Промовирани огласи »

Возилата што загадуваат да плаќаат поскапа регистрација

За да добиеме чист воздух, ќе треба да имплементираме многу мерки и да вложиме многу пари.

Домаќинствата што се греат со фосилни горива најмногу го загадуваат воздухот со ПМ 10 и 2,5 честички, а дизел-возилата се главни загадувачи со азотни оксиди.

Според студиите изработени од Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој на МАНУ, кои беа презентирани вчера на работилници во Градот Скопје, над 90 отсто од отровните прашини во воздухот ги емитираат оџаците на домаќинствата, а само десет отсто се од возилата. Издувните гасови од автомобилите, пак, учествуваат со 60 отсто во загадувањето на воздухот со азотни оксиди.

За да добиеме чист воздух, ќе треба да имплементираме многу мерки и да вложиме многу пари. Целосно да го смениме начинот на затоплување на домовите и да возиме електрични возила, велосипеди или да користиме јавен транспорт. Според еден од изработувачите на студиите на МАНУ, Александар Дединец, краткорочни решенија не постојат, а важно е да се дејствува во сите сектори истовремено за да се постигнат резултати.

Како главни виновници за лошиот квалитет на воздухот ги лоциравме домаќинствата кои се загреваат на огревно дрво. За нив препорачавме мерки за приклучување кон топлификацискиот систем како една од најбрзите мерки, како и продолжување на субвенциите за набавување печки на пелети или инвертери. Изолацијата на домовите е едно од решенијата, за да се намалат потребите за греење. За возилата предлагаме да плаќаат различна сума за регистрирање, или да се оданочуваат различно при увоз, а основа да биде податокот колку возилото емитира јаглероден диоксид, вели Дединец.

Една од поважните мерки која може да влијае на квалитетот на воздухот во Скопје е и замената на такси возилата со електрични до 2025 година. Тие поминуваат над 40.000 километри годишно што автоматски ја оправдува инвестицијата бидејќи би се вратиле многу брзо преку заштедата на гориво. Во земјите на Европската Унија, посочи Дединец, една четвртина од стакленичките гасови се резултат на емисиите од транспортот. Во Македонија тој процент е помал, околу десет отсто, но постојано расте. Тоа е резултат на фактот што во периодот од 2012 до 2015 година 77 отсто од возилата кои биле купени биле дизел.

Возниот парк во земјава е многу застарен, а најголемиот дел од возилата задоволуваат стандарди од еуро 3 и еуро 4. Најголемиот проблем се јавува кај товарните возила од кои 40 отсто немаат никаков стандард и масовно го загадуваат воздухот, вели Дединец и посочува дека доколку се применат сите препорачани мерки во секој од засегнатите сектори за седум години загадувањето од ПМ 10 и 2,5 ќе се намали до 93 отсто од домаќинства и 20 отсто од возилата. Дополнително, најави дека МАНУ ќе ги испитува и влијанието на индустријата кон квалитетот на воздухот со што ќе се добие комплетна слика за состојбата во Скопје.

Промовирани огласи »

Најголема плата во Словенија со 1.082 евра, а најмала во Македонија со 393 евра

Македонија единствена во регионот со просечна плата под 400 евра

Според последните официјални податоци, најголема просечна плата во регионот има Словенија, а најниска во Македонија.

Според најновите податоци на словенечкиот Статистички завод, проселната месечна нето плата во оваа земја во август годинава изнесувала 1.082 евра. И тоа е единствена плата во регионот чиј износ е над 1.000 евра.

По Словенија следува Хрватска, каде во август проселната плата била 6.264 куни или 843 евра.

Следна е Црна Гора каде според последните податоци на Монстат, проселната заработка без даноци и придонеси во септември била 512 евра, што е за 0,2 отсто повеќе отколку во август.

Најниски просечни плати во регионот имаат Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Имено, според податоците на Агенцијата за статистика на БиХ, проселно исплатена нето плата за вработените во БиХ за септември изнесува 877 КМ или 448 евра, што покажува номинален раст за 1,7 отсто во однос на декември 2017 година.

Според Републичкиот завод за статистика на Србија, проселната плата без даноци и придонеси (нето) пресметана во август годинава, изнесувала 49.773 денари, односно 421 евро.

Последните статистички податоци од Заводот за статистика на Македонија покажуваат дека проселната плата во Македонија во август годинава изнесувала 24.210 денари или 393 евра.

Промовирани огласи »

Идеална понуда од НЕПТУН - Големи попусти и до 48 рати без камата на сите производи!

Додека сите имаат само Black Friday во Нептун има HAPPY WEEKEND, акција со големи попусти и до 48 рати БЕЗ камата на СИТЕ производи!

Додека сите имаат само Black Friday во Нептун има HAPPY WEEKEND, акција со големи попусти и до 48 рати БЕЗ камата на СИТЕ производи! Од 21-26 ноември, до 48 рати без камата со haPPy кредитот или до 24 рати без камата со кредитни картички потрошувачите ќе можат да си ги купат потребните производи по промотивни – haPPу цени со големи попусти. Нептун со оваа акција им овозможи шопинг до 24 рати без камата и на синдикалните организации со кои има склучено договор за соработка.

Искористете ги големите попусти и можноста за шопинг до 48 рати без камата на целиот асортиман! Разгледајте ги понудите во 25-те продажни салони на Нептун ширум Македонија. Одлична понуда и голем избор на: телевизори, прочистувачи на воздух, фрижидери, машини за перење, плотни, фурни, сушари, компјутери и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина. Во Нептун може да најдете производи од вашите омилени брендови: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други.

Нептун како најголем малопродажен ланец за бела техника и електроника во Македонија е веќе препознатлив по овој концепт на продажба, каде им нуди на своите купувачи исклучителна можност да набават продукти од целокупниот продажен асортиман по промотивни цени и можност да плаќаат на рати без камата. Покрај тоа, потрошувачите во Нептун добиваат и:

- Кешбек од 5% при купување со кобрендираната НЛБ haPPy MasterCARD картичка

- За секоја кумулативна купопродажба во вкупна вредност од  30.000 денари, се добива ваучер од 900 денари за идни купувања.

За да ги погледнете деталите од акцијата „HAPPY WEEKEND 21-26.11.2018” кликнете на следниот линк: https://www.neptun.mk

Промовирани огласи »

Вип продолжува со реализација на едукативната програма за деца за безбедно користење на интернет низ целата земја

“Интернетот не e само игра. Кликај безбедно...” добива свое продолжение и во учебната 2018/2019 година

Едукативната програма за деца - “Интернетот не e само игра. Кликај безбедно...” на телекомуникациската компанија Вип продолжува и во учебната 2018/2019 година.

Вториот циклус на програмата, кој оваа година е предвидено да опфати повеќе од 20 основни училишта од различни градови на Република Македонија, започна денес во О.О.У. „Крсте Мисирков“ во Куманово за учениците од 4-то одделение при училиштето.

Ми претставува особено задоволство што денес продолжуваме со реализација на програмата ‘Интернетот не e само игра. Кликај безбедно...’ која на сите нам во Вип ни е особено драга. Оваа учебна година го надградуваме проектот и продолжуваме со уште поголем број на основни училишта на територијата на Република Македонија, а се разбира нашата долгорочна цел е проектот да прерасне во традиција и да опфатиме што е можно поголем број на ученици. Целта на проектот е да ги подготвиме децата уште од најмала возраст да знаат како подобро и паметно да ги ползуваат придобивките од Интернетот при нивното континуирано учење, надградба и забава, со особен акцент на нивната безбедност при неговото користење, изјави Мислав Галер, извршен директор на Вип. 

Партнери на проектот и оваа година се Министерството за образование и наука на Република Македонија, Бирото за развој на образованието, како и менаџментот и наставниот кадар на основните училишта каде се реализираат предавањата.

Од особена важност е образовниот процес континуирано да се надградува и надополнува со  содржини и програми кои соодветствуваат со динамиката и потребите на современото живеење, без разлика дали станува збор за формално или неформално учење. Навистина ми е драго што компанијата Вип вистински ја препознава потребата и активно придонесува кон создавање на придобивки кои ги користат најмладите генерации. Децата по природа се љубопитни и ги користат сите расположливи начини како да дојдат до саканите информации, а сите ние, и како институции, и како родители и како претставници на корпоративниот сектор, имаме обврска да им ги обезбедиме потребните ресурси кои придонесуваат за нивниот понатамошен развој, изјави Арбер Адеми, Министер за образование и наука на РМ. 

На настанот свое обраќање имаа и градоначалникот на општина Куманово г. Максим Димитриевски и Директорот на О.У. „Крсте Мисирков“ г. Александар Јовановиќ кои ја поздравија програмата и истакнаа дека соработките од ваков вид значително придонесуваат кон јакнење на капацитетите на граѓаните и децата во заедницата, но и подготовка за реалниот свет на најмладите. 

Предавањата и оваа година ќе ги реализираат вработените на Вип, кои преку интерактивни и интересни предавања прилагодени на возраста и образовната програма, ќе го прошируваат знаењето на учениците за Интернетот, фокусирајќи се на безбедноста и заштитата на личните податоци на децата. 

Во рамките на едукативната програма, до крајот на учебната година ќе бидат опфатени учениците од  четврто одделение во 12 општини: Битола, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Прилеп, Неготино и Гевгелија

Проектот “Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно” е дел од иницијативата “Интернет за сите” на Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2013 година. Во рамките на проектот, минатата година предавањата ги проследија повеќе од 700 четврто-одделенци, од 28 македонски и албански паралелки од 10 училишта од 8 општини на територијата на град Скопје, а активно беа вклучени и повеќе од 70 наставници, директори, педагози и психолози од училиштата. Целта на оваа иницијатива е преку различни алатки, програми и тренинзи, учесниците да ги стекнат неопходните компетенции за нивно вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата. 

Повеќе информации за Вип и едукативната програма “Интернетот не е само игра. Кликај Безбедно” се достапни на веб страницата на Вип - www.vip.mk 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »