Промовирани огласи »

Словенија со највисока, Македонија со најниска плата во регионот

Платата едвај стигнува за живеачка, Македонија со најниски плати во регионот

Македонија е со најмала просечна плата во регионот на поранешна Југославија, додека Словенија е на врвот на листата, јавува Анадолија.

Словенија со реализирана месечна нето плата од 1.077,77 евра за мај 2018. е земја во регионот, во која има највисоки примања и тоа е единствената плата во регионот, која изнесува над илјада евра. Просечната плата во Македонија во мај оваа година изнесувала 399,28 евра (24.509 денари), се наведува во истражувањето кое го објави Анадолија.

Највисоко зголемување на просечната нето плата е забележано во Хрватска. Таму платата се зголемила за 71,42 евра и достигнала 866,95 евра, во однос на истиот период лани.

Во Црна Гора просечната плата во јуни изнесувала 511 евра. Во Босна и Херцеговина во мај била на ниво од 448,59 евра, а во Србија 426 евра.

Во Црна Гора просечната нето заработувачка во јуни оваа година во однос на еден месец претходно забележала пад од 0,2 отсто, додека просечната нето заработувачка во јуни 2018 година во однос на истиот месец претходната година забележал раст од 0,2 отсто.

Промовирани огласи »

Колку македонски домаќинства се без автомобил?

Бројките далеку од просекот на ЕУ

Повеќе од една третина од домаќинствата во Македонија во 2017 година не поседувале патнички автомобил, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според извештајот за снабденост на домаќинствата со трајни потрошни добра во периодот 2015 - 2017 година, патнички автомобил имале 59.6 проценти од сите семејства.

Во државата бројот на автомобили е во постојан раст и од 383.833 во 2015 година достигнува вкупно 403.316 регистрирани автомобили во 2017 година, покажуваат податоците од МАКСтат.

Бројот на нови моторни возила, односно гледано по прва регистрација се намалува, па така во 2017 година бројот на патнички автомобили со прва регистрација изнесува 26.609 возила, што споредено со 2016 година е намалување за околу четири илјади, кога биле регистрирани 30.423 нови возила.

Во периодот 2015-2017 година, процентот на семејства кои имаат патнички автомобил, е во постојан раст. Од 56,5 проценти во 2015 и 59,4 во 2016, на 59,6 отсто во 2017.

Промовирани огласи »

Нова цена на бензините во Македонија

Утре НОВА цена на горивата

Регуларно по две недели утре ќе ќе ја соопшти новата цена на горивата во Македонија.

Со минатата одлука поевтинија бензините за денар.

Со новата одлука, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалија за 1 денар во однос на цените утврдени со Одлуката од 10.07.2018 година и со тоа ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 7,00 ден/лит.

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намали за еден ипол денар и изнесува 62,50 ден/лит како и малопродажната цена Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кое се намали за еден денар изнесува 51,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 изнесува 33,897 денари.

Промовирани огласи »

Колку чини безбедноста на Цукерберг?

Koлку пари се трошат за оваа намена?

Фејсбук минатата година потроши 7,33 милиони долари за заштита на својот главен извршен директор, Марк Цукерберг во неговите домови и за време на неговата турнеја низ САД. Минатата недела од социјалниот гигант изјавија дека ќе обезбедат дополнителни 10 милиони долари годишно за негова лична безбедност, објави Блумберг. 

Цената за оваа година далеку ја надминува она што другите фирми ќе ја потрошат за своите шефови. 

На сите основачи на моќни компании не им е потребна сигурност. Извршител кој го избегнува центарот на вниманието, ги избегнува медиумските интервјуа и анонимно донира во добротворни цели, полесно може да се вклопи во јавноста.

Цукерберг е основач и лидер на една од највредните светски компании, редовно споделува фотографии и видеа за себе си играјќи со своите две ќерки, на средби со светските лидери и додека  јаде скара во дворот. Тој „тежи“ 68,6 милијарди долари.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »