Промовирани огласи »

Плаќањето на патарина е задолжителна, но еве кои возила се ослободени од тоа

Глоба во износ од 100 до 300 евра во денарска против вредност ќе му се изрече за прекршок ако корисникот на патот, билетот за патарина – фискалната сметка или билетот за наплата на патарина со претплата не ја чува во возилото за цело време на движењето на

Прибирањето на надоместокот за користење на патот во Република Македонија се врши преку отворен систем за наплата составен од 10 наплатни станици.

Согласно Законот за јавните патишта наплатата на надоместокот (патарината) за користење на патот го врши Јавното претпријатие за државни патишта, при што задолжително на корисникот му издава билет за патарина - фискална сметка која корисникот е должен да ја чува во возилото за цело време на движење на патот како доказ за наплатена патарина и да ја покаже на овластено службено лице, определено со закон.

Плаќањето на надоместокот за користење на пат (патарина) е задолжителна за сите корисници на патот, негов дел или објект на патот.

Согласно Законот за Регистрирање на готовински плаќања, задолжително е издавање на фискална сметка при готовински плаќања за извршениот промет, односно услуга.

Глоба во износ од 100 до 300 евра во денарска против вредност ќе му се изрече за прекршок ако  корисникот на патот, билетот за патарина – фискалната сметка или билетот за наплата на патарина со претплата не ја чува во возилото за цело време на движењето на патот или не ја покаже на овластени лица определени со закон.

Според  Законот некои возила се ослободуваат од плаќање патарина и тоа:

-Возила со полициска придружба

-Видливо означени возила на Армијата на Република Македонија, полицијата, Царинската управа, Агенцијата, итната медицинска помош, Црвениот крст на Република Македонија, противпожарните служби, Државен инспекторат за транспорт, Дирекцијата за заштита и спасување, Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта “Македонија пат“ - Скопје и погребалните возила;

-Возилата на лица заболени од дистрофија, мултиплекс склероза, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплемија, детска парализа (полиомиелитис), слепите лица со оштетување на видот над 90%, лица на дијализа и лица со ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување над 80%, утврдено со акт на надлежната комисија во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија.

Промовирани огласи »

ПЕКИНГ СО МАСОВНИ ИНВЕСТИЦИИ: Роботи станаа воспитувачи во детските градинки во Кина

Кина гази напред .. Масовно инвестирање во вештачката интелигенција

Избраниците на оваа градинка во Пекинг се газат од смеење додека се обидуваат да ја одмоткаат загатката поставена од новиот "воспитувач" - мал сладок робот со тркалезна глава и лице на допир.

Висок 60 сантиметри, автономниот образовен асистент Кико веќе се користи во 600 детски градинки во Кина. Тој раскажува приказни и им дава на децата логички задачи.

Овој бел, заоблен робот нема раце и се движи на мали тркала. Вградените камери му помагаат да се движи низ просторот, а децата можат да снимаат видеа преку нив.

Во Кина, роботите веќе купуваат, придружуваат стари луѓе или ги објаснуваат законите. Основачите на компанијата "Кико" се надеваат дека ќе ги прошират своите образовни асистенти во училницата.

Во градинка во предградијата на Пекинг децата слушаат како најмалиот едукатор Андроид раскажува со детски глас бајка за изгубениот принц во пустината .

Нивната задача е да му помогне на херојот на историјата да го најде вистинскиот пат со уредување на квадратни душеци кои го претставуваат патот низ кој поминува. На секој точен одговор Кико реагира со ентузијазам, а на екранот му се појавуваат светкави очи во форма на црвени срца.

"Образованието во денешно време не оди во една насока со наставник кој предава и ученици кои учат", изјавил за АФП Кандил Слоун која ги обучува наставниците како да го користат Кико.

Со овие целосно тркалезни глава и тело, роботот е навистина многу симпатичен. Кога децата го видат веднаш го прифаќаат, објаснува оваа поранешна учителка.

Освен во кинески детски градинки, производителот на роботи Кико се надева дека ќе ги продава своите производи во други азиски земји.

Пекинг веќе инвестираше многу во вештачката интелигенција во рамките на Програмата Напредок на Кина 2025, со цел да се развие високотехнолошкиот сектор.

