Уставниот суд денес ќе излезе со одлука за тоа дали домаќинствата кои се исклучени од топлинската енергија и понатаму ќе продолжат да плаќаат за услугата.

Министерот за економија, Крешник Бектеши истакна дека Регулаторната комисија за енергетика подготвува нов Правилник, од кој ќе произлезат обврските за граѓаните кои не користат парно греење, а сепак паушално плаќаат.
Се ќе зависи од Правилникот. Тој веќе се подготвува во Регулаторната Комисија за енергетика и ова прашање ќе биде опфатено со новиот Правилник. , откако ќе излезе новиот закон за енергетика. Ако уставниот суд ја укине обврската, тогаш ќе се почитува тоа, изјави Бектеши.
Над 12 илјади домаќинства кои се исклучени од системот за снабдување на топлинска енергија, се уште секој месец плаќаат од 500 до 1.200 денари за услуга која не ја користат.
Граѓаните револтирани против одлуката, со години протестираа пред Уставниот суд, а во 2009 година судот ја укина одредбата со која на граѓаните им се наметнуваше обврска за плаќање на 50 проценти од сметката за парно.
Сепак, обврската за плаќање остана, а таа изнесува зависно од квадратурата на станот.
За ваквото толкување на правилниците, судот се прогласи за ненадлежен, па затоа исклучените граѓани од системот на БЕГ најавија и тужба во Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.
Тагови: парно греење