Многу од експертите веќе долго укажуваат на тоа дека секој втор апликант има употребено премногу клише реченици во своето CV и токму тие апликанти никогаш не се повикани на интервју.
Да разгледаме, што не треба да ставите во вашето CV
1. Користење на Microsoft пакетите
Во овој модерен свет не мора да го нагласиме со големи букви како вештина нашето работење на компјутер. Се смета дека со самото тоа што од најмала возраст во основното образование има часови по информатика на кои задолжително мораме да присуствуваме, ваквото нагласување на оваа вештина остава слика дека сте заостанале во времето штом сте толку многу горди на ова знаење.
2. Големи комуникациски вештини
Што всушност значи ова? Дали се однесува само на вашите бизнис комуникациски вештини или ова значи и дека навистина сакате да си муабетите. Секој од нас комуницира на еден или друг начин така што експертите сметаат дека ова не е спцифична вештина која треба да ја нагласите.
3. Тимски играч
Во апликациите за работа се почесто се сретнува фразата тимски играч. Аплицирате за вработување во некој фудбалски тим? Или пак аплицирате во високо класирана компанија која го цени индивидуалното размислување на секој професионалец.
4. Одличен во самостојна работа
Веднаш под описот добар тимски играч, следува и описот одличен во самостојна работа. Самото користење на две сосема различни особини едно под друго остава впечаток дека се обидувате да најдете работа по било кој основ. Размислете дали навистина сакате да работите под секој услов и како навистина изгледате во очите на идниот работодавец?
5. Добар однос со клиенти
Дали постои компанија во светот која не сака своите работени да бидат насочени кон односот со клиенти? Во модерниот бизис свет ова не е вештина туку секојдневна одлика на сите модерни луѓе и нема потреба да биде преттавена посебно во вашето резиме бидејќи се подразбира.
