак анксиозност за престојната недела. Нејзини совети за да ги победите овие стравови е да одите во прошетка или трчање, вежбање на споро дишење или наједноставно зборете со вашите блиски за престојната недела.
Правејќи ги овие работи ќе допринесе да се преиспитате, а доколку треба да ја проверите својата електронска пошта, направете го тоа. Само не го правите тоа при крајот на ноќта, препорачува Салтз
Сега сте спремни за викендов што не очекува! Ви посакуваме долг и убав викенд придржувајќи се кон овие 6 правила за живот преку викендот кој толку многу го чекаме.