Промовирани огласи »

По бон-тон, оваа храна не треба да се јаде на работното место

Останатите ги „ежи“ токму ова

Знаеме дека по бон-тон не е добро да “крадеме” храна од нашите колеги од заедничкиот фрижидер, ниту пак да јадеме пред компјутер, особено јадење со силен мирис. Но, не би требало да јадеме ниту бисквити, особено ако го ставаме во чај, покажуваат британските истражувања.

Секој петти испитаник рекол дека му пречи ова, особено ако колегата го натопува бисквитот во чај додека состанокот е во тек. Од друга страна, дури 71 отсто од испитаниците признаваат дека сакаат да ги натопуваат бисквитите во чај.Кога станува збор за бисквити, на вработените не им се допаѓа дури и кога колегата ќе им ја отвори кутијата. Сепак, ова не е најстрашно. Најмногу се ежат од трошките на маса кои некој ги направил додека уживал во неговата омилена ужина.

Дури 38 отсто од испитаниците сметаат дека ова е голем прекршок во деловниот-бонтон.

Промовирани огласи »

МУ ЈА ЗЕМА ТИТУЛАТА НА МЕЛБУРН: Виена рангирана за најдобар град за живеење во светот

По седум години на челната позиција, Мелбурн веќе не е најдобар град за живеење

Мелбурн ја загуби титулата најдобар град за живеење во светот по седум години на челната позиција.

Австралискиот град останува втор во листата најдобри градови за живеење.

Годишната листа ги оценува стабилноста, здравјето, културата и животната средина, образованието и инфраструктурата во 140 различни градови.

Еве ги првите 10 најдобри:

10. Аделаида, Австралија

9. Копенхаген, Данска

8. Токио, Јапонија

7 Торонто, Канада

6. Ванкувер, Канада

5. Сиднеј, Австралија

4. Калгари, Канада

3. Осака, Јапонија

2. Мелбурн, Австралија

1. Виена, Австрија

Големите финансиски, бизнис и културни центри Њујорк (57), Лондон (48) и Париз (19) го подобруваат своето рангирање, но остануваат далеку надвор од листата на Топ 10.

Еве ги 10-те најлоши градови за живеење:

131. Дакар, Сенегал

132. Алжир, Алжир

133. Дулала, Камерун

134. Триполи, Либија

135. Хараре, Зимбабве

136. Порт Морсби, Папуа Нова Гвинеја

137. Карачи, Пакистан

138. Лагос, Нигерија

139. Дака, Бангладеш

140. Дамаск, Сирија

Промовирани огласи »

Се огласи и Виз ер: Што велат од авиокомпанијата за летовите од Македонија

Компанијата Виз ер која е актуелна поради тоа што суспендира дестинации од аеродромите во Макеоднија откако Министерството за транспорт и врски ја прекина постапката за доделување финансиска поддршка за авиопревозници на која тие беа единствен понудувач д

Компанијата Виз ер која е актуелна поради тоа што суспендира дестинации од аеродромите во Макеоднија откако Министерството за транспорт и врски ја прекина постапката за доделување финансиска поддршка за авиопревозници на која тие беа единствен понудувач достави одговори на прашањата кои Фактор ги испрати во петокот. Прашавме дали ќе се пријават на новиот оглас на Министерството за транспорт и врски, дали ќе летаат на сите дестинации и како го коменираат прекинот на постапката. Во одговорот нема конкретни одговори, но тврдат дека се псоветени на постојано проширување на својата мрежа со ниски цени и создавање на повеќе достапни туристички патувања од аеродромите в Скопје и Охрид.

Во последните 7 години, кога прв пат почнавме да работиме во Македонија, па се до денес Wizz Air е водечка авиокомпанија во државата. Компанијата со постојано инвестирање во локалните операции и со обезбедување на поволни можности за патниците ја стекна довербата и лојалноста на повеќе од 4,6 милиони патници, транспортирани од 2011 година од целата земја. Нашата македонска флота во Скопје се состои од 2 Airbus 321 и 2 Airbus A320, што значи инвестиција од над 430 милиони долари. Оваа година локалниот тим на WIZZ во Македонија порасна на повеќе од 140 локални членови и според индустриските стандарди, операциите на WIZZ отворија повеќе од 900 индиректни работни места во 2017 година, стои во одговорот.

Додаваат дека Wizz Air ја нагласува својата посветеност на македонските корисници преку постојано проширување на својата мрежа со ниски цени и создавање на повеќе достапни туристички патувања од аеродромите во Скопје и Охрид

„Wizz Air во моментов нуди 30 рути до 14 земји со капацитет од 1,6 милиони седишта, остварени во продажба во 2018 година, што претставува раст од 23% во споредба со 2017 година. Оваа година авиокомпанијата го зголеми капацитетот на своите седишта со замена на 2 Airbus A320 авиони од локалната флота со два нови Airbus A321 и најави една нова рута од Охрид до Виена, која започнува во ноември.”, стои во одговорот.

Промовирани огласи »

Што може да изгубиме: Колку патници превезува Виз ер од Македонија

Нови моменти околу работата на „Виз ер“

Нови моменти околу работата на „Виз ер“, во Македонија ја нишаат идната активност на оваа унгарска нискобуџетна компанија во земјава. Инаку станува збор за водечки авиопревозник во Македонија, кој во текот на минатата година превезе 1,2 милиони патници на ниско-буџетните македонски авиолинии. Тоа беше пораст од 20 отсто на годишно ниво. Во таа година всушност с еслучи и своевидна експанзија на „Виз ер“ кога авиокомпанијата ја прошири скопската флота на четири авиони и воведе четири нови авиолинии од главниот град на Македонија до Будимпешта, Малта, Рим и Ваксјо.

Според нивните планови за годинава „Виз ер“ требаше да превезе 1,6 милиони патници или да порасне за 23 отсто во однос на 2017 година. Сепак тоа најверојатно нема да се случи со оглед на тао што, веќе е јасно, компаниајта суспендира две дестинации. Како што веќе објавивме „Виз ер“ ја суспендира продажбата на билетите за две дестинации од Македонија, само осум дена откако Министерството за транспорт и врски ја прекина постапката за избор на авиокомпанија за субвенционирање, а на кој единствен понудувач беше оваа унгарска нискобуџетна компанија. Имено од денеска не може да се закажува лет од Скопје до Барселона, подоцна од 26 октомври годинава и од Охрид до Лондон ако се закажува за после 24 октомври. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »