Промовирани огласи »

Pantheon Cloud за целосна контрола на бизнисот

ВИП го претстави Пантеон клауд за целосна контрола на бизнисот

Телкомуникациската компанија Vip го претставува софтверското решение Pantheon Cloud за водење и унапредување на деловните процеси на компаниите.

Pantheon Cloud е современо софтверско решение кое ги опфаќа сите процеси во една компанија и енаменето за управување со производство, деловна аналитика, нарачки, фактурирање, сметководство, плати и слично. Може да го користат сите компании независно од дејноста во која работат. Прикладен еи за сметководствените бироа и нивните клиенти. Со Pantheon Cloud компаниите заштедуваат време,ресурси и ги намалуваат своите трошоци.

Pantheon Cloud решението преку Vip е особено погодно за мали и средни бизниси и сметководствени бироа, бидејќи корисниците ја плаќаат услугата онолку колку што користат, едноставно преку додавање или откажување на пакетот по потреба.

Во Pantheon Cloud портфолиото на модули за работа, покрај модулот за мали и средни претпријатија, Вип ги нуди и следните модули:

  • Pantheon трговија
  • Pantheon за големи компании
  • Pantheon сметководство
  • Pantheon за јавни институции
  • Pantheon производство

Сите модули се со различно прилагодени функционалности кои помагаат во секојдневното работење на компаниите што го користат Pantheon Cloud решението преку Вип.

Повеќе за оваа услуга можете да прочитате на www.vip.mk

Промовирани огласи »

ВНИМАВАЈТЕ: За ова во Грција следи казна од 50 евра

Туристи внимавајте

Во согласност со законските прописи, за возење во влечки кај јужниот сосед е предвидена парична казна од 50 евра, плус одземање на возачката дозвола на еден месец.

Возењето во влечки или во отворени обувки е забрането, затоа што можат да го попречат возачот при маневрирање, а полицијата, освен главните сообраќајници, ги контролира и приодите кон плажите.

Препорачливо е при топлото време, возачите да користат платнени чевли кои не ги загреваат нозете. 

Грчката сообраќајна полицијата ригорозно казнува за алкохол, неврзување на појасот и пушење во возилото во присуство на деца. 

Метеоролошката служба во земјата за следните денови најавила тропска температура и до 40 степени.

Министерката за туризам,  Елена Кунтура вели дека во Грција за првите пет месеци на оваа година престојувале повеќе од 4,5 милиони туристи, што е за 20,4 отсто повеќе во односот на истиот период минатата година. 

Промовирани огласи »

Со измените и дополнувањата на Законот за минимална плата што вчера ги изгласаа пратениците, фирмите коишто на вработените ќе им ја покачат минималната плата ќе добиваат државна помош.

Со тоа, како што велат од Министерството за труд и социјална политика, се засилува поддршката за работниците да добијат повисока минимална плата, но истовремено се штитат и нивните работнички права.

Финансиската поддршка по работник изнесува 30 отсто од разликата помеѓу бруто платата на работникот во тековниот месец и просечната бруто плата на работникот исплатена во октомври, ноември и декември лани. Поддршката може да изнесува, најмногу до 1.200 денари месечно по работник.

Ресорното Министерство укажува дека истовремено, мерката е одговор на барањето на работодавачите за адресираниот проблем со т.н. уравниловка, а тоа е потребата да растат преостанатите плати блиски со минималната плата, за да не ги изгубат или демотивираат попродуктивните работници.

– Преку финансиската поддршка ќе се поттикне спиралата за покачување на платите во трудоинтензивните сектори што позитивно ќе влијае на растот на продуктивноста на компаниите и на растот на животниот стандард на работниците – соопшти МТСП.

Средствата за исплата на финансиската поддршка, што ќе се исплаќа за периодот од јули годинава до декември следната година, се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија.

Промовирани огласи »

Втор обид на Град Скопје да „намами“ оџачари

Втор обид на Град Скопје да „намами“ оџачари

Градот Скопје го објави вториот јавен повик за спроведување обука за професијата „оџачар“, а сите заинтересирани треба да се пријават најдоцна до 23.07.2018 година. 

Кандидатите за времетраењето на обуката ќе добиваат надомест од 9.000 денари месечно. По завршувањето на обуката, на секој кандидат, покрај сертификат, ќе му бидат обезбедени основни материјали за отворање сопствен бизнис и извесно  вработување имајќи предвид дека чистењето на оџаците ќе биде субвенционирано од Градот.

Ова е втор јавен повик годинава, додека кандидатите коишто се пријавија на првиот повик во моментов ја посетуваат стручната обука. За оваа цел, годинава Градот Скопје предвиде 2 милиони денари за субвенции за чистење на оџаците.

Во Скопје има само 8 регистрирани оџачари, а 45% од вкупниот број домаќинства во Скопје се греат на дрва, што е една третина од уделот во вкупното загадување на воздухот во градот. Според некои податоци во Скопје има над 60.000 оџаци што многу ретко се чистат, а општо е познато дека неисчистен оџак загадува најмалку двојно повеќе во споредба со исчистен оџак.

Оваа мерка е дел од чекорите што ги презема Град Скопје за решавање на проблемот со аерозагадувањето во зимските месеци.

Обуката ќе трае три месеци, а по завршување на обуката кандидатите ќе изведуваат секојдневна практична работа во реални услови кај работодавци во времетраење од 1 месец, доколку како спроведувач на обуката се стопански комори, занаетчиски комори и средни стручни училишта. Доколку спроведувачи на обука се приватни компании (работодавци) практична работа во времетраење од 1 месец може да се изведува кај истата приватна компанија (работодавец).

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »