Промовирани огласи »

Фото: Грците имаат некои нови налепници за Македонците кои одат на одмор таму

Деновиве на неколку македонски возила во некои туристички места во северна Грција беа залепени налепници до следнава содржина: „Ти не си Македонец, ти си Словен, Македонија е грчка“

Деновиве на неколку македонски возила во некои туристички места во северна Грција беа залепени налепници до следнава содржина: „Ти не си Македонец, ти си Словен, Македонија е грчка“, објави порталот МКД.мк.

Порталот пишува дека по оние официјални налепници кои грчките цариници сѐ уште ги лепат (не на сите возила, со многу помала фрекфенција од порано, и со многу послаб лепак) на возилата на македонските туристи кои одат на одмор во Грција, ова се некои нови „обележувања“ кои некои Грци посакуваат да ги истакнат.

Промовирани огласи »

Пет надоместоци кои газдите мора да ви ги исплатат секој месец

Секој работник има право на надоместок на трошоците кои се направени поврзани со работата, а се уредени со Закон за работни односи и колективниот договор.

Секој работник има право на надоместок на трошоците кои се направени поврзани со работата, а се уредени со Закон за работни односи и колективниот договор. 

Надоместок ви следува за следните трошоци:

1 Дневници за службени патувања во земјата (8% од основицата)

2 Дневници за службени патувања во странство во согланост со уредбата за издатоци за службен пат и селидби во странство

3 Теренски додаток доколку работите на терен (сместување, исхрана и слично)

4 Надомест за одвоен живот од семејството утврден во колективниот договор, но не помалку од 60% од основицата.

5 Ако користите сопствен автомобил ви следува надоместок од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат км

Законски надоместоци:

  • Доколку се селите за потребите на работата, трошоците ги покрива работодавачот
  • Регрес за годишен одмор или к-15 во висина од најмалку 40% од основицата

Покрај надоместоците наведени нагоре, на работникот му се исплатува надоместок и:

  • Во случај на смрт на работникот, на неговото семејство се исплатува надоместок во висина од три основици
  • Во случај на смрт на член на семејството, на работникот му се исплатува надоместок во висина од две основици
  • Во случај на потешки последици од елементарна непогода, на работникот му следува надомест во висина од една основица
  • За непрекинато боледување подолго од 6 месеци поради повреда на работа или професионално заболување на работникот му следува надоместок во висина на една основица
  • За 10 години работа кај истиот работодавач, на работникот му се исплатува јубилејна награда во висина на основицата
  • При заминување во пензија на работникот му следува најмалку двократен износ на основицата

Основицата за пресметување на надоместоците на работниците е всушност просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија која е исплатена во последните 3 месеци.

Промовирани огласи »

За шест години Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница

Подземен булевар со шест коловозни ленти на потегот меѓу зградата на поранешна „Нова Македонија" и булеварот „Борис Трајковски".

Турската компанија „Лимак" денеска ќе почне со градежните работи за изградба на подземната сообраќајница на местото на постојниот Јужен булевар. На потегот меѓу зградата на поранешна „Нова Македонија" и булеварот „Борис Трајковски" во должина од 800 метри ќе се гради подземен булевар со шест коловозни ленти. Булеварот ќе се гради шест години, a ќе чини 250 милиони евра.

Оваа сообраќајница треба да овозможи растоварување на дел од сообраќајниот метеж во строгиот центар на Скопје, но и побрзо патување меѓу населбите Карпош, Кисела Вода и Аеродром.

Турската компанија „Лимак“ уште во март 2012 година го купи градежното земјиште за да гради надземен комплекс со површина од околу 300.000 метри квадратни. Како дел од договорот, тие се обврзаа дека ќе ја изведат сообраќајницата пред да почнат да го градат новиот комплекс.

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје вели дека оваа подземна сообраќајница досега требало да биде изградена и во функција, но инвеститорот пет години бил заглавен во постапки и процедури во градот. „Претходната градска администрација не успеала да го реши тој проблем. На многу поедноставен и полесен начин граѓаните ќе можат да комуницираат од општина Аеродром и Кисела Вода до Карпош, односно центарот ќе може да биде бајпасиран на многу поедноставен начин отколку што сега се чини дека е“, вели Шилегов.

Фирмата „Чакар партнерс“ го изработи основниот проект и основниот сообраќаен проект за изведба на подземната сообраќајница.

Од денеска утре во наредните шест години ќе биде воведен привремен сообраќаен режим на булеварот „Македонија“ (зад Музејот на Град Скопје и ТЦ „Рамстор“) поради изведување градежни активности за изградба на подземна сообраќајница од страна на компанијата „Лимак“. Поради градежните зафати ќе се изврши и промена на трасата на автобуската линија „9“, а ќе се дислоцира и една автобуска постојка.

Од ЈСП Скопје информираат дека автобуското стојалиште на булеварот „Македонија“, кое е во непосредна близина на катната гаража (наспроти седиштето на „Макпетрол“), привремено ќе се премести на улицата „Јордан Мијалков“ (поранешна улица „Железничка“), после пешачкиот премин кој води до „Урбан парк“.

Променета ќе биде и трасата на движење на автобуската линија „9“, во насока од Клиничкиот центар кон Скопје Север. Автобусите од посочената линија на крстосницата меѓу улицата „Јордан Мијалков“ (поранешната улица „Железничка“) и улицата „Герман“, нема да вртат лево кон булеварот „Македонија“, туку, ќе продолжат да се движат право и истите подоцна ќе се приклучат кон булеварот „Македонија“ преку привремена улица пред натпатникот на улицата „Павел Шатев“, при што ќе продолжат да се движат по постојната траса на линијата „9“.

Промовирани огласи »

Новиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа, меѓу другото, предвидува казината и обложувалниците каде што се приредуваат игри на среќа, задолжително да бидат оддалечени најмалку 500 метри од факултети, универзитети, институти, библиотеки, детски градинки, домови за згрижување деца без родители и сл.

Оддалеченоста на просторијата до објектот каде се одржуваат игри на среќа се утврдува од границата на градежната парцела на која е изграден објектот (која е најблиску до деловната просторија) и влезот на деловната просторија во која се приредуваат игрите на среќа како најкратката хоризонтална оддалеченост, односно воздушна линија.

Потврда за оддалеченоста на просторијата до најблискиот објект каде се одржуваат игри на среќа издава општината на чија територија се наоѓа деловната просторија, во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.

Со законските измени се врши промена на висината на средствата кои се издвојуваат од буџетот за финансирање на спортот, а кои се собираат како резултат на уплатите на приредуваите на игрите на среќа. Се регулира и должноста на Владата да го информира Собранието за висината на собраните средства по основ на уплати од приредувачи на игри на среќа и на кој начин тие средства се користат.

Овие измени се поставени како точка на собраниската седница на 29 август, следната недела во прво читање. Подносители се пратениците од ДУИ, Ејуп Алими и Реџаил Исмаили.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »