Промовирани огласи »

Оваа грејна сезона без еко-налепници на возилата

Мерката ќе ја прескокне оваа сезона на загадување

Еко-налепниците како мерка против енормното загадување, според предвидената динамика, ќе се имплементираат на возилата за следната, а не за тековната грејна сезона, појаснуваат од Министерството за економија.

Од таму појаснуваат дека допрва ќе се одредува кој и како ќе ги плаќа налепниците во зелена, жолта и црвена боја и на кој начин ќе се одбере економскиот оператор кој ќе го изработува.

За определување на еколошката категорија на возилата, формата, содржината и начинот на поставување на еколошка налепница ќе се донесе посебен подзаконски акт, и тоа во рок од шест месеци од денот на влегување во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за возилата - гласи одговорот за „Фактор“ од Министерството за економија.

Новите прописи би стапиле на сила шест месеци откако законот ќе биде усвоен и објавен во „Службен весник“. Процесот на измени на овој закон почна на 5 јануари годинава, а конечно Владата го достави законот во Собранието на 6 ноември. Тројца владини министри или заменик-министри – Крешник Бектеши, Оливер Спасовски и Јани Макрадули на 8 и 10 ноември ги најавија еколошките налепници како една од мерките што ќе придонесат за намалување на загадувањето на воздухот.

Промовирани огласи »

Практиканството можност за вработување на младите луѓе

Регионот учи од Македонија за Практиканство и за Младинска гаранција

Како држава имаме две добри пракси кои можеме да ги презентираме. Првото е носење закон за практикантство кој е во владина процедура и овозможува младите по завршено образование да се стекнат со вештини и знаења кај работодавач и понатаму да останат кај него, да бидат вработени или со тие вештини да се понудат на пазарот на труд. Втората е „Гаранцијата за млади“ која мината година се пилотораше во три општини и во нив даде вработени 1.400 млади лица. Ова ни дава основа да ја прошириме во 2019 и во 2020 очекувам да имаме и законско решение согласно европските насоки и политики.

Ова вчера го изјави министерката за труд и социјална полотика Мила Царовска по отворањето на регионалната работилница за практикантство под покровителство на Советот за регионална соработка во рамки на проектот „Платформа за вработување и социјални работи“.

Директорката на Агенцијата за вработување на Република Македонија Билјана Јовановска изјави дека за нив приоритет остануваат политиките и мерките за вработување на младите луѓе со цел да се вработат и да останат во Република Македонија.

Тим лидерот Нанд Шани изјави дека Регионалниот совет за соработка поддржува шест држави од Западен Балкан преку проектот што е финансиран од ЕУ за вработување и социјални работи.

Ги поддржуваме министерствата за труд и социјални работи и националите служби за вработување за изградба на капацитети за изработка на подобри политики на полето на вработувањето. Во Скопје заедно со МТСП и со АВРМ ги поканивме претставаниците од другите министерства за труд и агенциите за вработување од другите држави за да ги видат позитивните искуства од македонскиот закон за практиканство и гаранцијата за млади. Искуствата за практикантство овде се едни од најдобрите во регионот, овде е пилоторана и „Гаранцијата за млади“ така што сакавме другите држави од регионот да се запознаат со македонските искуства, рече Шани.

Одговарајќи на новинарско прашање директорката Јовановска рече дека во делот Гаранцијата за млади можат да ја сметаат за успешна мерка, за успешен пилот- проект.
– За практикантството во 2017 година, над 50 отсто од лицата кои беа вклучени веќе засноваа работен однос. Оваа година беше зголемен опфатот на лица вклучени во практикантство, некаде околу 1.200 лица беа со потпишани договори, а во тек е реализација на самата мерка и очекуваме во декември да излеземе со број колку од нив веќе имат склучено договори, рече Јовановска. Додаде дека од нивните искуства на терен, над 50 отсто од лицата ќе засноваат работен однос. Согласно мерката, работодавачите немаат задолжителна обврска да ги задржат лицата на работа.

Промовирани огласи »

Ова е важно за Македонците кои чекаат бугaрски пасоши

Додека многумина сеуште чекаат за него

Многу Македонци сѐ уште чекаат за бугарски пасош, а буагрскиот премиер, Бојко Борисов предлага затворање на Агенцијата за Бугари во странство.

Македонските граѓани се пожалија дека не можат да ги поднесат документите поради скандалот во Агенцијата и истрагата за корупција при издавањето бугарски пасоши, јави агенцијата БГНЕС.

Пред зградата на Агенцијата за Бугарите во странство денеска повторно имаше ред за поднесување документи за бугарско државјанство.

Од минатиот месец претседателот на Агенцијата за Бугарите во странство Петар Харалампиев е уапсен. Четворица добија обвиненија – претседателот, генералниот секретар на агенцијата и уште двајца други. Секретарот на агенцијата Красимир Томов во приватниот банкарски сеф чувал повеќе од половина милион лева.

На состанокот на Владата во средата, премиерот Борисов изјави дека агенцијата ќе биде затворена.

Промовирани огласи »

Наставниците со над дваесетгодишно искуство ќе бидат на часовите со нивните помлади колеги и ќе им укажуваат како се предава и како се учат ученици, соопшти за Деца.мк заменик-министерот Петар Атанасов. Според очекувањата, овој закон треба да се усвои во јуни, а ако тоа се случи, ќе почне да се применува од следната учебна година.

Потрошени се 20 години, милиони евра за обуки за наставници од кои нема никаков резултат. Сега идејата е обуки да се прават на самото работно место. Грешката била системска, наставниците сме ги ваделе надвор од училиште за да одат на обуки, на кои им зборувале странци, домашни експерти, па повторно сме ги враќале во истиот систем, каде што не се спроведувало наученото од обуките. Со промените е предвидено пет-шест наставници во секое училиште да работат како подучувачи со тоа што ним ќе им биде скратен бројот на часови. Откако ќе седат на час со помладите колеги, потоа ќе го анализираат часот, ќе прават рекапитулар, како е предадена лекцијата, зошто, на пример, применувал само испрашување и слично – објаснува Атанасов.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »