Промовирани огласи »

Се намалува старосната граница за пензионирање на рударите

Владата го усвои предлог-законотза намалување на старосната граница за пензионирање на рударите

Рударите ќе се пензионираат само со работен стаж. Жените со 35 години, а мажите со 40-годишен работен стаж, а за тоа се изготвени и законски измени, информира денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

На денешната седница, како што потенцира министерката била усвоена точката за измени и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување што им овозможува бенфициран стаж на рударите.

- Со досегашниот закон тие би заинувале во пензија на околу 58 годишна возраст, а со новиот закон тие ќе заминуваат во пензија на околу 50 години,

Таа посочи дека сега за секоја година пропорционално ќе им се пресметува бенифицираниот стаж и така побрзо ќе навршат 40 години бенифициран стаж и ќе можат да заминат во пензија.

Се очекува во 2019/2020 година околу 100 лица да го остварат пензионирањето врз основа на ова законско решение, нагласи Царовска.

Министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека рударството е многу значајно за индустриското производство во Република Македонија.

Како сектор учествува со 8,31 отсто од индустриското производство, а директно и индиректно вработува над 10.000 граѓани во Република Македонија, посочи Бектеши.

Тој наведе дека ќе се работи и за дополнување и изменување на законот за минерални суровини.

Се намалува старосната граница за пензионирање на рударите

Промовирани огласи »

Гимназијата „Јосип Броз-Тито” најде решение за мобилните телефони на учениците

Дали учениците треба да имаат дозвола за користење на мобилни телефони во училиштата?

Инстаграм, снеп чет, фејсбук, твитер се добро утро на секој средношколец. Колку денешните тинејџери се зависни од мобилните дали може да поминат еден без нив?

Носењето мобилен телефон во училиште, родителите го оправдуваат со тоа дека во секој момент можат да знаат каде е нивното дете и што прави, но од друга страна пак, каде би било детето освен во училиште и што би правело освен да учи и да се дружи со другарчињата. Наставниците се жалат од однесувањата на децата, велат дека тие се постојано со мобилен во рака и постојано се обидуваат да најдат начин да им го задржат вниманието и да заборават на телефонот.

-Технологијата и мобилните телефони допринесоа за деконцентрација на часовите и незаинтересираност од страна на учениците. Бидејќи јас работам со првачиња, се обидовме пред часот да им ги одземеме телефоните, за да не им го одвлекуваат вниманието, но веднаш наидовме на спротиставување од страна на родителите, кои посочиња дека мобилниот телефон е приватна работа и дека токму и затоа служи мобилниот телефон, за да биде во нив. Сега употребуваме методи за да им го одвлечеме вниманието подалеку од мобилниот телефон, но верувајте многу тешко оди, а се помала помош имаме од страна на родителите.

Промовирани огласи »

„Бесплатно образование“: Што сѐ купуваат родителите за на училиште?

Дечињава од прво и второ одделение сакаат да одат во сала на час по физичко, но немаат никакви реквизити. Им предложив на родителите да собереме пари за да им купиме топки и плус некој реквизит за да си го одржуваат часот наместо да седат во училница, вел

Во нашето бесплатно образование родителите сè уште сами ги купуваат овие производи, иако општините се тие што треба да им ги обезбедат. Некаде родителите сами гледаат што им недостига на децата, па немаат друг избор освен да купат, а некогаш и самите наставници им кажуваат што треба да обезбедат.

Дечињава од прво и второ одделение сакаат да одат во сала на час по физичко, но немаат никакви реквизити. Им предложив на родителите да собереме пари за да им купиме топки и плус некој реквизит за да си го одржуваат часот наместо да седат во училница, вели една родителка.

Порано се знаеше книги купувавме на старо, а пари за хартии и хигиенски сердства воопшто не се собирале. Лани, во некои скопски училишта се купуваа телевизори, ДВД, ролетни....Сите овие работи стојат зад слоганот „за доброто на вашите деца“.

Сметам дека училиштата треба да си го решат овој проблем. Ние родителите не сме должни постојано самоиницијативно да собираме пари за нешто. Она што најмногу ме зачудува е што одредена група на родители како одвај да чекаат да го отворат ќесето и да истресат пари за доброто на дечињата. И доколку се побуниш дека не е во ред, дека немаме должност и обврски да купуваме такви работи за училиштето, те гледаат со лутина, вели една скопјанка мајка на третодделенец.

Од Министерството за образование и наука велат дека  тие додатоци треба да ги обезбеди  локалната самоуправа, тие не треба да ја заборават грижата за училиштата. 

Промовирани огласи »

Италија воведува забрана за работа на продавниците во недела

За да се зачува семејството Италија забранува „шопинг“ во неделите

Италија воведува ново правило кое тешко кој би можел да го избегне, а целта е зачувување на семејната традиција.

До крајот на годината новата италијанска влада, според она што го пренесуваат светските медиуми повикувајќи се на италијанските медиуми, ќе забрани купување во недела односно шопинг во големи трговски центри, бидејќи сака да ја зачува традицијата на семејното дружење во последниот неработен ден во неделата, рекол потпретседателот на владата Луиџи Ди Мајо.

Во обид да поттикне економски раст, тогашниот италијански премиер Марио Монто ја либерализирал трговијата во недела во 2012, и покрај притисокот на Римокатоличката црква и синдикатот, кои тврделе дека земјата мора да ја сочува традицијата на одморање во недела, потсетува Ројтерс.

Оваа либерзалиција всушност, ги уништува италијанските семејства. Мораме да почнеме повторно да го ограничуваме времето на отворање и затворање (на трговски центри), рекол Ди Мајо, инаку лидер на Движењето на пет ѕвезди.

Тој додал дека големите продавници ќе мора да бидат затворени и во деновите на национални празници.

Сопствениците на мали продавници во Италија одамна сакаат да ја укинат реформата, бидејќи, велат се соочени со неправедна конкуренција на големите трговски центри.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »