Промовирани огласи »

БРЗИ ПАРИ: Како Амазон и Џеф Безос за 36 часа се збогатија за 2 милијарди долари

За 36 часа Амазон заработи 2 милијарда долари

Американската платформа за онлајн трговиија Амазон во текот на промоцискиот ден  "Prime Day" заработила помеѓу 1,5 милијарди и две милијарди долари.

Купувачите ширум светот купиле повеќе од 100 милиони производи.

Тоа предизвикало дека акциите на компаниите скокнале за околу 0,5 отсто во раното тргување на Волстрит, на рекордно ниво од 1.858,88 долари, пренесува Ројтерс.

Најмногу се продадени уредите на Амазон за гледање телевизија Fire TV Stick" со далечински управувач "Alexa Voice Remote", како и паметни звучници  "Ec ćo Dot". .

Овогодишниот "Prime Day" почна на 16 јули и траел 36 часа.

Од Амазон наведуваат и дека продале повеќе од милион паметни уреди за домаќинство во САД. 

Промовирани огласи »

Што се можете да направите со 2GB во роаминг

Слободно да си работите и од плажа и да пратите 20 000 mail – ови со текст подолг од една страна и тежина од 100kB

Патувате во странство и една од работите што ги правите е да го изгасите интернетот во роаминг.  Тие времиња се веќе минато бидејќи телекомуникациските компании ја увидоа потребата од интернет комуникација и во странство и сега креираат пакети кои овозможуваат  целосно прeпуштање на летните задоволства, но истите и да ги споделиме со нашите најдраги, за што секако е потребен мобилен интернет. J Оваа сезона Vip “изненади” со најновата роаминг понуда која овозможува 2GB додека сте во странство.

Сигурно си го поставувате прашањето , што можам со 2GB кога ќе ја минам границата? Според статистиките, 2GB се сосема доволни за непрекинат чет на сите апликации: Messenger, Viber, Whats up, а секако и за постирање статуси наFacebook и Instagram како и за гледање кратки видеа со пониска резолуција.

Со 2GB можете:

  • Да испратите неверојатни 2 милиони текстуални пораки преку Вибер или 20 000 emoji, GIF-ови или сл.
  • Да се сликате и да ги постирате најубавите 1000 фотографии на социјалниите мрежи 
  • Да си снимате и да постирате 300 видеа со должина од 1 минута и со резолуција 640*400 на социјалните мрежи 
  • Слободно да си работите и од плажа и да пратите 20 000 mail – ови со текст подолг од една страна и тежина од 100kB
  • Внимавајте на Youtube или Facebook бидејќи после 20 минути ќе ви се закочи сликата

Инаку, според информациите што ги прочитавме на веб страницата на Vip, пакетите за роаминг интернет се валидни во 23оператори во Европа – меѓу нив се оператори од сите најчесто посетувани земји во летниот период: Грција, Албанија, Шпанија, Италија, Хрватска, Бугарија, Турција, Малта, Кипар, како и во сите останати земји од Европа каде има оператори од А1 Телеком Австрија Групацијата (Србија, Словенија, Австрија, Белорусија, Лихтенштајн) и партнерската групацијаVodafone. Пакетите се валидни за користење кога корисниците ќе се закачат на мрежа на некој од овие оператори.

Сите постпејд корисници на Vip може да активираат пакет од 2GB во роаминг за 499 денари, а може да се активира преку едноставно испраќање на СМС порака со текст START XL на 140999.

За корисници кои имаат поголеми потреби за интернет, имаат можност повторно да си го активираат истиот или друг пакет кој одговара на нивните потреби.

Промовирани огласи »

Потпис и од Македонија за размена на даночни информации: нов обрач околу даночните тајни

Државата поактивно се вклучува во борбата со даночната евазија и со сивата економија на глобално ниво

Македонија конечно ја потпишала Конвенцијата  за заедничка административна помош за даночни прашања на Организацијата за економска соработка (ОЕЦД) и на Советот на Европа. Со потписот државата поактивно се вклучува во борбата со даночната евазија и со сивата економија на глобално ниво, односно за тие цели со другите држави автоматски ќе разменува податоци.

Станува збор за Kонвенција потпишана од повеќе од 120 држави. Taa овозможува даночна соработка меѓу потписниците преку размена на информации, соработка при наплата на даноци, заеднички даночни контроли и слично. Конвенцијата претставува глобален инструмент за даночна соработка помеѓу државите и воедно најопширна мултилатералнa конвенција за размена на информации и даночна соработка. Меѓу земјите потписнички се и земјите од Г-20 и земјите членки на ОЕЦД. Од регионот потписнички на конвенцијата се Албанија, Бугарија, Хрватска и Словенија, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Инаку оваа конвенција беше првично создадена во 1988 година, а протоколот е усвоен во 2010 година. Станува збор за значаен мултилатерален инструмент достапен за сите форми на даночна соработка. Моментно потпсиници се 124 земји, а на списокот Македонија уште не фигурира што значи дека нашиот потпис ќе биде 125 по ред. 

Промовирани огласи »

Почитувани,

Ве известуваме дека на ден 19.07.2018г, поради уличен дефект ф-400мм во пределот помеѓу с.Кондово и с.Свиларе, прекинато водоснабдување ќе имаат  корисниците од с.Кондово и с.Свиларе од 10:00ч до завршување.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »