Македонија е со најмала просечна плата во регионот на поранешна Југославија, додека Словенија е на врвот на листата, јавува Анадолија.

Словенија со реализирана месечна нето плата од 1.077,77 евра за мај 2018. е земја во регионот, во која има највисоки примања и тоа е единствената плата во регионот, која изнесува над илјада евра. Просечната плата во Македонија во мај оваа година изнесувала 399,28 евра (24.509 денари), се наведува во истражувањето кое го објави Анадолија.
Највисоко зголемување на просечната нето плата е забележано во Хрватска. Таму платата се зголемила за 71,42 евра и достигнала 866,95 евра, во однос на истиот период лани.
Во Црна Гора просечната плата во јуни изнесувала 511 евра. Во Босна и Херцеговина во мај била на ниво од 448,59 евра, а во Србија 426 евра.
Во Црна Гора просечната нето заработувачка во јуни оваа година во однос на еден месец претходно забележала пад од 0,2 отсто, додека просечната нето заработувачка во јуни 2018 година во однос на истиот месец претходната година забележал раст од 0,2 отсто.