Промовирани огласи »

АТРАКТИВНИОТ COMBO BOX GO ДОСТАПЕН ВО САЛОНИТЕ НА VIP

Vip го збогати своето портфолио и го воведе новиот производ, Vip Combo Box Go, со кој корисниците добиваат лесен пристап до брз интернет, каде и да се во Македонија, кога и да им треба

Vip го збогати своето портфолио и го воведе новиот производ, Vip Combo Box Go, со кој корисниците добиваат лесен пристап до брз интернет, каде и да се во Македонија, кога и да им треба.

Овој производ e најдоброто решение за интернет во викендици, камп, како и за сите корисници на кои им е потребен интернет во домот, но само во одредени периоди од годината. Претплатата е само 99МКД/месечно, а по потреба корисниците можат да активираат и дополнителни интернет пакети со траење од 24 часа, цел викенд, неделни или месечни пакети.

На овој начин, корисниците добиваат едноставно решение за интернет по потреба, а воедно и лесна контрола на своите трошоци.За користење на интернет, корисниците имаат можност да активираат еден од следниве интернет пакети:

Дневен пакет (24 часа) од 5GB со еднократна доплата од 99 ден.

Викенд пакет (3 дена) од 20GB со еднократна доплата од 199 ден.

Неделен пакет (7 дена) од 50GB со еднократна доплата од 299 ден.

Месечен пакет (30 дена) од 100GB со еднократна доплата од 799 ден.

За оние кои имаат потреба и од Телевизија, Vip нуди и решение – Vip Combo Box Go 3, со кое уредот за Интернет се комбинира со дополнителен DVBT приемник и преку кој корисникот во секое време ќе има пристап до 20 национални канали, за месечна претплатата од само 199МКД/месечно.

Дополнително на оваа услуга, корисниците имаат можност, по потреба, да активираат и дополнителни ТВ пакети – Super ТВ пакет, со кој за 199 денари/месечно добиваат: National Geographic, Viasat History, Viasat Explorer, Viasat Nature, Da Vinci Learning, SK1, SK2, Fox, Fox Life, Fox Crime, Fox Movies, CinestarTV, Cinestar Action&Thriller, TV 1000, Cinemania, Magic, VH1 Europe, BabyTV, Boomerang, Cartoon Network, Pikaboo, 24Kitchen, E! Entertainment, CNN.

Промовирани огласи »

“BACK TO SCHOOL” акција во Нептун! Од 03-24 септември големи попусти на лаптопи, смартфони, таблети и IT опрема или до 24 рати без камата со haPPy кредит и со кредитните картички на НЛБ Банка, Стопанска банка АД Скопје, Охридска Банка, Халк Банка и Дајнерс МК.

На почетокот на школската година подновете се вие и вашите најсакани по одлични цени и со можност за плаќање до 24 рати без камата! Разгледајте ги одличните понуди онлајн на Neptun.mk или во 25-те продажни салони на Нептун ширум Македонија. Изберете од големата понуда на лаптопи, таблети, мобилни телефони и ИТ опрема. Во Нептун може да најдете производи од вашите омилени брендови: Samsung, Huawei, Apple, Asus, Acer, Lenovo, HP, Lenovo, Canon, Sony, Xiaomi, Motorola и многу други. Секој купувач ќе може да најде нешто соодветно и поволно за себе и за своите најблиски.

Нептун како најголем малопродажен ланец за бела техника и електроника во нашата држава е веќе препознатлив по овој концепт на продажба, каде им нуди на своите купувачи исклучителна можност да набават продукти по промотивни цени и можност да плаќаат на рати без камата. Малопродажната мрежа на Нептун, 20 години е присутна на македонскиот пазар и во моментов е застапена со 25 продажни места во 21 град во Македонија. За ОНЛАЈН купување и да ги погледнете деталите од акцијата „ BACK TO SCHOOL 03-24.09.2018” кликнете на следниот линк: https://www.neptun.mk

Промовирани огласи »

Овие професии се лоши за здравјето

Еве кои професии се тоа...

Универзитетот во Калифорнија неодамна го спровел истражувањето, чии резултати имаат за цел да покажат кои професии се лоши за нашето здравје. Некои од резултатите навистина ќе ве изненадат.

Најзагрозени се градинарите кај кои поради природата на работата често се јавуваат респираторни заболувања. Потоа, следат оние кои работат во рестораните, секретарките и наставниците, односно професорите. Оние кои работат ноќни смени исто така не се добри за организмот, поради нарушениот биоритам.

Според истражувачите, сите оние професии кои предизвикуваат нарушен, односно неуреден животен ритам се лоши за нашето здравје, бидејќи на долг рок предизвикуваат стрес, нарушено метаболизам, намалена енергија и пад на имунитетот. Особено ризична категорија се оние кои работат прекувремено (повеќе од 11 часови) кај кои постои ризик  од појава на депресија.

Кон депресија се склони и болничарите и докторите. Тоа се случува поради неможноста да помогнат да се спасат човечктие животи.

Промовирани огласи »

Плаќањето на патарина е задолжителна, но еве кои возила се ослободени од тоа

Глоба во износ од 100 до 300 евра во денарска против вредност ќе му се изрече за прекршок ако корисникот на патот, билетот за патарина – фискалната сметка или билетот за наплата на патарина со претплата не ја чува во возилото за цело време на движењето на

Прибирањето на надоместокот за користење на патот во Република Македонија се врши преку отворен систем за наплата составен од 10 наплатни станици.

Согласно Законот за јавните патишта наплатата на надоместокот (патарината) за користење на патот го врши Јавното претпријатие за државни патишта, при што задолжително на корисникот му издава билет за патарина - фискална сметка која корисникот е должен да ја чува во возилото за цело време на движење на патот како доказ за наплатена патарина и да ја покаже на овластено службено лице, определено со закон.

Плаќањето на надоместокот за користење на пат (патарина) е задолжителна за сите корисници на патот, негов дел или објект на патот.

Согласно Законот за Регистрирање на готовински плаќања, задолжително е издавање на фискална сметка при готовински плаќања за извршениот промет, односно услуга.

Глоба во износ од 100 до 300 евра во денарска против вредност ќе му се изрече за прекршок ако  корисникот на патот, билетот за патарина – фискалната сметка или билетот за наплата на патарина со претплата не ја чува во возилото за цело време на движењето на патот или не ја покаже на овластени лица определени со закон.

Според  Законот некои возила се ослободуваат од плаќање патарина и тоа:

-Возила со полициска придружба

-Видливо означени возила на Армијата на Република Македонија, полицијата, Царинската управа, Агенцијата, итната медицинска помош, Црвениот крст на Република Македонија, противпожарните служби, Државен инспекторат за транспорт, Дирекцијата за заштита и спасување, Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта “Македонија пат“ - Скопје и погребалните возила;

-Возилата на лица заболени од дистрофија, мултиплекс склероза, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплемија, детска парализа (полиомиелитис), слепите лица со оштетување на видот над 90%, лица на дијализа и лица со ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување над 80%, утврдено со акт на надлежната комисија во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »