Промовирани огласи »

Во Македонија се возат најмногу стари и дизел автомобили

Во Македонија има над 400 илјади регистрирани автомобили со просечна старост од 18,7 години. Од нив над 80 отсто се постари од десет години, а речиси половината користат дизелски погон.

Во Македонија има над 400 илјади регистрирани автомобили со просечна старост од 18,7 години. Од нив над 80 отсто се постари од десет години, а речиси половината користат дизелски погон.

Според податоците на Еуростат, во Македонија на 1.000 жители има 190 возила, што е далеку под просекот во ЕУ што изнесува 505 возила на 1.000 жители.

Истовремено, Македонија во 2016 година има вкупно 259 километри автопат и 14.167 километри други патишта. За споредба Словенија со 531 возило на 1.000 жители и со речиси иста територија како нашата држава, во 2016 година има вкупно 773 километри автопати.

Податоците од МАКСтат базата покажуваат дека просечната старост на патните моторни возила во Македонија е зголемена од 18,4 години во 2016 на 18,7 години во 2017 година, додека во истиот период и бројот на автомобили е зголемен за осум илјади од 395 илјади во 2016 на 403 илјади во 2017 година.

Најголем дел од автомобилите 84,1 процент се постари од десет години, што во однос на 2016 година е зголемување од околу два проценти од 81,8 отсто. Вкупниот број на автомобили до 5 години изнесува десет илјади или 2,5 проценти од вкупниот број возила и во 2016 и во 2017 година.

Промовирани огласи »

Колку ќе не чини референдумот?

Ќе се прави и ребаланс на Буџетот на РМ

Референдум ќе има, но колку ќе не чини? Иако Владата ја разгледа и ја усвои Предлог одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите, за да обезбеди пари за оваа намена, детали за тоа колку пари ќе се потрошат точно, засега од Владата не соопштуваат.

Целта на оваа предлог – одлука е прерасперееделба на средства помеѓу буџетски корисници за да се обезбедат средства за спроведување на референдум на државно ниво во 2018 година, откако одлуката за референдум ќе биде донесена, соопштија од Владата без да прецизираат детали.

Кога се планираше буџетот за годинава, немаше план за референдум, па парите ќе се обезбедат сега дополнително. Од Министерството за финансии минатат недела изјавија дека не се планира ребаланс на буџетот, се уште, затоа што приходите биле задоволителни. Инаку во првата половина од година Владата успеа да потроши само 16,6 отсто од капиталните расходи кои ги предвиде за оваа година. Дали и тие ќе настрадаат со евентуален ребаланс, или поместување во ставките ќе има само со пренамена, најверојатно ќе се знае деновиве.

Инаку, организација на парламентарни, локални и претседателски избори досега чинело од 2,5 до 7,5 милиони евра, па се очекува трошоците да изнесуваат во овие рамки. Изборите кои беа орагнизирани во 2016 година чинеа околу 7,5 милиони евра.

Промовирани огласи »

Нова цена на парното во Скопје

Регулаторна комисија

Регулаторната комисија за енергетика денес ќе најави нова цена на топлинската енергија.

Од први месецов за 0.1 отсто беше намалена цената на електричната енергија, а РКЕ на три подготвителни седници треба да даде предлог одлуки за максимален приход и тарифни ставови на Балкан енерги, но и за СКОПЈЕ СЕВЕР АД – Скопје и АД ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА Скопје – Подружница Енергетика Скопје.

Тагови: парно греење

Промовирани огласи »

Хрватските работодавци очајни – нудат пристојни плати, но залудно

Поради масовното иселување на луѓето од Хрватска, многу работодавци се во потрага по нови работници

Поради масовното иселување на луѓето од Хрватска, многу работодавци се во потрага по нови работници. Овие неколку недели во земјата често може да се видат натписи „Бараме работници“.

Но, ова барање, и покрај понудата на солидни плати и разни други бенефиции, често се покажува залудно. Но, на голем број работодавци спас им се – студентите.

На студентите им се нудат работни места како келнери, готвачи, продавачи, чистачи, пакувачи… Според ценовникот на Студентскиот сервис, заработката за еден час може да биде следна: чистење куќи и перење алишта (35 куни), чистење килими, сечење дрва, селидба и пренесување градежни материјали (50 куни).

Кој сака да работи во туризмот како келнер, рецепционер, чистач на плажи, мијач на садови или собарка, може да заработи од 18 до 20 куни на час, со обезбедено сместување, храна и превоз. Се нудат и подобро платени работни места, па за внатрешно и надворешно чистење на бродот, во зависност од должината на пловниот објект, може да се заработат од 150 до 250 куни на час.

Со оглед на големата побарувачка за работници, и нашите студенти би можеле да си ја пробаат среќата во Хрватска и да се обидат да заработат џепарлак.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »