Промовирани огласи »

Забрани за користење на тоалети во македонските училишта

Голем број на недостатоци низ Македонија, но Инспекторатот тука не можел да замижи

Државниот санитарен и здравствен инспекторат донел одлука да се забранат за користење тоалетите во три основни училишта во Македонија поради влага и непријатен мирис се додека не се санираат санитарните јазли.

Контролите се направени уште пред пет месеци, односно во текот на април и мај. Иако имало и други тоалети на тапет, овие три биле „најнебезбедни“, објави „Независен“.

Временската рамка на забрана ја приспособуваме и во однос на потребите на институцијата и според реалните можности. Џабе е ние да напишеме 15 дена, ако е тоа врзано за тендери и неизводливо е да се обезбедат средствата. На пример, ако во училиштето има вкупно шест санитарни јазли, се реновираат прво три, потоа другите, тоа се прави заедно во договор со училиштата, да не останат без тоалети за употреба. Станува збор само за забрана за употреба на тоалети во три училишта во земјава, така што ова е добра состојба, изјави директорката на инспекторатот Ирина Сотирова-Бухова.

Инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат издале 191 решение за отстранување на недостатоци. 

Промовирани огласи »

Автоматите за наплата не ги примаат новите банкноти од 10 и 50 денари

Имаш пари, ама како да ги немаш: Новите банкноти не „влегуваат“ секаде

Се употребуваат веќе четири месеци, но со новите банкноти од 10 и 50 денари, граѓаните не можат да платат паркинг на автомат, тие пари не можат да ги вметнат во машините за плаќање на фактури за комунални сметки, пишува Фактор.

Иако има можност уредите да се прилагодат, компаниите тоа не го сториле досега, па граѓаните се наоѓаат во ситуација и покрај тоа што имаат пари, да не можат да ја платат услугата.

Од Народната банка велат дека тие уште во мај, кога беа пуштени во оптек новите полмерни банкноти, ги повикале фирмите кои имаат вакви машини да ги прилагодат софтверите. Велат дека тоа може да се стори и сега, по што автоматите ќе ги препознаваат новите пари.

Промовирани огласи »

По 10.600 денари социјална помош за семејствата кои сега земаат 3.029

Социјалната помош рипна за 300 отсто, наместо по 50 ќе примаат по скоро 200 евра

Искоренување на детската сиромаштија е главната цел во социјалната реформа, кажа на денешната прес конференција министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Таа рече дека со досегашните законски решенија детски додаток примаат само децата од оние семејства кои имаа гарантиран приход до 10.000 денари, а дека од социјална заштита се исклучени децата од семејствата во социјален ризик. Со реформата детски додаток од следната година ќе примаат 73.500 деца.

Она што е главно во реформата е дека детската сиромаштија е наш таргет. Детскиот додаток го примаа многу малку семејства, само оние што имаа приход до 10.000 денари. Тоа не беше ниту минимална плата, ниту парична помош. Сега детскиот додаток го примаат 3.200 деца, а од следната година 73.500 деца ќе примаат детски додаток. Овој додаток нема да го добиваат само семејствата со гарантиран приход, туку и сите семејства со едно вработено лице. Образовен додаток ќе примаат и децата од семејствата со минимален приход, па ако сега овој додаток го примаат 3.800 деца, од следната година ваков додаток ќе примаат 64. 316 деца, рече Царовска.

Премиерот Зоран Заев кажа дека од следната година четиричлено семејство, кое е во социјален ризик и каде има еден член кој не е работоспособен ќе добива месечен надомест од 11.700 денари.

„За повеќе од 70 отсто од корисниците на социјална помош овој паричен надомест е три пати повеќе од тоа што досега го добивале. Со реформата во социјалната заштита воспоставуваме систем за социјална заштита на семејствата што живеат во сиромаштија и воведуваме начин за извлекување од сиромаштијата. Го олеснуваме пристапот до детскиот додаток, но и ја зголемуваме сумата што по овој основ ќе ја добива едно семејство. Со реформата на системот на социјална и детска заштита воведуваме и нови дотатоци за поддршка на деца од семејства кои се во системот на социјална заштита и деца од домаќинства со ниски примања“, рече Заев.

Тој кажа дека паралелно на овие семејства ќе им обезбедат и поддршка за довршување на образованието, за полесно да излезат на пазарот на труд и да најдат работа.

Покрај зајакнувањето на постојните социјални услуги и нивно натамошно приближување до крајните корисници ќе има и нови услуги, во чие пружање ќе бидат вклучени општините, здруженијата на граѓани, физички лица и приватниот сектор, рече Заев.

Министерката Царовска објасни дека типичен пример на македонско четиричлено семејство се двајца возрасни и две деца, и тие од следната година ќе добиваат социјална помош од 10.600 денари, а сега добиваат социјална помош од 3.020 денари. Според неа ниското ниво на социјална заштита што важи сега е резултат на штетно законско решение кое е донесено претходно, со кое по третата година од примање на социјалната помош, вкупната сума на социјална помош се намалува за 50 отсто.

Промовирани огласи »

КАРИЕРА.мк обука: Како лесно да го пронајдеш твојот прв работодавец и како да се претставиш во најдобро светло

Пронајди го лесно својот прв работодавец и претстави се во најдобро светло!

Секој студент се соочува со предизвикот: Како да го пронајде својот прв работодавец?

КУПИ НА ГРУПЕР ЗА 299 ДЕНАРИ!

ДОБИВАТЕ

Едукативен курс во времетраење од еден час и 45 минути со следните модули

  • Како да го напишам моето најуспешно CV + мотивациско писмо
  • Како да определам кој оглас е за мене и како да пребарувам огласи
  • Правила за моето прво интервју со работодавецот / совети и најчести грешки

УСЛОВИ

  • Купонот може да се искористи од 22.09.2018 до 06.10.2018

Купонот може да се искористи во термин по избор во еден од закажаните термини (еден ваучер важи за еден термин и во еден термин се обработуваат 3те модули во времетраење од еден час и 45 мин. со пауза од 15мин)

  • 22.09.2019 – сабота 11h - 12:45h
  • 26.09.2018 – среда од 18h - 19:45h
  • 06.10.2018 – сабота од 17h - 18:45h

Предавањата се изведуваат од стручни лица во областа на IT и HR со повеќегодишно искуство.

Курсот се изведува во просториите на КАРИЕРА.МК, во термин по избор (работни или викенд денови).

За успешно завршен курс се добива КАРИЕРА сертификат.

Едно лице може да купи само еден купон.

Курсот се изведува во мали групи од максимум 6 кандидати.

КУПИ НА ГРУПЕР ЗА 299 ДЕНАРИ!

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »