Промовирани огласи »

Колку чини безбедноста на Цукерберг?

Koлку пари се трошат за оваа намена?

Фејсбук минатата година потроши 7,33 милиони долари за заштита на својот главен извршен директор, Марк Цукерберг во неговите домови и за време на неговата турнеја низ САД. Минатата недела од социјалниот гигант изјавија дека ќе обезбедат дополнителни 10 милиони долари годишно за негова лична безбедност, објави Блумберг. 

Цената за оваа година далеку ја надминува она што другите фирми ќе ја потрошат за своите шефови. 

На сите основачи на моќни компании не им е потребна сигурност. Извршител кој го избегнува центарот на вниманието, ги избегнува медиумските интервјуа и анонимно донира во добротворни цели, полесно може да се вклопи во јавноста.

Цукерберг е основач и лидер на една од највредните светски компании, редовно споделува фотографии и видеа за себе си играјќи со своите две ќерки, на средби со светските лидери и додека  јаде скара во дворот. Тој „тежи“ 68,6 милијарди долари.

Промовирани огласи »

Во кои земји е признаена и каде наскоро ќе важи македонската возачка дозвола?

На 26 јуни македонската Влада ја усвои декларацијата за меѓусебно признавање на возачките дозволи со Германија

Според извори на МИА, македонските државјани со привремена работа или престој во Германија и оние кои планираат да продолжат да живеат во таму, се во исчекување на мерката за взаемно признавање на возачките дозволи, а од МВР велат дека договорот ќе биде потпишан наскоро. 


На 26 јуни македонската Влада ја усвои декларацијата за меѓусебно признавање на возачките дозволи со Германија откако во мај се изврши усогласување на заедничка декларација.

Откако оваа мерка ќе стапи во сила, македонските граѓани кои имаат македонска возачка дозвола додека престојуваат во Германија нема да имаат потреба од меѓународна дозвола, а оние кои имаат регулирано престој на германска територија наскоро на нивно барање ќе можат да извршат замена на возачките дозволи, а единствен услов е да имаат законски престој на германска територија најмалку 185 дена во годината. 

Моментално, македонските државјани во Германија македонска возачка дозвола смеат да користат само во првите шест месеци од пристигнувањето, а потоа се обврзани да полагаат за возачка дозвола, која чини 1.500 евра.

Македонија досега има реципрочно признавање и замена на возачки дозволи врз основа на потпишан билатерален договор со Италија, Шпанија, Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а во тек е склучувањето на билатерални договори со Турција, Косово, Велика Британија и Германија.

Тагови: возачка дозвола

Промовирани огласи »

Швајцарија ќе гради автопатишта на два ката

За да го реши метежот во сообраќајот Швајцарија планира да гради автопатишта на два ката

Швајцарија планира да гради автопатишта на два ката, а еден проект веќе помина во швајцарската влада. Притоа, ќе се гради нов кат на автопатот А4 во Сафхаузен, а постои најава истото да се случи со автопатот А1 во Лиматал.

По примерот на азиските земји, Швајцарија вака се обидова да го реши проблемот со сообраќајниот метеж. поред пресметките Швајцарците поради гужва на автопат стоеле околу 26.000 часа.

Реакциите за изградба на двокатните автопатишта се поделени. Зелените не се согласуваат со проектот,  и сметаат дека двокатните автопатишта се гигантска, погрешна инвестиција, која е во спротивност со Договорот за борба против климатските промени од Париз.

Од другата страна е Здружението на увозници на автомобили кое укажува дека одамна се потребни двокатни автопатишта. Тие велат дека горниот кат би можел да биде експресен авто пат со помалку излези и влезови, а долниот би можеле да го користат камиони.

Промовирани огласи »

Еве што содржат најновите измени на Законот за работни односи

Skopjeinfo.mk пред 43 мин. · Се намалува периодот на пробна работа од 6 на 4 месеци и две непрекинати работни недели на одмор

Со новите измени на Законот за работни односи се воведуваат повеќе новини кои директно се однесуваат на договорот за вработување, годишниот одмор на работниците, исплатата на приправниците, пробната работа, испратнината...

Со членот 1 се доуредува прашањето со кое се проширува забраната за дискриминација на работниците вработени на определено време – забраната да не се однесува само на условите за вработување туку и на останатите права и обврски кои произлегуваат од работниот однос.

Во членот 2 се пропишува дополнителна заштита за дете под 15-годишна возраст или дете кое не завршило задолжително образование во смисла истото да може да учествува во активности кои со закон е утврдено дека може да ги извршува, не подолго од 2 часа дневно, односно не подолго од 12 часа неделно, а за време на училишен распуст не подолго од 6 часа дневно, односно не подолго од 30 часа неделно, при што задолжително треба да му се обезбедат две непрекинати работни недели на одмор.

Со членот 3 се намалува времетраењето на рокот за пријавување на јавниот оглас од 5 работни дена на 3 работни дена.

Членот 4 предвидува обврзувачка содржина на договорот за вработување, со што работниците со потпишување на договорот точно ќе ги знаат правата и обврските во согласност со договорот за вработување.

Со членот 5 се намалува периодот на пробна работа од 6 на 4 месеци.

Со членот 6 се допрецизира причината кога работодавачот мора да го предупреди работникот во постапка пред откажување на договорот за вработување, односно при постоење на лична причина на страна на работникот.

Со членот 7, со кој се дополнува членот 76, се дава правен основ престанокот на работниот однос од деловни причини да се врши врз основа на критериуми утврдени со колективен договор и критериуми за заштита на инвалидни лица, самохрани родители и родители на деца со посебни потреби.

Со членот 8 се врши утврдување на рокот во кој работникот треба да го подобри своето работење (15 дена) од приемот на писменото предупредување дадено од страна на работодавачот. Со ова се воведува разумен рок со цел да се избегнат злоупотребите од страна на работодавачите отказот да го даваат набрзо/непосредно по дадено предупредување.

Со членот 9 се врши прецизирање во членот 88, кој ги уредува минималните отказни рокови, при што во случај на откажување на договорот за вработување од страна на работникот, отказниот рок е еден месец, но само во случаи по писмено предупредување и ако не настанала некоја од причините предвидена со членот 100 (необезбедување на работа повеќе од 3 месеци, исплаќање на намалена плата најмалку 3 месеци, необезбедување на заштита при работа на работникот откако ја побарал и сл.).

Во членот 10 се изедначуваат роковите за застареност на отказот на договорот за вработување поради причини на вина на страна на работникот со рокот на застареност од лични причини.

Со членот 11 се дополнува членот 96 со одредби со кои се обезбедува заштита од злоупотреба од страна на работодавачот при отказ на договорот од деловни причини, како и дополнителна заштита на работникот на кој му престанал договорот за вработување од деловни причини со давање на приоритет за вработување при потреба за вршење на истите работи.

Со членот 12 се менува членот 97, со кој се регулира исплатата на испратнината во случај на откажување на договорот за вработување од деловни причини, при што висината на испратнината се зголемува од 12,5 % до 25 % во зависност од годините поминати во работен однос.

Со членот 13 се менува ставот 3 од членот 104, со кој се прецизира рокот за поднесување на писмена изјава за продолжување на договорот за вработување.

Со членот 14 се врши измена на членот 114, односно се зголемува процентот на минималниот износ на плата за приправник од 40 % на 70 %.

Со дополнувањето на членот 128 се допрецизира значењето на терминот соодветна храна за работник кој работи ноќно време, преку утврдување на надоместок на трошоци за исхрана во висина од 20 % од просечната нето-плата по работник исплатена во Република Македонија во претходната година, и тоа само за деновите кога работникот работи ноќе (член 15). Со истиот член се прецизира дека работникот не може да се распореди на ноќна работа доколку нема јавен превоз, а работодавачот не обезбедува услови за превоз до и од работа.

Со членот 16 и со бришењето на ставот 3 од членот 138 се овозможува еднаквост на правото на користење на годишен одмор на работниците кои работат шест дена во неделата со работниците кои работат пет дена во неделата.

Со членот 17 се надминува неусогласеноста на ставот 3 од членот 141 со ставот 2 од истиот член во поглед на времетраењето на делот на годишниот одмор кој треба да биде искористен во текот на календарската година за која се дава одморот.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »