Без разлика дали одите на интервју за работа од соништата или пак станува збор за вашиот прв настап надвор од колеџот, треба да се потрудите да се покажете во најдобро светло.
За среќа уметноста во интервјуирањето е можност за учење на вештини. Колку повеќе вежбате, толку подобар станувате.
Фејсбук директорот за регрутирање на глобално ниво Миранда Калиновски во интервју за Business Insider дава неколку корисни совети:
Размислете за вредностите
Осигурајте се дека вашето професионално и лично искуство е во согласност со целите на компанијата.
Ние вработуваме градители – вели таа. Под тоа се мисли дека без разлика од која област имате познавање, луѓето кои пристигнуваат тука се луѓе кои создаваат и учат нови работи.
Обезбедете детали
Вклучувањето на конкретни детали во текот на интервјуто, ќе го зголеми вашиот кредибилитет и ќе го импресионира оној кој ве интервјуира.
Имајте самодоверба
Битно е да бидете свој личен застапник. Во едно интервју се случи да сопрам за момент и побарам да почнеме одново бидејќи сметам дека не сум го дала максимумот во одговорот. Оној кој го водеше интервјуто ме охрабри и стекна позитивен впечаток за мене - вели таа.
Водете разговор
Калиновски смета дека од клучно заначење е да не се претерува на интервју, подобро е интервјуто да се води како еден вид на разговор и одговарање на прашања.
Нагласете го својот ентузијазам
Калиновски се присети на едно од интервјуата каде кандидатот отишол толку далеку што се понудил да работи бесплатно. Таа нагласува дека Фејсбук никогаш нема да ја прифати таквата понуда, но сепак тоа е добар гест. Дефинитивно треба да се најде начин да го изразите својот ентузијазам.
Сработете ја својата задача
Пред да одите на интервју истражувајте за компанијата, голем број на компании како што е Фејсбук имаат свои веб-сајтови со корисни информации и статии.
