Промовирани огласи »

Vip продолжува да го збогатува своето портфолио и ја објавува најновата промоција во Vip Combo тарифното портфолио овојпат создадена за комплетна комуникацијаи забава за целото семејство со единствена понуда на пазарот – подарок таблет,со што Vip уште еднаш ја потврдува својата заложба да креира производи со повеќе вредност за корисницитена мобилни и фиксни услуги.

Најновата промоција која е достапна за сите нови и постоечки корисници е одговор на навиките на современото живеење и барањата на корисниците за неограничена и безгрижна комуникацијаза сите членови од семејството. Уверени сме дека корисниците ќе направат најдобар избор доколку активираатеден од пакетите од Vip Combo Neo, со што заедно со своите семејства ќе продолжат да уживаат не само во своите домови, туку каде и да се наоѓаат. Со оваа понуда, Vip обезбедува врвно корисничко искуство и дополнителна вредност на своите производи, изјави Елена Панова, маркетинг директорка во Vip.

Со избор на Vip Combo Neo 4M корисниците добиваат целосно решение за комуникациските потреби на целото семејство:

  • интерактивна телевизија и можност да гледаат до 130 ТВ канали,
  • неограничен интернет со брзина 50/3 Mbps,
  • бесплатна фиксна линија со неограничени разговори кон фиксни мрежи,
  • 2 мобилни линии Vip Neo M секоја со 10GB,
  • HBO Premium пакет 12 месеци вклучен во претплататаи
  • подарок таблет Alcatel Pixi 4 (7)

HBO Premium пакетот покрај услугите HBO GO и HBO on Demand, ги вклучува и телевизиските канали HBO, HBO2 и HBO3. Услугите HBO GO и HBO on Demand овозможуваат следење на најпопуларните HBO филмски содржини во било кое време, со HBO on Demand на ТВ уред, а со HBO GO било каде на мобилен уред.

Vip Combo Neo 4 вклучува и Vip Видеотека 3 месеци бесплатно како и Vip Now што на корисниците им овозможува да ги следат омилените телевизиски содржини на било кое место и преку било кој уред што го поседуваат. 

Промовирани огласи »

И оваа година, децата во основното образование ја започнаа со искинатите и уништени учебници од предходната генерација. На социјалните мрежи многубројни се реакциите на родителите кои се жалат на искинатите и уништени учебници кои ги добиле нивните деца.

-Мојот син вчера ги донесе книгите само една е сочувана останатите се парталав, испокинат, пополнет, вели Марија, мајка на четвртооделенец.

Останатите ученици кои немаат добиено книги на часовите цртаат или го повториваат стариот метеријал, пишуваат загрижените родители.

-Решаваат на наствни ливчиња задачи, ќерката веќе трет ден оди само со тетратка и моливче. Останатите часови им се по физичко..

Учебна година започна со повисоки плати за наставниците, корекции во 24 учебници за кои нема прецизирано датум кога ќе стигнат до учениците. 

Но, изостанаа крупните реформи најавени од претходната министерка Дескоска, како и очекуваните нови закони за основно и средно образование.

Промовирани огласи »

Поради масовното иселување македонските компании се повеќе се соочуваат со недостигот на работни сила

Бизнисмените го вклучија алармот, велат дека проблемот мора да се решава под итно

Поради масовното иселување македонските компании се повеќе се соочуваат со недостигот на работни сила од секаков вид. Бизнисмените го вклучија алармот, велат дека проблемот мора да се решава под итно. 

Има можност да се спречи на национално ниво со тоа што може да се направи одредена национална стратегија, да може да се отворат нашите можности, нашите компании, нашата држава за увезување на потенцијална работна сила, што покасно анализите ќе ни покажат. Бугарија го направи со увоз на претставници на потенцијална работна сила од Индија и Кина. Значи може да го следиме тој чекор.

Македонските компании исто така бараат еднакви услови како и странските инвестиции во ТИРЗ-овите. 

Но за жал засега нема решение за најголемата причина за иселувањето, а тоа е ниската плата, која воопшто не е доволнa за пристоен живот.

Промовирани огласи »

Samsung сепак наскоро со екран на превиткување

Samsung ќе го прикаже смартфонот на превиткување во ноември оваа година

Во интервју за Си-Ен-Би-Си, шефот на мобилниот бизнис на Самсунг Ди Џеј Кох открива дека компанијата ќе го претстави својот прв смартфон со дисплеј на преклопување до крајот на годината.

Според него премиерата може да биде во рамките на конференцијата на компанијата во ноември, но засега не е јасно кога ќе започнат реалните продажби, па може да почекаме и до следната година за да го видиме моделот во продавниците.

Студиите на Самсунг покажале дека постои пазар за слични производи, но компанијата ќе се обиде да го диференцира од таблетите. Од интервјуто станува јасно дека развојот на производот е комплициран, но Корејците се речиси завршени со него.

Овој потег доаѓа во услови на сериозен пад на испораки на смартфони на Самсунг во вториот квартал и посилна конкуренција од компании како Епл и Хуавеи.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »