Шелија Фредерик од Алабама е стјуардесата-хероина која успеа да спаси малолетна секс-робинка на нејзиниот лет од Сиетл кон Сан Франциско.
Само за информација, секоја година помеѓу 600.000 и 800.000 илјади луѓе се жртви на шверц со луѓе, а од нив 80 проценти се жени, од кои 50 проценти се малолетни. Затоа, ваквите приказни вреди да се споделат.Шелија при качувањето и сместувањето на патниците во авионот забележала постар човек со девојче кое имало едвај 14-15 години, но тоа што го предизвикало нејзиниот сомнеж бил фактот што додека човекот изгледал уредно и дотерано, девојчето изгледало измачено, неуредно и неухрането. Кога им се приближила да им помогне со сместувањето, забележала и дека девојчето воопшто не отвора уста на поставените прашања, а човекот одговарал наместо неа.


На девојчето навистина му требало помош, и откако Шелија ја прочитала оставената порака, го пријавила случајот на пилотот, кој пак веднаш ја известил полицијата во Сан Франциско. Полицијата го чекала авионот на аеродромот, каде човекот бил приведен, а девојчето било спасено. Таа денес е студентка која е благодарна што го живее својот втор живот благодарение на оваа храбра и благородна стјуардеса!
Погледнете ја сторијата: