Промовирани огласи »

Без изговори! Правилата во сообраќајот важат и за мотоциклистите

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги потсетува мотоциклистите дека не постојат никакви изговори и оправдувања, сообраќајните правила и прописи важат и за нив исто како и за сите останати учесници во сообраќајот.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги потсетува мотоциклистите дека не постојат никакви изговори и оправдувања, сообраќајните правила и прописи важат и за нив исто како и за сите останати учесници во сообраќајот. 

Како посебно ранлива категорија на учесници во сообраќајот, мотоциклистите треба да бидат двојно повнимателни и двојно поодговорни учесници во сообраќајот. Почитувањето на сообраќајните правила и прописи и почитувањето на поставената сообраќајна сигнализација, од страна на мотоциклистите, е повеќе од неопходно, ако се има во предвид фактот дека при секој судир на моторно возило и мотоцикл, ризикот и веројатноста од сериозна повреда на мотоциклистот е навистина голема – велат од РСБСП.

Статистичките податоци покажуваат дека во Република Македонија мотоциклистите претставуваат само 0,5% од вкупниот број учесници во патниот сообраќај, а приближно 10% од вкупниот број загинати лица во сообраќајни незгоди. Најголем број од загинатите мотоциклисти припаѓаат на возрасната група од 25 до 34 години. Несоодветната брзина на возење и неупотребата на заштитна опрема и заштитен шлем се издвојуваат како главни причини за трагичните последици од сообраќајните незгоди.

Користењето на останатата, дополнителна заштитна опрема, како што се заштитна јакна, заштитна облека, заштитно елече и други додатоци (чизми, наочари, кожни панталони, ракавици итн.), иако се исклучително важни за безбедноста на мотоциклистите и лицата кои се превезуваат на мотоцикл, сепак нивното користење не е задолжително со ЗБСП, но е препорачливо пред сѐ заради безбедноста на мотоциклистите и на лицата кои се превезуваат на мотор.

РСБСП потсетува дека секој мотоциклист покрај останатите правила и прописи во сообраќајот, особено мора да знае дека:

  • движењето во група треба да биде еден зад друг;
  • возачот на мотоцикл не смее со мотоциклот со кој управува да преминува преку пешачки премини и пешачки патеки, на начин на кој ја загрозува безбедноста на пешаците во сообраќајот;
  • не смее да управува со мотоциклот под дејство на алкохол и не смее да превезува лице кое е под дејство на алкохол;
  • не смее да превезува дете помало од 12 години;
  • не смее да пренесува предмети пошироки од еден метар;

Возачот на мотоцикл е должен да управува со возилото на начин на кој не се намалува стабилноста на возилото и не се попречуваат другите учесници во сообраќајот, а особено не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или да турка предмети што можат да го попречуваат во управувањето со возилото или да ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот.

РСБСП препорачува, во овој период од годината, да се направи техничка проверка на мотоциклот, да се заменат маслото и филтерот, да се провери и наполни акумулаторот, да се провери течноста за ладење на моторот, да се исчисти или замени филтерот за воздух, да се проверат сопирачките и течноста во сопирачките (глицеринот), да се провери притисокот на воздух во гумите и особено да се провери дебелината на шарата на гумите.

Промовирани огласи »

БИТКОИНОТ ГО ДОПРЕ ДНОТО: Криптовалутата се топи

Стрмоглав пад

Биткоинот денеска изгуби повеќе од 7,5 отсто од вредноста и падна на помалку од 4 500 долари што е пад од речиси третина.

Овој стрмоглав пад ја тресе најпознатата светска криптовалута, во рок од една недела, додека се случува распродажба во дигитални валути интензивирана на цел пазар.

Останатите дигитални валути, нагло паднаа, а Ethereum исто така бележи пад од 10 отсто и  Ripple XRP за 13 отсто, воглавно поради депресијата на пазарот.

Биткоинот сега се тргува за 4,354.20 долари, што е најниско ниво на берзата на Bitstamp од октомври 2017.

Промовирани огласи »

KARIERA.mk го носи HR специјалистот од Facebook во Скопје на работилница за IT компаниите

KARIERA.mk го носи HR специјалистот од Facebook во Скопје на работилница за IT компаниите

Регистрирај се!

По барање на своите клиенти, KARIERA.mk со поддршка на PWorld, организира премиум целодневна обука која ќе се одржи на 11.02.2019 година во Скопје. Обуката ќе биде предводена од светскиот признат HR специјалист од Facebook - Maud Durand. Ова ќе биде одлична можност за сите оние кои сакаат да ги усовршат техниките за лов на таленти и да се надоградат во таа област. Maud Durand ќе Ви посочи нови алатки и начини во одбирањето на кадар во процесот на регрутирање.

Искачете се едно скалило повисоко во областа на HR.

Обуката, со ограничен број е достапна само за клиенти на KARIERA.mk. Повеќе информации на 078 479 319.

Промовирани огласи »

Австралија ќе ја ограничи eмиграцијата

Неколкукратен рез

Австралија најверојатно ќе ја ограничи eмиграцијата, бидејќи нејзините градови се пренатрупани, изјави австралискиот премиер Скот Морисон. Како што рече во говорот во понеделникот вечерта, неговата влада ќе работи на намалување на годишната квота, која моментално изнесува 190.000 eмигранти, на околу 30.000 doselenici, според германската новинска агенција ДПА.

Оваа година 160.000 луѓе се преселија во Австралија, што е пониско од годишната квота. Според најновите податоци, повеќето имигранти во Австралија доаѓаат од Индија, 20%. 15 отсто се од Кина и девет отсто од Велика Британија. Речиси 262.500 постојани и привремени визи беа доделени во Австралија минатата година, со население од над 25 милиони.

Тој истакна дека најголемите градови во Сиднеј и Мелбурн се жртви на успехот на земјата. "Патиштата се пренатрупани, автобусите, возовите и училиштата се полни", рече тој. Додаде дека мигрантите во Сиднеј минатата година учествуваа со околу 70 отсто од целокупниот пораст на населението. "Растот на населението одигра клучна улога во нашиот економски успех. Но, исто така знам дека Австралијците во нашите најголеми градови се загрижени од порастот населението. Тие велат дека е доволно", изјави австралискиот премиер.

Тој објави дека ќе побара од шефовите на владите на сојузните држави да ги подготват своите демографски планови за да се дискутираат на 12 декември.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »