Тој земал капсули габапентин, противепилептично средство кое формално не е допинг, но влегува во листата на забранети супстанци за користење според Меѓународната федерација за коњички спортови. Да бил болен од епилепсија, тој не би можел да се занимава со пливање и не би можел да стане олимписки шампион со најмногу медали во историјата.

Хакерската група "Фенси берс" на руските медиуми им испрати документи со нови имиња на допингувани спортисти, односно "Декларација за користење" на Американската анти – допинг агенција во која се наведени сите препарати, витамини и слични супстанци кои се користени пред да се даде допинг примерокот.
Се што се наведува во таа декларација е легално од гледна точка на допинг контролата, бидејќи ако спортистот користел нешто забрането, нема причина да зборува за тоа пред тестирањето. Сепак, во долументот кој го пласираше хакерската група "Фенси берс" може да се забележат неколку нелогичности кои тераат да се размисли за "чистотата" на одредени спортски ѕвезди.
Во документите е споменато и името на Мајкл Фелс, кој е 23. кратен олимписки шампион во пливање. Тој има наведено дека на 13. април за време на натпреварувањето "Арена про свим сирис" земал три капсули габапентин. Тоа е противепилептично средство кое формално не е допинг, но влегува во листата на забранети супстанци за користење според Меѓународната федерација за коњички спортови.
Зошто Фелпс користел средства проти епилепсија само тој си знае. Да бил болен од епилепсија, тој не би можел да се занимава со пливање и не би можел да стане олимписки шампион со најмногу медали во историјата. Лекарите препорачуваат дека епилептичарите не смеат да се занимаваат со пливање или пак доколку пливаат тоа е пред строг надзор.
Фелпс на последните Олимписки игри во Рио де Жанеиро, мината година освои пет златни и еден сребрен медал, по што објави крај на кариерата.
Олимпискиот шампион со репрезентацијата на САД, Дејмон Грин, освен мултвитамини, калциум и рибиното масло, кој не се штетни, во декларацијата навел дека користел и тегретол и габарентин, лек кој се користи за епилепсија и не влегува во списокот на забранети.
Во септември руската хакерска група влезе во базата на Светската анти – допин агенција и објави документи според кои одредени американски спортисти систематски се допингувале, а меѓу нив беше и првиот тениски рекет Серена Вилијмас и најдобрата гимнастичарка Симона Бејлс.