Според Меѓународната федерација на роботиката, Кина е земја која ги користи повеќето индустриски роботи во светот. Постојат 340.000 во кинески фабрики.

Кинескиот пазар за роботи во сферата на услугите (од медицинска опрема до автоматски правосмукалки) минатата година бил со зафатнина од 1,32 милијарди долари (910 милиони евра). Се очекува дека до 2022 година оваа сума ќе достигне 4,9 милијарди евра, според консултантската агенција "Истражувањаво Кина".

Пекинг  неодамна беше домаќин на меѓународна конференција за роботика. Во програмата беа роботи хирурзи, бадминтонисти и тапанари.

Кинеска фирма претстави минатата година и ултрареалистични роботи кои можат да разговараат, да пуштаат машина, да прават сложени гримаси и дури да вршат сексуални контакти.

Кинескиот едукативен робот Аипал, опремен со вештачка интелигенција и висок колку петгодишно дете, беше претставен оваа година. Тој оди по стапките на Бибер, најмалиот Андроид, кој е на пазарот од 2015 година и е дело на јапонската компанија "Софтбанк роботикс".

Но директорката на градинката, каде се испробаат роботи, смета дека е потребно уште време додека роботите ги заменат професорите од крв и месо.

"За да предавате, треба да сте способни да комуницирате, да имате некаков, визуелен контакт, изрази на лицето. Сето ова е едукација", смета таа. "Не станува збор само за јазикот и содржината".

Роботте Кико, по цена од 10 000 јуани (1280 евра) за еден број - т.е. колку месечната плата на воспитувач во градинка - имаат сепак и предности, смета г-ѓа Сеи. "Што ми се допаѓа во врска со овие роботи? Тие се емотивно постабилни од луѓето", се смее.

Промовирани огласи »

Од денеска почнува бесплатното микрочипирање на милениците

Бесплатната идентификација и регистрација на домашните миленици (кучиња и мачки) ќе трае до 31 март идната година, односно додека не се потрошат набавените 100.000 микрочипови, а ќе се спроведува по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов денеска во Универзитетска ветеринарна болница при Факултетот за ветеринарна медицина ќе аплицира микрочип на домашен миленик. 

Со тоа и официјално ќе го означи почетокот на кампањата за бесплатно микрочипирање на домашните миленици – кучиња и мачки.

На настанот ќе присуствуваат и претседателот на Ветеринарната комора на Македонија Томислав Николовски, како и професорот Пламен Тројанчанец од Ветеринарната болница.

Бесплатната идентификација и регистрација на домашните миленици (кучиња и мачки) ќе трае до 31 март идната година, односно додека не се потрошат набавените 100.000 микрочипови, а ќе се спроведува по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Како што информира завчера директорот Атанасов кога ја промовираше кампањата, договори за бесплатно микрочипирање се склучени со 135 ветеринарни друштва. Сопствениците на милениците ќе треба да платат само 120 денари за пасош за домашен миленик што ќе можат да го употребат при патување надвор од државата.

Промовирани огласи »

Европа чекор до укинување на поместувањето на часовникот

Во анкетата учествуваа рекордни 4,6 милиони луѓе, а над 80 проценти од нив гласаа за укинување на поместувањето на часовникот.

Оваа недела беа објавени резултатите од интернет-истражувањето на Европската комисија, во кое Европејците гласаа дали сакаат да го укинат поместувањето на часовниците во пролет и есен.

Во анкетата учествуваа рекордни 4,6 милиони луѓе, а над 80 проценти од нив гласаа за укинување на поместувањето на часовникот.

Повеќе од 80 проценти од Европејците кои гласаа за поместување на часовникот гласаа и за тоа часовникот да остане на летното пресметување на времето, односно два часа понапред во однос на времето по Гринич.

Јункер во интервју за германскиот ЗДФ се осврна на резултатите од истражувањето и рече дека е убеден дека Европската Унија ќе премине на летно сметање на времето.

„Така ќе биде. Луѓето го сакаат тоа, и ние ќе го направиме”, уверено порача Јункер, и рече дека тоа ќе го предложи на Комисијата, а потоа следуваат земјите членки на ЕУ и Европскиот парламент.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »